Автор Тема: Помош при избор на прв автомобил  (Прочитано 22907 пати)

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Помош при избор на прв автомобил
« на: 05 Јануари 2017, 16:05:05 pm »
Здраво на сите. Можеби некои членови ме познаваат од други форуми, но на Carclub штотуку се зачленив. Причина - конечно дојде редот и јас да си купам автомобил.

Моето семејство досега никогаш не поседувало автомобил(пуста сиромаштија), но сум возел службено разни возила урбано и на автопат низ Македонија, претежно дизели, така да имам некое возно искуство, колку-толку.

Сакам да земам 5-6000 евра кредит за да си купам возило, така да буџетот е тој. Треба да има доволно пари за возилото, досредување на фалични делови, регистрација, зелен картон и да остане кусур иљадарче за 20 литра нафта.

Проблемот е следниот - незнам од кај да почнам! Информатичар сум по хоби, програмер по професија, ги знам сите дилери на компјутерски делови во Скопје, знам да составам компјутер од штрафче, да дијагностицирам и санирам дефекти и да повикам помош од стручни колеги ако треба. Арно ама за автомобили незнам ништо, и немам човек што би ми помогнал, ниту пак познат мајстор што не би ме заебал.

Консензусот од колегите на работа е да си купам Гољф 4 или 5, бидејќи бил многу стабилен и лесен за одржување (повеќе од пола од нив возат Голфови), но мене ич не ме влече некако. Еден мој многу драг пријател има Алфа 156 и се крсти во неа, ми предлага да земам Алфа 147, ама мене тоа возило ми изгледа како конзерва сардини. Алфа 159 е веќе друга приказна, преубава е. Исто така ми се допаѓа и Honda Civic, но си држи висока цена и малку ми го надминува буџетот. Еден колега на работа ми предложи плинска Астра како добар избор.

Намената на возилото би му била за патувања низ Македонија, Бугарија и Грција со девојката, и помалку низ Скопје, бидејќи јавам точак 90% од времето. Значи ми треба возило што е стабилно, и не би ме оставило на сред автопат во странска држава. Исто така би сакал да ми препорачате чесен мајстор или сервисен центар, немора да е евтин, ама да е чесен и да е професионален.

Среќна нова на сите и честит Бадник и Божиќ

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #1 на: 05 Јануари 2017, 16:22:14 pm »
Добродојде на Карклуб! Општ консензус тука, да те припремам, е сличен како и кај твоите колеги и пријатели.

Јас би додал само следново, без да навлегувам во конкретни примери на возила: ако сакаш сопственоста на возилото да те воведе во светот на автомобилите и да научиш како функционираат и како се склопени, купи италијанско или француско возило. Ако сакаш да возиш, а друг да се замара, ќе бараш германско возило.

Ова го зборувам не со намера да етикетирам кои возила се поиздржливи или не, туку затоа што германските производители имаат далеку поедноставни решенија за авто-проблематики отколку италијанските и француските, а reliability рејтингот им е тука некаде (читај еднакво лош).

Со среќа во потрагата и со среќа во читањето на репликите тука, кои ќе ги има прилично многу доколку се грабнат правилните членови во расправија ;D

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #2 на: 05 Јануари 2017, 16:26:57 pm »
ако сакаш сопственоста на возилото да те воведе во светот на автомобилите и да научиш како функционираат и како се склопени, купи италијанско или француско возило. Ако сакаш да возиш, а друг да се замара, ќе бараш германско возило.

Ми се допаѓа мислењево. Првиот компјутер го убив од чачкање, и еве денес сум програмер. Добра ти е идејава за италијанско или француско ауто. Ќе научам многу вака, само да не ми се испразни џебот....

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #3 на: 05 Јануари 2017, 17:54:47 pm »
Другар, стара кола и млада жена - тртни и го  :)

Мој предлог ти е да си купиш шо ти праве мерак и да не слушаш никој.
Јас сум жив пример на јадење бурек на сите лично околу мене против мојот избор, па 5 години безпрекорно возам Ланчиа Либра 2,4 ЈТД додека јадачите дремат у сервис со неуништливите брендови.

Пред да купиш, ќе пишиш тука што намераваш да купиш и ќе ти кажиме за кои конкретно модели и мотори се сложуваме дека имаат маани како фелерваген бензин 1,4 или слично и како некои Цитроени, Реноа и други брендови, за кои како што спомнав, се има пишувано и сме се сложиле дека имаат маани. Друго, да избегаваш Јагуари, Сааб и нешто поретко ради достапноста на делови. Трета работа, ако се сложат и другите, Јапонските коли се бајаги скапи за оддржување, мада јас би земал Хонда без размислување.

