Гласање

Имам 39.900 евра одвоено за нова кола. Парите ќе ги дадам за:

Kia Stinger
8 (14.5%)
Mercedes CLS 1.0 Екобуст
4 (7.3%)
Ауди А7 0.9 тце
5 (9.1%)
БМВ6 1.1 црди
4 (7.3%)
Некој друг Мерцедес/Ауди/БМВ
15 (27.3%)
Сакам Џип, несакам кола.
3 (5.5%)
Ќе објаснам доле, кола купуење не е пљукни залепи, лудаштво е 39.900 за кола во оваа економија
16 (29.1%)

Вкупно гласови: 44

Гласањето е затворено: 08 Декември 2017, 13:42:09 pm

Автор Тема: Анкета: „Имам 40.000 и више евра одвоено за нова кола.“  (Прочитано 100751 пати)

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Значи чоек поставува прашање што да купи за одредена сума пари бидејќи има дилема меѓу 3-4 модели на коли, нови во случајов  и одма секој со желбите, мислењата дека 40К треба да си ненормален и не се даваат за кола, дека тренба да купиш половни мечка или јагуар или пак нов Суперб за20К.

Ми се допаѓаат сугестиите каде за помалку пари би купил нешто што Ауди го нуди за 35.000. Во моментов имам и голема дилема дали половно или ново возило, факт е дека и новото после неколку месеци до 2 години станува половно но меракот тие 2 години го плаќаш. Со кусурот радо би си купил: http://www.beneteau.com/en/flyer/flyer-55-sundeck точно е дека лудост е во нашава држава да искешираш толку пари за кола, пред се затоа што немаме ни култура во сообраќај а па не камоли на паркинг а во некој од моиве претходни постови пишав дека автомобилов ќе ми биде само за возење на автопат, за градска кола дури ни фиестава не би ја возел, Скопје е дефинитивно мало градче што со велосипед/мотор е достапен за 15/20мин од било кој крај до центар, нема потреба од лечење комплекси да возам 300 коња и на секои 15 метри тргни, застани. Тука ги оправдувам плаг ин хибридите, за кое не би се двоумел веднаш би земал IoniQ и тоа ако можат по порачка Plug In и ќе ми останат и за приколица и за глисерот кусур. Веќе кога можам да си приуштам повеќе кеш за трошење, зошто да не го земам најдоброто за тие пари доколку постои ама како тестирам возила, повеќето автомобили помеѓу 25 и 40.000 еур се повеќе и повеќе ме разочаруваат затоа што ги споредувам со маздата, за која Јапанциве велат дека 2018та генерацијава уште подобра звучна изолација и поквалитетни материјали во кабината туриле, поради таа причина рипнала 3500еур во секое ниво на опрема. Исто така се фалат дека до нова година ќе направат бензинец кој само при палење свеќицата ќе испушта искра, потоа ќе работи на компресија бензинот, слична архитектура како кај дизелашите каде потрошувачката ќе се намали на 3.5-4.2 бензин со 2.5 мотор... шо на никој не му се верува, ама јапанци се во прашање :)

 Се согласувам Мазадата е топ, ама е отров за одржавање. Побарај листа трошковник на сервиси до 100.000км од сите дилери. Добро е да се споредат трошоците за сервис. Нели, малку разум покрај емоциите :-)

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
https://www.renault.mk/cars/talisman-grandtour/index.html
Why not?
Зошто има премногу избор до 40000 за ова да го земеш.
Прашањето ми беше зошто оваа кола не влегува во тој многу избор. Автоматски кога ќе се спомене некоја ваква поголема сума изборот сами го ограничуваме на VW, ауди и шкода.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Епа зошто согласно експертските мислења, ако дадеш 40000 евра за нова кола си луд, а па поготово ако не е ФВ/Ауди/Шкода, ептен си безнадежно ненормален.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Се спомнаа отров сервиси...

Пред 25 год. бизнисменче се фалеше, вистински газда вози исклучиво волво, такво и возеше, за тоа време волвиште.
Од друга страна, змија во џеб, патлиџан салатата му беше скапа, фактурите неплатени...

