Здраво Sepiroth, добредојде! Само ако те чујат алфистите дека ја нарече нивната прекрасна, убава, дизајнерска и полна со душа 147ца „конзерва сардини“.
Со среќа нека ти е бирањето прв автомобил! Еднаш кога ќе те гризне желбата за кола, не пушта.
Јас нема да ти советувам оваа или онаа кола, него ќе ти советувам да размислуваш како за купување на колата, така и за нејзино краткорочно и долгорочно одржување.
Ако ти е буџетот 5-6000 евра, тогаш одвој барем 1000 евра од тие пари за веднаш да направиш сервис (уље и филтри, и ако треба каиши, затегачи, итн). Провери ја состојбата (и годината на производство) и на гумите, а сметај дека наааајверојатно ќе треба да смениш и плочки и дискови, и можеби акумулатор. Тоа се поголемите (и поскапи) инвестиции што се на сам почеток.
Понатаму, како ќе си дојде.
Заборави ги работите како „италијанските и француските возила се расипуваат, јапонските се скапи за одржување, германските се неуништиви.“ Тоа се прикаски за мали деца, особено со половно возило, каде многу повеќе улога игра одржувањето и вниманието од претходниот газда, отколку нешто друго. Да, некои модели и мотори се понежни, ама затоа сме тука - кога ќе ни кажеш што конкретно те интересира, сигурно ќе се најде некој да ти помогне.
Да, некои коли се полесни за одржување (кај нас конкретно германските, француските и италијанските), и за нив полесно (и незначително поевтино) се наоѓаат делови. Ама скоро универзално правило е дека поквалитетните делови се нијанса поскапи. And that's fine. Избегавај брендови што не се популарни кај нас (да речеме Subaru) бидејќи за нив е стварно тешко да се најдат делови.
Ѕирни го под-форумот за огласи тука кај нас. Скоро секогаш има огласено по нешто, а бидејќи се скоро секогаш возила од Форумџии, нема простор за играње (премногу) мајтап.
Еве ти нешто интересно:
Kia Cee'd -
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,21023.0.htmlGolf 5 -
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,20962.0.htmlБи ти препорачал да гледаш кола од оваа класа. Помалите се веќе ептен мали, поголемите се ептен големи и непрактични за низ град. Ако сакаш помало возилце, близок другар (и форумџија) најави дека наскоро ќе ја продава неговата Мазда 2.
Со среќа во потрагата!