Автор Тема: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)  (Прочитано 151033 пати)

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #45 на: 03 Јули 2017, 09:05:23 am »
Ја не би можел мирно да спијам ако знам дека со мали корекции можам да добијам уште многу коњи плус. Оди ремапни ја и стави добар издув :)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #46 на: 03 Јули 2017, 09:30:20 am »
Честитки и од мене за разумниот избор.

Бидејќи бев некако присутен околу повеќето случувања околу колава, можам да кажам дека од моментот кога огласот се појави, до моментот кога @marjanot ги зема клучевите на рака беа вистинско исчекување.

Искрено кога јас го видов огласот за прв пат, си реков "Нема шанси алфава да чини толку пари, гарант е утепана од возење, вратена километража, пеглана...". Но откакo @marjanot се врати од Олимпија Моторс после првото видување и возење веќе беше јасно дека понудата беше премногу добра. Како и што правел во меѓу време незнам, знам само дека ми се јави после некој ден на телефон и ми рече "симни се долу, ја земав Алфата. Готово."

Кога ја видов за прв пат, од надвор ми беше "убава алфа". Кога седнав внатре и отидовме на обиколница, и ја испука мушки од прва до шеста, веќе беше "ебано убава и брза алфа".

Амбиентот внатре во возилото е ист како да си дошол на коктел во Монте Карло со фрак и лептир машна, а на нозете да носиш спринтерки. Кожа, црвен конец, велур, алуминиум. Спремен си за отменост и спринт во исто време. И тоа чувство го имаш само ако седиш во ебано убавата и брза алфа, без да го стартуваш моторот. Без да знаеш што има под хауба.

За моторот, подвозјето, менувачот и управливоста немам што многу да додадам. ФАНТАСТИЧНИ!!!

Споредено со Golf 7 GTI кој го имам возено доста време додека бев надвор од МК, Џулиетата е направена да биде спринтер, испотен и забревтан афроамериканец, спремен во секој момент да истрча стинт кога ќе ја стиснеш папучата за гас.
Не дека Голф 7 ГТИ е лош, ама многу е индустриски, шминкерајски направен и во него имаш чувство дека е апла склапан на лента. Едноставно нема спринтерски дух, има само наследство од татко му што сега го ужива.
Во Алфата имаш чувство дека е склопена пополека, дека итаљанот што ја штрафел не се брзал никаде, си работел типот полека си лапал макарони на пауза. Џулиетата е детето од село што дошло во град без динар во џеб, вежбало бокс по цели ноќи, и сега ги млати градските фаци како Роки што го млатеше Аполо Крид во Роки 3. Незнам што е тоа кај Алфите што ти дава такво чувство, што другиве брендови реално го немаат. Или јас барем не го осеќам.

Доста проза и поезија.

Брутално е брза. Забрзува инстантно, нема никаков лаг во испораката на момент и сила на тркала. Моторот е доволно гласен надвор од кабина, и доволно тивко внатре во кабина за да си правиш муабет на 180 без да треба да повишуваш тон.
Подвозјето е стегнато, круто и поставено да ти дава доверба во возилото кога го стегаш по кривини со папучата за гас стисната до долу. Подвозјето е доста добро пресметано, и едноставно знаеш дека нема да те заебе во свиок ако и напукаш гас. Мислам дека голема улога во тоа чувство имаат и пневматиците. Низ Скопските улици по дупки поминува исто како што поминува мојата Фиеста, односно немаш впечаток дека возиш спортско подвозје.

Управувањето е прецизно, директно и едноставно претчувствуваш каде ќе те однесе, без да правиш апроксимации во глава.

Како што кажа @marjanot претходно, оваа кола е онаа што ќе треба да си ја чуваш. Онаа што внукот ќе ја најде во гаража покриена со чаршав и ќе рече "дедо ми бил манга на времето, знел што возел".