Поентата е ако купуваш "скапа" кола, биди маж, играј го орото до крај :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
https://www.renault.mk/cars/talisman-grandtour/index.html
Why not?
Зошто има премногу избор до 40000 за ова да го земеш.
Прашањето ми беше зошто оваа кола не влегува во тој многу избор. Автоматски кога ќе се спомене некоја ваква поголема сума изборот сами го ограничуваме на VW, ауди и шкода.

Има и Мазда и Мустанг се спомна, Алфа, Беемве едвај се наоѓа, Мечка некоја ситна, S-Max, Инсигнија новата хеч, Волво ќе има за кратко време по некое, има, има уште, има бајаги додека да стигнеш до Талисман нов за 40000 евра.


Се спомнаа отров сервиси...

Пред 25 год. бизнисменче се фалеше, вистински газда вози исклучиво волво, такво и возеше, за тоа време волвиште.
Од друга страна, змија во џеб, патлиџан салатата му беше скапа, фактурите неплатени...

Поентата е ако купуваш "скапа" кола, биди маж, играј го орото до крај :)

Тогаш се "приватизираа" бајаги фабрики и изникна олигархијава наша. Мораше да се покажеш пред "рајата" на која си и ги украл акциите за ичпари.

Сега децата им стигнаа да возат коли па идеме втора тура.

Отсутен Bender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
  • GSM Servicer
    • Search Girls from your city for night
Се спомнаа отров сервиси...

Пред 25 год. бизнисменче се фалеше, вистински газда вози исклучиво волво, такво и возеше, за тоа време волвиште.
Од друга страна, змија во џеб, патлиџан салатата му беше скапа, фактурите неплатени...

Поентата е ако купуваш "скапа" кола, биди маж, играј го орото до крај :)

Во пракса треба да е ако имаш 30/40.000 за кола не треба да гледаш ни потрошувачка ни оддржување ама не и во случај ако не ги заработуваш лесно парите, точно е дека ако не ти држи гзот не купувај тоа и го спомнав во темава пред некој ден дека имам клиенти кои едвај стигнале до 7-800еур (штедејќи од доручекот цела година) и сакаат да купат Ајфон Х но утре било кој дефект на тој уред надвор од гаранција, едно добро утро ги чини 50еур, екранот е 18/22.000 да така разумно е да се придржуваш до тоа што ти држи џебот а не да кукам у Ноември зошти биле 1500еур зимските гуми :D
Во секој случај, исто така напоменав дека колата не ја купувам за да се пронајдам во "опшесвово" или за да ја паркирам на тротоар пред сити мол, со неа планирам да работам и заработувам и една од причините зошто би сакал да е нова, затоа што во првите 150/200.000км ако ја чувам нема да имам скап сервис за оддржување освен каиши менување.
Еден од факторите зошто имам дилема помеѓу мазда и се останато до тој ценовен ранг е и оддржувањето на Маздата, сите автомобили од 30/40.000еур ранг редовниот сервис им е 250еур, од Body Parts и слични естетски оддржавања исто така има прифатливи цени, барем според каталогот на karoserija.mk фаровите се по 250еур, штоповите 200еур што реално дури и кај кола од 15/20.000еур се тие цени... кога ќе им дојде време за поскапите сервиси ќе му ја продадам на некој од форумов за 50% поефтино ;) а во меѓувреме се надевам дека ќе си ги заработи парите колата со нејзините услуги, со Фордот сум 5-6000еур во загуба ако го продадам за 5500еур, но уште во првите 10 месеци колата си ја исплатив поради нејзината економија и практичност.
За да не забегувате понатаму со глупави коментари, ќе ви се "отворам" поточно за што го користам автомобилот и во никоја ситуација не би купил Peugeot 5008 со 7 седишта или MPV :D за таа намена
Скопје - Истанбул - Скопје преку Софија е 1600км рутата, со Форд Фиестата поради тоа што имам годишна бг винетка и не го внесувам како трошок, со се турски патарини ми излегува 60еур. Со автобус да одиш зависи како ќе начекаш, Цонка се најефтини е 50/55еур повратна. Ако патуваат 4ца заштедата е 3кратна од човек + комфортот кога сакаш да тргнеш, кога сакаш пауза, побрзо се стига за 2 часа, со кола од 30 и кусур илјади евра би намалил и уште еден час + поголем багаж, подобар комфорт уште подобра заштеда.
Мојата работа за жал не е да седам на шанк или во погон во фабрика па колата да ме носи до дома или до кафич, да така ако не ги заработи парите трократно дур е под гаранција, подобро да си го купам глисерчено и да го рентам 90еур дневно, за 2 години ќе си ги вратам парите. Или ко шо предложи еден член, најдобра инвестиција е да си купиш стан... но кој спомна дека колата треба да е инвестиција која самата по себе треба да држи цена или да и расте? Сакам само најдоброто за парите, да е економично, практично и ултра комфортно а да не е C4 Cactus со воздушни перничиња што се превртува на кривини со 70 на саат :D

