Пошто имам 147, од старт ти кажувам дека таа кола не е баш фамилијарна кола, освен ако не сте рационални при пакување
. Има најмал багажен простор
Али е забавна за возење низ кривините на Ситонија
Киа Цидот е од членот даме е стварно добар избор за прва кола. Можеш и плин да ставиш на 1.4 моторот. Другар и комшија мој има ставено плин уште во гарантен рок и еве тера добри 100к. Едино што знам дека му рикна пумпа за гориво летото кога беа горештините али претпоставувам поради недоволно гориво (бензин) и му се одлепи шалтаблата од ветробранското стакло па ја залепија.
Мазда 3 би ти препорачал ако најдеш некоја неувезувана. Генерално тебе бензинец ти треба
Плацеви ко плацеви, секогаш се сведува на тоа дека секоја кола (и од ист бренд и модел) е приказна сама за себе. Треба, време, труд, информации и секако среќа.
И не заборавај, што и да купиш, да знаеш дека ќе се заебеш