Гласање

Имам 39.900 евра одвоено за нова кола. Парите ќе ги дадам за:

Kia Stinger
8 (14.5%)
Mercedes CLS 1.0 Екобуст
4 (7.3%)
Ауди А7 0.9 тце
5 (9.1%)
БМВ6 1.1 црди
4 (7.3%)
Некој друг Мерцедес/Ауди/БМВ
15 (27.3%)
Сакам Џип, несакам кола.
3 (5.5%)
Ќе објаснам доле, кола купуење не е пљукни залепи, лудаштво е 39.900 за кола во оваа економија
16 (29.1%)

Вкупно гласови: 44

Гласањето е затворено: 08 Декември 2017, 13:42:09 pm

Автор Тема: Анкета: „Имам 40.000 и више евра одвоено за нова кола.“  (Прочитано 100749 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Испаѓа дека можеш најлесно да направиш избор да купиш кола кога би имал максимум 20.000.
Еден куп критериуми автоматски испаѓаат од игра :)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Ќе стигнеш ти до суперб или октавија кај и да е... ;D

И на крај елантра ќе купи. ;D

Ја мојава да му ја продадам гаражирана 20к км да спремам понуда за инбокс

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Испаѓа дека можеш најлесно да направиш избор да купиш кола кога би имал максимум 20.000.
Еден куп критериуми автоматски испаѓаат од игра :)
24000 поточно.

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5855
Јас да имам 14.000 Евра знам шо да купам а не па 40.000,еве ке седнам на компјутеро од сабајле и до вечер ке си направам распоред и термин од кај да почнам и кај да завршам :D
Еве некој мој предлози шо најдов нешо половно и 1 ново :D за некој 15 мин(Ке ве замолам да не ги дирате овие шо ги постирам,шознаете мош утре на лото ке добијам па ке одам да ги гледам)
1.Сеат Леон 2017 година http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2907236
2.Пежо 2008 2017 година http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2831585
3.Опел Астра 2018 година http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2949807
4.Фолц пасат 2016 година http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2940713
5.Форд Фокус 2016 година http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2698963
6.Голф 7 2015 година http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2503610
7.Опел Исигниа НОВА 28.000 евра https://www.opel.mk/ponudi-uslugi/momentalni-ponudi/momentalni-ponudi-na-avtomobili/insignia-innovation-dizel.html
8.Фалат ми само уште пари и одам утре да си купам :P

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Значи чоек поставува прашање што да купи за одредена сума пари бидејќи има дилема меѓу 3-4 модели на коли, нови во случајов  и одма секој со желбите, мислењата дека 40К треба да си ненормален и не се даваат за кола, дека тренба да купиш половни мечка или јагуар или пак нов Суперб за20К.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Тоа е традиција на форумов од негово формирање, не смееме така лесно да ја уништиме ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Спомена некој дилема помеѓу 3-4 модели на коли, или се изредија сите можни (и невозможни) модели на возила што се во моментов во производство?

Мислам, "не постои нов премиум седан за 40К". Абе ајде.

Ако се постави прашањето "не постои нов премиум седан што јас го сакам за 40К", ОК.

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5855
Значи чоек поставува прашање што да купи за одредена сума пари бидејќи има дилема меѓу 3-4 модели на коли, нови во случајов  и одма секој со желбите, мислењата дека 40К треба да си ненормален и не се даваат за кола, дека тренба да купиш половни мечка или јагуар или пак нов Суперб за20К.
Го имаш прочитано насловот на темата и првиот пост на Дени?
Значи анкета,доколку би имале 40.000+€ за нова кола што би одбрале,јас си пишав лично за мене шо би купил на никој не посочувам шо да си купи.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен Bender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
  • GSM Servicer
    • Search Girls from your city for night
Значи чоек поставува прашање што да купи за одредена сума пари бидејќи има дилема меѓу 3-4 модели на коли, нови во случајов  и одма секој со желбите, мислењата дека 40К треба да си ненормален и не се даваат за кола, дека тренба да купиш половни мечка или јагуар или пак нов Суперб за20К.

Ми се допаѓаат сугестиите каде за помалку пари би купил нешто што Ауди го нуди за 35.000. Во моментов имам и голема дилема дали половно или ново возило, факт е дека и новото после неколку месеци до 2 години станува половно но меракот тие 2 години го плаќаш. Со кусурот радо би си купил: http://www.beneteau.com/en/flyer/flyer-55-sundeck точно е дека лудост е во нашава држава да искешираш толку пари за кола, пред се затоа што немаме ни култура во сообраќај а па не камоли на паркинг а во некој од моиве претходни постови пишав дека автомобилов ќе ми биде само за возење на автопат, за градска кола дури ни фиестава не би ја возел, Скопје е дефинитивно мало градче што со велосипед/мотор е достапен за 15/20мин од било кој крај до центар, нема потреба од лечење комплекси да возам 300 коња и на секои 15 метри тргни, застани. Тука ги оправдувам плаг ин хибридите, за кое не би се двоумел веднаш би земал IoniQ и тоа ако можат по порачка Plug In и ќе ми останат и за приколица и за глисерот кусур. Веќе кога можам да си приуштам повеќе кеш за трошење, зошто да не го земам најдоброто за тие пари доколку постои ама како тестирам возила, повеќето автомобили помеѓу 25 и 40.000 еур се повеќе и повеќе ме разочаруваат затоа што ги споредувам со маздата, за која Јапанциве велат дека 2018та генерацијава уште подобра звучна изолација и поквалитетни материјали во кабината туриле, поради таа причина рипнала 3500еур во секое ниво на опрема. Исто така се фалат дека до нова година ќе направат бензинец кој само при палење свеќицата ќе испушта искра, потоа ќе работи на компресија бензинот, слична архитектура како кај дизелашите каде потрошувачката ќе се намали на 3.5-4.2 бензин со 2.5 мотор... шо на никој не му се верува, ама јапанци се во прашање :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Половно до 2 години старо и до 40000км со преостаната гаранција, а со кусурот Honda CB650F на попуст дека е моделче на лагер.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Па за нов револуционерен мотор топла препорака да причекаш други да го извозат па после ти.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Јас да купувам ново возило во таа класа до 40к дефинитивно би одел на Пежо 508. Другиве имаат цела генерација постари ентериери, како да купуваш веќе половна кола. Од надвор поубави ми изгледа Маздата, ама па подолго време се поминува во колата одколку надвор од неа, освен ако не ја паркираш кај што си седиш во двор.

Можеби сум пристрасен поради одличното искуство со мојата 306ка, ама тоа е моето мислење.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Како може да имаш пристрасност од 306-ка и пежо 508 кое што веројатно освен знакчето напред ништо немаат заедничко.




Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Како може да имаш пристрасност од 306-ка и пежо 508 кое што веројатно освен знакчето напред ништо немаат заедничко.

Сам си го одговараш прашањето. :)

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Значи чоек поставува прашање што да купи за одредена сума пари бидејќи има дилема меѓу 3-4 модели на коли, нови во случајов  и одма секој со желбите, мислењата дека 40К треба да си ненормален и не се даваат за кола, дека тренба да купиш половни мечка или јагуар или пак нов Суперб за20К.
Го имаш прочитано насловот на темата и првиот пост на Дени?
Значи анкета,доколку би имале 40.000+€ за нова кола што би одбрале,јас си пишав лично за мене шо би купил на никој не посочувам шо да си купи.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk



Коментарот се однесуваа конкретно на дискусијата потегната од Bender не од почетокот на форумов