Фала на искрените честитки, на сите ви пожелувам најмалку дупло повеќе коњови од моиве
....мислам дека секој од нас треба да има во едреден дел од животот Алфа, едноставно, тоа е "грешката" што сите треба да ја направиме во животот...
сликата со кларксон/петролхед/алфа
Посвојуваш?
Со здравје и памет да се вози!!! (гледајќи го гољфот на клипчето )
Љубоморам малце поќе
Кај 3,5 таму и 4
Немаше ризик со Голфот, беше заспал на волан
Прво, честито и браво за изборот! Да и се изнавозиш и да и се изнарадуваш.
Второ, браво за тоа што покажа дека за израснување на 3 деца не се потребни комбе и приватен автобус, туку брка работа и хеч.
Трето, во подобри раце тешко дека можеше да падне и браво за зборовите на жена ти! Многу значи да не те исфрлат од дома.
Што се планови за понатаму?
Пошто е турбо и си фали звук, разгледај си нешто Supersprint или Raggazon..
https://www.supersprint.com/ww-en/alfa-romeo-giulietta-qv-1750-tbi-235-hp-2010.aspx
Не знам што сетап има овој, ама добро звучи.
Ај наредно патување баш ќе сликнам како изгледа спакуван хеч за одмор со деца.
Иначе и они ја обожаваат, радостии беше кога ги видоа сигналните лампички за сигурносни појаси како во авион поставени, па "нитро" копчето (DNA), а на Џуниор 3 па ептен му е легната, а возиме над пола саат одма заспива
Околу плановите, прво морам да завршам со основни работи, наредно сакам да го направам големиот сервис, па да набавам зимски сет. После ќе ми остане плочки да мењам, ама овие имаат уште возење.
Чипови, ремапи не мислам да праам пошто не гледам потреба.
Најверојатно ќе добие асално филтерче за воздух колку да збогати звук на ниски, а желбата е и Рагацонче позади највеќе пошто го имаат целиот комплет кај нас во понуда а и одлично звучи, ама здравје понатака.
Може со
@Стефан_Т да се договорите еден преку недела, еден за викенд
Иначе, кај најде таква жена бе, дај и ја да најдам, сестра да не има?
Со здравје да си ја возиш колата од соништата и плин да не и клаваш. Вака како штое се трпи со оглед на тоа дека цената на горивата нема повеќе да растат никогаш.
Има, мажена е за итаљан
Плин не е во ниедна комбинација.
Кога ја возевме со @cuoresportivo159, викавме „ќе ја земе некој ропак, ќе ја јоктоса за година ипол, и ќе ја гледаме пак на огласи цела сокапана“. Среќа, среќа жива што @marjanot се заинтересира озбилно, и ја имаше среќата да не му ја чорне некој пред рука! Не можеше бољи газда да најде колава.
Јас на @marjanot му порачав само едно - да ми ја чува добро. Здравје, деца и внуци може голф ќе сакаат, нека не се надева дека ќе седи за внуци
Мртва трка беше земањето, скечови, од работа излагање, па телефони.. речено/печено
Ги учиме децата од мали што е вкус, црно и тегет дека не оди, дека Моцарт не е кладилница .....
e mnogu ubava alfata, i brz upm
sekoja cest za postot
kako si zadovolen so conti premium contact 6?
Сега за сега презадоволен. Одлично држат, а пробани се како што треба, и се зачудувачки тивки иако тоа лепенката не сугерираше на такво нешто
@zlatkoa може да потврди на 170-180 колку гласно дискутиравме во кола
Ама па и комплетната изолација е убаво средена, 3 кедери на врати, теписонски поткрила...
Ау браво! Кругче за имењакот?
Квадратче, нема проблем