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
E klasa ili S klasa so do kaj 30 000 - 50000km, tie vrtat do 300-400000km bez nikakov problem, valjda kaj tebe ke izdrzi 200k. Druga kola za patuvanje od toj tip ne mi ide na pamet

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
@Bender Bending Rodriguez, супер, размислуваш прилично рационално.

У старт ќе ти кажам дека утињаш кај моментот дека „ако имаш 30/40.000 евра за кола не треба да гледаш ни потрошувачка ни одржување.“ Али тоа е друг муабет.

Се гледа дека некако тераш накај Мазда 6. Ако ти прави мерак колата - земи си ја. Одлична е, само јас не го препорачувам аутоматикот - ем намалува перформанси, ем (забележително) зголемува потрошувачка. А кај нас па форсираат аутоматик.

Од друга страна, батали „референци“ као каросерија.мк за фарови и други делови. Оригинален фар не e 250 евра. Оригинален фар е неколкукратно повеќе, од официјален сервис, секако. Од отпади, дилери на скроз-не-извадени-делови-од-крадени-возила, итн, сигурно е помалку од тоа. Нека не ти биде тоа референца. Од сам старт каско осигурување од репутабилна фирма, и тоа е сосем доволно.

Од аспект на поддршка за одржување, би ти препорачал да си видиш европско возило. Ако ништо друго, во случај да треба, релативно полесно и побрзо се наоѓаат делови, а има и многу повеќе (колку-толку саглам) независни сервиси за одржување вон гаранција.

Бидејќи планираш да возиш добра дистанца, дефинитивно ти е правилен изборот да си земеш седан. Моја препорака би била - ете ти тестови на сајтот на скоро секој седан од таа класа. Имаш тестови на Пасат, Мондео, Инсигниа, Мазда 6, Суперб, Киа Стингер, Пежо 508 (ова уште не е стигнато) па и БМВ 3, Ауди А4, Мерцедес Ц, Лекус ИС, итн.. Прочитај, разгледај, види што ти одговара. Прошетај по салоните, повози ги колите, види која тебе највеќе ти одговара. Во таа класа, буквално што и да земеш нема да згрешиш, и ќе се сведе на личен избор во контекст на изглед, мотор и менувач.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Рационално возило и 40000 евра не одат во иста реченица. Рационални возила се до 24000 евра некаде. Над тоа почнува друга категорија на возила.

Ако веќе сме се одлучиле дека мора да се 40000 евра јас би погледнал исклучиво Мерцедес Е класа и тоа Е200 CDI аутоматик конкретно, во сива боја ако може да се најде за некоја пристојна сума. Ама тешко за 40к, ќе треба џокер повикај бајаги добар пријател.