Е сега последно и најважно, да размислиш за што ти треба кола и поважно - каква сакаш. Сакаш спорЦка за по кривини, хеч, седан, караван, помека, по крузерска, аутоматик? После тоа, тука сме.

Буџетот ти е ок, среќно.

Отсутен torpedo96

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 38
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #4 на: 05 Јануари 2017, 17:58:38 pm »
Морам да се надодам зошто и јас сум информатичар и онака по малце лаик за коли, и на крај си земав Алфа 147 јтд, еден форумџија тука пиша се додека не ми брцаат во џебот нема ни што да ми кажуваат, и посекако сите ќе  натегаат германско германско бла бла бла, купи си она што ти сакаш и те исполнува, кога седнав во алфата сфатив дека тоа е таа кола шо морам да ја имам и ја земав, нема нерасиплива кола, има само одржавана и неодржавана кола, без брзање полека со добар мајстор и ќе најдеш.
Среќно!

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #5 на: 05 Јануари 2017, 18:44:52 pm »
Нема да ти сугерирам за ауто, само да ти кажам едно благодарам зашто си ми помогнал многу пати порано кога сум прашувал за компјутер и ит работи. :D :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #6 на: 05 Јануари 2017, 18:53:43 pm »
ако сакаш сопственоста на возилото да те воведе во светот на автомобилите и да научиш како функционираат и како се склопени, купи италијанско или француско возило. Ако сакаш да возиш, а друг да се замара, ќе бараш германско возило.

Ми се допаѓа мислењево. Првиот компјутер го убив од чачкање, и еве денес сум програмер. Добра ти е идејава за италијанско или француско ауто. Ќе научам многу вака, само да не ми се испразни џебот....

Еве ми текна на едно возило кое можеби влегува во ценовниот ранг. Ако не ти смета една класа помало возило од тие што си ги наброил, погледни Форд Фиеста mk7, мислам од 2009 па натаму се произведуваа.

Горе доле докажани мотори, како бензинци така и дизели, квалитетно заштрафен Форд, и ги има во изобилие низ државава што значи достапноста на делови е доста добра. Во блиска фамилија имам 1.4 дизелска Фиеста од таа генерација, скоро 10.000 километри сум извозил со колата и имам само пофални зборови.

Ако не влага во буџет, занемари го овој пост ;D

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг:
« Одговори #7 на: 05 Јануари 2017, 19:02:41 pm »
Има еден член на форумов продаваше мегане, види дали ти фајка око и пари ке ти останат

Sent from my F5 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #8 на: 05 Јануари 2017, 19:25:43 pm »
Здраво Sepiroth, добредојде! Само ако те чујат алфистите дека ја нарече нивната прекрасна, убава, дизајнерска и полна со душа 147ца „конзерва сардини“. ;D

Со среќа нека ти е бирањето прв автомобил! Еднаш кога ќе те гризне желбата за кола, не пушта.

Јас нема да ти советувам оваа или онаа кола, него ќе ти советувам да размислуваш како за купување на колата, така и за нејзино краткорочно и долгорочно одржување.

Ако ти е буџетот 5-6000 евра, тогаш одвој барем 1000 евра од тие пари за веднаш да направиш сервис (уље и филтри, и ако треба каиши, затегачи, итн). Провери ја состојбата (и годината на производство) и на гумите, а сметај дека наааајверојатно ќе треба да смениш и плочки и дискови, и можеби акумулатор. Тоа се поголемите (и поскапи) инвестиции што се на сам почеток.

Понатаму, како ќе си дојде.

Заборави ги работите како „италијанските и француските возила се расипуваат, јапонските се скапи за одржување, германските се неуништиви.“ Тоа се прикаски за мали деца, особено со половно возило, каде многу повеќе улога игра одржувањето и вниманието од претходниот газда, отколку нешто друго. Да, некои модели и мотори се понежни, ама затоа сме тука - кога ќе ни кажеш што конкретно те интересира, сигурно ќе се најде некој да ти помогне.

Да, некои коли се полесни за одржување (кај нас конкретно германските, француските и италијанските), и за нив полесно (и незначително поевтино) се наоѓаат делови. Ама скоро универзално правило е дека поквалитетните делови се нијанса поскапи. And that's fine. Избегавај брендови што не се популарни кај нас (да речеме Subaru) бидејќи за нив е стварно тешко да се најдат делови.

Ѕирни го под-форумот за огласи тука кај нас. Скоро секогаш има огласено по нешто, а бидејќи се скоро секогаш возила од Форумџии, нема простор за играње (премногу) мајтап.

Еве ти нешто интересно:

Kia Cee'd - http://forum.carclub.mk/index.php/topic,21023.0.html
Golf 5 - http://forum.carclub.mk/index.php/topic,20962.0.html

Би ти препорачал да гледаш кола од оваа класа. Помалите се веќе ептен мали, поголемите се ептен големи и непрактични за низ град. Ако сакаш помало возилце, близок другар (и форумџија) најави дека наскоро ќе ја продава неговата Мазда 2.

