Ама никој да прочита дека буџетот ми е 30/33.000 евра и тоа максимум и тоа дека не сакам да го потрошам цел, иако споменав неколку пати. Ја разработив темава за да најдам поефтина алтернатива од Маздата а нуди сличен комфорт или најдоброто за парите веќе кога ги даваш без разлика дали се од продавање ниви и станови или си ги добил како Анѓушев и компанија. Исто така споменав дека колата треба да си ги извади неколку кратно парите вложени во неа, одржувањето и потрошувачка за помалку од 5/7 години т.е. пред да ја продадам или почнат сериозните серивиси кај неа. Факт е дека ќе ја купам Мазда 6ката, но барам подобра алтернатива за парите пред да се зезнам, затоа се консултирам со поискусни.
Јас пример, на
@smole никогаш не би му препорачал да купи Nexus 6P баш поради причините што ги наброја во неговото мислење и поради лошата истроија на Nexus каде уредите имаат во вистинска смисла рок на траење до 2 години, колку и да го чуваш. Но во периодот кога излезе Нексусот беше врвот од технологија и перформанси за парите, ејпл никогаш не нуделе јаки рамови, процесори, освен + моделите, немаат ни јаки батерии, ниту вифи сигнал но затоа издржуваат и неколку години после гаранцијата за разлика од Самсунг, ХТЦ и ЛГ што би ги ставил во премиум брендови. Хуавеи е најдобрата алтернатива за парите доколку не сакаш Ејпл и Самсунг, нудат многу повеќе избор и во секоја класа нивните уреди се поквалитетни и со подобри перформанси од конкуренцијата. Пример имаш буџет од 300еур кај ејпл можеш да купиш 2/3 години стар модел на ново но сепак премиум за тоа време, кој за 2-3 години ќе биде исклучен од употреба и ќе се појавуваат проблеми од потрошна гледна точка, затоа што тој телефон стоел 2 години во кутија. Кај самсунг можеш да купиш нешто под средна класа како A5 2017та на ново додека кај хуавеи можеш да го купиш најновиот модел, со максимум перформанси во лајт верзија т.е. п20 лајт
што ја би играл највеќе на таа карта и би дал совет дека во ледиком и мобеликс го имаш за 15.400 и можам да ти извршам попуст од уште 20/30еур поефтино од нивната редовна цена, додека во операторите е 24.000 мкд.
Постојат уреди/автомобили кои се лесно поправливи, достапни со резервни делови и цени за истите дури и во трафика што би рекле и тоа ми е еден од факторите кога купувам автомобил т.е. кок блок зошто не сум ја купил маздата до сега, па алтернатива барам во германци и французи. Премногу добро изгледаат и опелите и рено Меганот од екстериер гледна точка а и за парите комфортот што го нудат, но голема чкартоина во ентериерот имаат посебно Меганот ГрандКупе со тоа кинеското таблетче од 2000 денари што го има
нешто Волво и Рено сакаат да глумат Тесла во технолошкиот дел од ентериерот, но практичноста е во лендскејп, а не портрет.
Во секој случај, кругот го стеснавме на нова шкода, пасат и маздата vs половен мерц е-класа. На никој не му пречи темава да е активна со месеци, јас би го проширил кругот со Пежо 508цата одкако ќе ја истестирам затоа што од секоја гледна точка ми се допаѓа дури и постарата генерација нуди комфорт и квалитет + предноста е што е европејско возило.