Голф 7 има предци кои што се познати, аристократи, ценети меѓу автомобилистите. Презимето му е Фолксваген.
Џулиета е од сиромашно семејство, дете на работници во фабрика, небитни во општеството. Презимето и е Алфа Ромео.
И двете возила се одлични, талентирани, "деца" за пример.
Детето на аристократот е секогаш подобро, затоа што е од саглам фамилија, и никој нејќе да го навреди ако нешто не прави како што треба.
Детето на фабрикантите секогаш треба да се мачи двојно повеќе за да успее, затоа што нема аристократски корени. Нема кој да го вади ако заебе нешто, и мора да биде перфектно спремно за да се бори со богатите.
Субјективно, според мене мали се техничките разлики помеѓу Голф 7 ГТИ и Џулиета КВ.
Ама чувството што го имаш во стомак кое неможеш да го контролираш (не е прдеж) секогаш е посилно кога ќе ја стистеш папучата во кривина кај Џулиетата.
Мене како пакет, Џулиетата ми е по-спортски дефинирана, склопена.
Г7 ГТИ ми е Пасат, без гепек со добар мотор, со карирани седишта и топче на менувачот.