Со среќа во потрагата! :)

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #9 на: 05 Јануари 2017, 20:37:00 pm »
Фала на сите за мислењата!

Заборавив да напоменам дека сум бајаги висок и широк, така да возило од класата на Поло, Корса, Фиеста, Мазда 2, Јарис, отпаѓа скроз. Бензин без плин исто така отпаѓа, а меракот ми е поделен 85% на дизел и 15% плин.

Алфата 159 ми делува слатко, сега за сега ми е фаворит, освен ако не улета некоја супер понуда за Civic, мада прво треба да седнам во аутава, да видам дали се чувствувам комотно, вака само зборам на празно. Од наредна недела сакам да прошетам по неколку плацеви, не за да купам од плац, туку да видам, да влезам и да запалам што повеќе аута, можеби ќе налетам на нешто забавно.

Штом викате да тргнам 1000 евра на страна за сервис, буџетот сега ми падна на 4-5000 евра.

Инаку, вака теоретски, кои ми се шансите да најдам читава Алфа 159 1.9JTD или Civic 2.2CRDI во Македонијава во наредните месец ипол?

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5855
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #10 на: 05 Јануари 2017, 21:10:59 pm »
Барај Опел Астра Х 1.7 цдти ги има со 6 брзини,економични а жилави мотори,се наога добар примерок за 4000 евра,еве ти како пример само,немора оваа да е директно :)
http://reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=2315383

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43718
  • Il Moderatore
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #11 на: 05 Јануари 2017, 21:57:47 pm »
Скапа ти е 159 за тој буџет што си го одредил.  Можеби ќе ја купиш за тие пари, ама толку. Сигурно нема да биде со „благопријатна“ километража, и ќе си бара додатно сервисирање - ако не одма, во многу скоро време откако ќе ја земеш. Сепак, ако ти е фаворит, стисни зуби и земи некој посаглам примерок. Провери ја во Сервис Илија или во АутоСК пред да ја купиш.
Баш ме занима, ако 147 е дизајнерски конзерва за риби, тогаш Голф 4 (директната конкуренција), како ја оценуваш дизајнерски? :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8960
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #12 на: 05 Јануари 2017, 21:58:32 pm »
Фала на сите за мислењата!

Заборавив да напоменам дека сум бајаги висок и широк, така да возило од класата на Поло, Корса, Фиеста, Мазда 2, Јарис, отпаѓа скроз. Бензин без плин исто така отпаѓа, а меракот ми е поделен 85% на дизел и 15% плин.

Алфата 159 ми делува слатко, сега за сега ми е фаворит, освен ако не улета некоја супер понуда за Civic, мада прво треба да седнам во аутава, да видам дали се чувствувам комотно, вака само зборам на празно. Од наредна недела сакам да прошетам по неколку плацеви, не за да купам од плац, туку да видам, да влезам и да запалам што повеќе аута, можеби ќе налетам на нешто забавно.

Штом викате да тргнам 1000 евра на страна за сервис, буџетот сега ми падна на 4-5000 евра.

Инаку, вака теоретски, кои ми се шансите да најдам читава Алфа 159 1.9JTD или Civic 2.2CRDI во Македонијава во наредните месец ипол?

Iskreno ne veruvam deka ima dobra 159ka za 5k€ realno taa klasa spored mene nema da najdesh doverlivo vozilo vo toj rang.
Pogledni ja Kia-ta pogore. Dobar izbor e

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #13 на: 05 Јануари 2017, 22:16:55 pm »
Баш ме занима, ако 147 е дизајнерски конзерва за риби, тогаш Голф 4 (директната конкуренција), како ја оценуваш дизајнерски? :)

Кутија, од оние за складирање што ги има во Џамбо. :D

Iskreno ne veruvam deka ima dobra 159ka za 5k€ realno taa klasa spored mene nema da najdesh doverlivo vozilo vo toj rang.
Pogledni ja Kia-ta pogore. Dobar izbor e

Над буџет ми е Киата, башка колку што разбирам од огласот, бензин е.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8960
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #14 на: 05 Јануари 2017, 22:20:18 pm »
За киата претпоставувам не ти требаат уште 1000 евра за да ја донесеш во добра состојба. Пробај може ке се договорите за да влезе во буџет.

А за бензинот плин ке ставиш не мора одма, понатаму можеш. Нели ке даваа субвенции за плин може ќе има нешо поефтино ое ти излезе.

Спомна дека доста си на точак, колку би поминувал годишно? Можеби бензин не ти е толку лоша варијанта