Честитки и од мене за разумниот избор.
Бидејќи бев некако присутен околу повеќето случувања околу колава, можам да кажам дека од моментот кога огласот се појави, до моментот кога
@marjanot ги зема клучевите на рака беа вистинско исчекување.
Искрено кога јас го видов огласот за прв пат, си реков "Нема шанси алфава да чини толку пари, гарант е утепана од возење, вратена километража, пеглана...". Но откакo
@marjanot се врати од Олимпија Моторс после првото видување и возење веќе беше јасно дека понудата беше премногу добра. Како и што правел во меѓу време незнам, знам само дека ми се јави после некој ден на телефон и ми рече "симни се долу, ја земав Алфата. Готово."
Кога ја видов за прв пат, од надвор ми беше "убава алфа". Кога седнав внатре и отидовме на обиколница, и ја испука мушки од прва до шеста, веќе беше "ебано убава и брза алфа".
Амбиентот внатре во возилото е ист како да си дошол на коктел во Монте Карло со фрак и лептир машна, а на нозете да носиш спринтерки. Кожа, црвен конец, велур, алуминиум. Спремен си за отменост и спринт во исто време. И тоа чувство го имаш само ако седиш во ебано убавата и брза алфа, без да го стартуваш моторот. Без да знаеш што има под хауба.
За моторот, подвозјето, менувачот и управливоста немам што многу да додадам. ФАНТАСТИЧНИ!!!
Споредено со Golf 7 GTI кој го имам возено доста време додека бев надвор од МК, Џулиетата е направена да биде спринтер, испотен и забревтан афроамериканец, спремен во секој момент да истрча стинт кога ќе ја стиснеш папучата за гас.
Не дека Голф 7 ГТИ е лош, ама многу е индустриски, шминкерајски направен и во него имаш чувство дека е апла склапан на лента. Едноставно нема спринтерски дух, има само наследство од татко му што сега го ужива.
Во Алфата имаш чувство дека е склопена пополека, дека итаљанот што ја штрафел не се брзал никаде, си работел типот полека си лапал макарони на пауза. Џулиетата е детето од село што дошло во град без динар во џеб, вежбало бокс по цели ноќи, и сега ги млати градските фаци како Роки што го млатеше Аполо Крид во Роки 3. Незнам што е тоа кај Алфите што ти дава такво чувство, што другиве брендови реално го немаат. Или јас барем не го осеќам.
Доста проза и поезија.
Брутално е брза. Забрзува инстантно, нема никаков лаг во испораката на момент и сила на тркала. Моторот е доволно гласен надвор од кабина, и доволно тивко внатре во кабина за да си правиш муабет на 180 без да треба да повишуваш тон.
Подвозјето е стегнато, круто и поставено да ти дава доверба во возилото кога го стегаш по кривини со папучата за гас стисната до долу. Подвозјето е доста добро пресметано, и едноставно знаеш дека нема да те заебе во свиок ако и напукаш гас. Мислам дека голема улога во тоа чувство имаат и пневматиците. Низ Скопските улици по дупки поминува исто како што поминува мојата Фиеста, односно немаш впечаток дека возиш спортско подвозје.
Управувањето е прецизно, директно и едноставно претчувствуваш каде ќе те однесе, без да правиш апроксимации во глава.
Како што кажа
@marjanot претходно, оваа кола е онаа што ќе треба да си ја чуваш. Онаа што внукот ќе ја најде во гаража покриена со чаршав и ќе рече "дедо ми бил манга на времето, знел што возел".