Се спомнаа отров сервиси...
Пред 25 год. бизнисменче се фалеше, вистински газда вози исклучиво волво, такво и возеше, за тоа време волвиште.
Од друга страна, змија во џеб, патлиџан салатата му беше скапа, фактурите неплатени...
Поентата е ако купуваш "скапа" кола, биди маж, играј го орото до крај
Во пракса треба да е ако имаш 30/40.000 за кола не треба да гледаш ни потрошувачка ни оддржување ама не и во случај ако не ги заработуваш лесно парите, точно е дека ако не ти држи гзот не купувај тоа и го спомнав во темава пред некој ден дека имам клиенти кои едвај стигнале до 7-800еур (штедејќи од доручекот цела година) и сакаат да купат Ајфон Х но утре било кој дефект на тој уред надвор од гаранција, едно добро утро ги чини 50еур, екранот е 18/22.000 да така разумно е да се придржуваш до тоа што ти држи џебот а не да кукам у Ноември зошти биле 1500еур зимските гуми
Во секој случај, исто така напоменав дека колата не ја купувам за да се пронајдам во "опшесвово" или за да ја паркирам на тротоар пред сити мол, со неа планирам да работам и заработувам и една од причините зошто би сакал да е нова, затоа што во првите 150/200.000км ако ја чувам нема да имам скап сервис за оддржување освен каиши менување.
Еден од факторите зошто имам дилема помеѓу мазда и се останато до тој ценовен ранг е и оддржувањето на Маздата, сите автомобили од 30/40.000еур ранг редовниот сервис им е 250еур, од Body Parts и слични естетски оддржавања исто така има прифатливи цени, барем според каталогот на karoserija.mk фаровите се по 250еур, штоповите 200еур што реално дури и кај кола од 15/20.000еур се тие цени... кога ќе им дојде време за поскапите сервиси ќе му ја продадам на некој од форумов за 50% поефтино
а во меѓувреме се надевам дека ќе си ги заработи парите колата со нејзините услуги, со Фордот сум 5-6000еур во загуба ако го продадам за 5500еур, но уште во првите 10 месеци колата си ја исплатив поради нејзината економија и практичност.
За да не забегувате понатаму со глупави коментари, ќе ви се "отворам" поточно за што го користам автомобилот и во никоја ситуација не би купил Peugeot 5008 со 7 седишта или MPV
за таа намена
Скопје - Истанбул - Скопје преку Софија е 1600км рутата, со Форд Фиестата поради тоа што имам годишна бг винетка и не го внесувам како трошок, со се турски патарини ми излегува 60еур. Со автобус да одиш зависи како ќе начекаш, Цонка се најефтини е 50/55еур повратна. Ако патуваат 4ца заштедата е 3кратна од човек + комфортот кога сакаш да тргнеш, кога сакаш пауза, побрзо се стига за 2 часа, со кола од 30 и кусур илјади евра би намалил и уште еден час + поголем багаж, подобар комфорт уште подобра заштеда.
Мојата работа за жал не е да седам на шанк или во погон во фабрика па колата да ме носи до дома или до кафич, да така ако не ги заработи парите трократно дур е под гаранција, подобро да си го купам глисерчено и да го рентам 90еур дневно, за 2 години ќе си ги вратам парите. Или ко шо предложи еден член, најдобра инвестиција е да си купиш стан... но кој спомна дека колата треба да е инвестиција која самата по себе треба да држи цена или да и расте? Сакам само најдоброто за парите, да е економично, практично и ултра комфортно а да не е C4 Cactus со воздушни перничиња што се превртува на кривини со 70 на саат