Отсутен Bender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
  • GSM Servicer
    • Search Girls from your city for night
E klasa ili S klasa so do kaj 30 000 - 50000km, tie vrtat do 300-400000km bez nikakov problem, valjda kaj tebe ke izdrzi 200k. Druga kola za patuvanje od toj tip ne mi ide na pamet

S-Class не би земал, дилемата не ми се ни зголеми ни проретчи, сеуште остануваат на старо Audi A6/Merc E-Class каде газдата на ледиком му бараше 66.000еур за година дена старо а како што спомнав, не би сакал да купам кола од 35/40.000еур со 200.000 помината и уште 10.000еур у следните 3 години да ги дадам на менување делови од потрошна гледна точка + колку и да е квалитетна колата, факт е дека после одредена километража се амортизира.
На ново, спомнав дека веќе ги тестирав Ауди а4, мазда 6ката, бмв 3ката има максимално лоша задна клупа, во оваа категорија мал багаж и е спортист и најверојатно ќе чекам од Пежо да ја донесат 508цата па ќе ја завршиме мојава дилема :) Ко што ми спомнаа Октомври најкасно се очекува да имаат тест возило, поради тоа што фактор ми е да го истестирам на нашиве калдрми кои ги нарекуваме улици.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Јас лично, да треба да купам кола од 40.000, веројатно би додал уште 20.000, за да купам нова кола.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Случајно, моето мислење го дадов во друга тема мислејки дека сум на оваа.

Првиот дел сеуште важи!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Рационално возило и 40000 евра не одат во иста реченица. Рационални возила се до 24000 евра некаде. Над тоа почнува друга категорија на возила

Каква врска има твојата констатација дека рационално возило е 24к евра?
Комплетно нема смисла оваа реченица.
Прво тоа што го кажа е глупост, затоа што ако за тебе возило од 24к е рационално за мене можеби рационално ке биде некое од 100 000 евра. Ти со твоето возило од 24к евра ќе бидеш претставник во некоја фирма и рационално ке ги трошиш парите за гориво и работа. Јас во мојата кола рационално ке дупам пички кои се палат на коли или сувови од 100к евра.  А притоа ке заработувам по 500к евра на годишно ниво и нема да ми претставува сервис и редовен трошок од 5000 евра на годишно ниво наспрема твоето одржување од 500 евра.
И кур ме боли за тоа дали ти ке сметаш дека е рационално возило она од 24к за тебе наспрема она кое што е рационално за мене од 100к.

Се во животот е индивидуално.
Ако некој бара бест бај за 40к, треба да се помага во таа насока. Комфорот, удобноста и шармот кој што ке го имаш со Мазда 6 е далеку од оној кој ке го имаш во Шкода Оставија, или незнам, не сум се возел во новиот Суперб.
Препораката на Зеро за да се гледаат европски коли наместо прекуокеански, држи муабет само заради достапност на делови, ништо друго.
Чисто за споредба од ниска класа на возила.
Нисан Микра, стара 8 години и дрндана како рентакар со поминати 42 000км, беше неспоредливо постегната и поудобна, поеластична и далеку поекономична од службената Панда која е 4 години стара и има поминато 64000км, ја возам 98% јас. Да не зборувам за моторот. На Микрата моторот спиеше и не се слушаше, работеше како саат. Пандана имам чувство дека во секој момент ке се распадне, како колата на Мамбли, цртаниот филм.
На Микрана кој и се нема качено, возена по крш патишта на остров, а ова чувано како да е мое. Уље најскапо, одржување во официјален сервис, тинтрање итн итн...
Споредбата не ни сакам да ја правам за посериозната класа.
Но секој со својот памет :)

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Ич не сакам муабети во стилот, во загуба сум ако ја продадам за толку, бидејки ме коштала волку.
Иако веднаш се поправаш потоа.

Парите што се заработуваат се за да се потрошат.
Не им се треси толку, на крај краеви кога со форд си заработил, исто ќе заработиш и со било која НОВА кола.

Уживај во животот :)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Кога би ги имал парите би го купил ова http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=2763716 и со тие 5.000€ би ги плаќал казните за немање предна таблица!

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)