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #47 на: 03 Јули 2017, 09:48:39 am »
Честитки, преубаво ауто, да те служи долго и со памет! :)
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #48 на: 03 Јули 2017, 10:54:10 am »
Честитки, одличен избор :)

Осмица ми ја понуди колава пред да биде на оглас, се мислев 2-3 дена и одлучив да не одам да ја гледам затоа што знаев дека ќе ми направи проблем ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #49 на: 03 Јули 2017, 11:12:57 am »
Честито количево ептен е симпатично, ти посакувам многу безгрижни километри!

Али тоа тицањето у средна... :/


Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #50 на: 03 Јули 2017, 11:29:46 am »
Честито количево ептен е симпатично, ти посакувам многу безгрижни километри!

Али тоа тицањето у средна... :/
Па кај да иде кога идиотот се влече во лева лента и не му паѓа на памет да се тргне?

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #51 на: 03 Јули 2017, 12:52:30 pm »
Честито количево ептен е симпатично, ти посакувам многу безгрижни километри!

Али тоа тицањето у средна... :/
Па кај да иде кога идиотот се влече во лева лента и не му паѓа на памет да се тргне?
Да прикочи и да му сигнализира на идиотот да се тргне во десна лента. Покрај тоа што е илегално да се претекнува вака исто така е и крајно опасно, не знам зашто ова мора да се објаснува на форум за автомобили, ова се основни сообраќајни правила и комон сенс.

Идиотот ко таков може во секој момент да му текне да си се престрои десно и ко по обичај да не погледне во ретровизор и најчесто идиотите тоа го прават нагло и без предупредување (жмигавец).



Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #52 на: 03 Јули 2017, 12:54:16 pm »
Еве затоа темата за Велешко беше тргната, затоа што потикнува нелегално тркање или како веч.

Ама да не ја ебеме темава сега.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #53 на: 03 Јули 2017, 13:32:23 pm »
@Molec  грешката ја направив свесно и ја признавам и не сакам да се правдам, ама никогаш не постапувам вака во сообраќај
едноставно отидовме наменски, а бевме ограничени со време ( инаку ќе се вратевме)
му блендав, намалив брзина, видов дека спие на волан и го поминав од десна страна

заради тој момент се мислев воопшто дали да го ставам клипчето пошто знаев какви реакции ќе предизвика, ама ете го
и уште еднаш, крив сум

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #54 на: 03 Јули 2017, 13:34:28 pm »
Подобро како што ти го претица него да се залепиш на 1 метар како што прават некои сељаци па дополнителна паника да направиш на шоферот и да закочи несакајќи.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #55 на: 03 Јули 2017, 13:41:33 pm »
Бензин во уши, среќа ништо лошо не се случи. Моја топла препорака е да го закачиш клипот од друг акаунт затоа што јутуб акаунтот ти е со име и презиме. :)


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #56 на: 03 Јули 2017, 13:53:20 pm »
Голема работа.

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #57 на: 03 Јули 2017, 16:02:06 pm »
Која и беше цената ако не е тајна? Гледам повеќемина спомнаа „по таа цена“ „за таа цена“, на оглас има само две, едната е дизел и е 11 000, оваа по некоја моја логика под 20 000 нема шанси да е.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #58 на: 03 Јули 2017, 16:13:00 pm »
Која и беше цената ако не е тајна? Гледам повеќемина спомнаа „по таа цена“ „за таа цена“, на оглас има само две, едната е дизел и е 11 000, оваа по некоја моја логика под 20 000 нема шанси да е.

не е тајна, беше огласена 10.900 толку и ја купив

1) Алфа не се купува на старо затоа што е квалитетна или затоа што држи цена. се купува затоа што ја изгубила скоро целата вредност и добиваш многу кола за парите.
2) Ако во запад кошта 20.000 овде ќе кошта 10.000.
3) Кога ко пуштаа огласов 5-6 пати на форумов ниту еднаш не го отворив. Ќе лупнам цена, 8500 евра.

Бриште поракава ако се најде некој ко потресен.

прочитан си ти одамна и за Леонот се радуваше ако го продадам за 6.000, пошто реално толку вредел.
нека си стои пораката

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #59 на: 03 Јули 2017, 21:35:06 pm »
Не ми се факинг верува за цената ...нема да спијам сеа УПМ