Добредојде на форумот друже. Викаш прва кола ти е(не службена), купи тебе што ти се допаѓа, а не нас што ни се допаѓа. Гледам влечеш кон алфа, ти се допаѓа тој модел, купи си ја, ја купуваш за тебе, не за нас. Секоја кола ако е добро одржувана ке те служе долго, само убаво ти рекоа некои членови, не гледај сите пари од твојот буџет да ги дадеш за колата, па потоа за сервис или слично да се стискаш, пошто кога купуваш кола на старо, колку и да е “коска“, може да излезе нешто, па добро би било кога би имал некој денар тргнат настрана за тие “ситници. Штом колата повеќе би ја користил по долги релации, би ти препорачал дизел(кај е ЛШ да ме виде), отколку да земеш бензинец па да го праеш на плин...
бтв. Немој во никој случај да си рекол нешто лошо за алфа, прво симо те става на пик, второ пола форум ти се алфисти и тие те стават на пик, трето можеби ке си во право, ама сепак немој