Автор Тема: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили  (Прочитано 614425 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5554
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3735 на: 06 Февруари 2024, 22:36:05 pm »
Жал ми е што ќе увредам ренолџии ама од Меган 3та генерација не сум сретнал почурук заштрафена кола... Повеќе примероци - ист впечаток. Нема нешто што не крцка.
Ако се зачекаме на некој собир, влези слободно пипкај ja внатре :D, ако сакаш и вози ја не е проблем, јас таков проблем немам кај мене, најсериозно. Един проблем шо имам и ме вади од такт, дури по години установив шо е, оние црните зад кваката за приемниците за отклучувањето на вратата. Со тек на годините се имаат растресено и вибрираат на погласна музика, и тоа не е толку проблемот колку шо е стварањето на звуци од ветрот кога возиш побрзо.
Од такт ме вади, години години мислев дека имам проблем некој со кедерите ради тоа вади звук, пробував да лепам екстра кедери како некој глуп, џабе. Случајно ми се најде селотејп при рака еднаш, ги залепив, нагазив до стотче нема звук веќе.  Треба сега трајно некако да му го најдам чарето, или со шприц со силикон или секундарно.
 Ако ми стигни пролетвава изолација звучна и топлинска од дојче, ќе ја растурам/редам цела за да спијам по рает, тогаш можи и да ги решам од внатре некако.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3736 на: 07 Февруари 2024, 23:16:05 pm »
@FiLo и останати со М32:
https://m.autodoc.gr/luk/13648474 (до 2010та)
https://m.autodoc.gr/luk/13648480 (2010та до 2012та)
+
Фукс 75-80 или Transmax Manual Multivehicle 75W-90 со 50g адитив од ЛМ за менувачи 1040 со MOS2.

https://oil-club.de/wcf/index.php?search/&q=M32&type=com.woltlab.wbb.post&sortField=time&sortOrder=DESC&boardID=25

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3737 на: 08 Февруари 2024, 06:32:24 am »
Првиот менувач што ми го монтираа не бучеше, ама прва и петта мрда рачката назад кога додаваш гас на тргање.
Му посочив, пробаа да го увалат дека сите така правеле, можда е некоја сајла, ова она.
Епа велам сите ви се отидени на надворешни лагери на осовините, штом мрда шалтерот.
Еве кај мене викам да бучат лагерите, ама шалтерот во ниту една брзина не ми го фрла назад при давање гас.
Ме гледа виде оти ги разбирам мааните на менувачот, ок остави ја колата имаме уште еден, ако не го зимам мојот па ќе барам лагери од странство.

Одам во Сервис Илија, добар ден м32 менувач 6 брзинец на фиат браво 1.4 т-јет бучи на на лагери, цена за ремонт ?
-Аааа донеси го да го расклопам да видиме што точно е расипано, вака така.
Му велам 6 лагери на 3 осовини и два лагери во диференцијал колку чини цената на лагерите плус работната рака ?
Гледа дека го знам склопот на менувачот, епааа најмалку 700 евра па нагоре. Ок, фала.


Ако го немаш малку познавањето, ќе ти смотаат филм ке платиш нешто што ќе ти речат дека треба да се смени а воопшто го нема во мењачот...

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3738 на: 08 Февруари 2024, 08:49:55 am »

Колега зема баш таков меган 2009та година, 1.5 дци 110 коња, ок е количето, заедно го пробувавме, и јас го пробував, ок си беше.
Ама му свирка турбината, кумплугот му е така прилично тврд.

Ова е изгледа правило за Рено, посебно 1,5 дци, неколку имам пробано и кај сите е кумплунгот доста потврд, пробав чисто да видам дали е само кај мене случајот. А и турбото си свирка. Ова кај Сеник 2 зборам.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3739 на: 08 Февруари 2024, 09:57:35 am »
Во Мети Фиат Алфа на обиколница имаат 5то брзинец менувач од Гранде Пунто исто 1.4 т-јет изваден, далеку поефтин од овој м32, ама не верувам дека тој менувач пасува плукни залепи кај мене иако тој таму ме убедуваше дека е исто и на држачи и на полуосовини.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3740 на: 08 Февруари 2024, 11:02:21 am »
Не се исти полуосовините, тоа од одма ти кажувам :)

М32 барем во Гранде и МиТо има еднаква должина полуосовини, а тој 5 брзинскиот C540 или како и да се викаше има совозачка подолга.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5554
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3741 на: 08 Февруари 2024, 11:34:13 am »
@FiLo Епа или 700 или ќе си засукаш ракавите сам, трето нема :)
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43716
  • Il Moderatore
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3742 на: 08 Февруари 2024, 11:43:54 am »
Не се исти полуосовините, тоа од одма ти кажувам :)

М32 барем во Гранде и МиТо има еднаква должина полуосовини, а тој 5 брзинскиот C540 или како и да се викаше има совозачка подолга.
Можно е да има GP T-Jet полуосовини со иста должина иако има C540 - FIAT-ова работа.... 

@FiLo Епа или 700 или ќе си засукаш ракавите сам, трето нема :)

сам да си засукаш ракави е добро, ако имаш двостолбна дизалица дома и 20-тонска преса, инаку тешко малце да ги смениш сите лагери :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5554
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3743 на: 08 Февруари 2024, 11:59:32 am »
Затоа луѓе се бараат, ќе си бараш некој по локален сервис или на познаник, колку да го падните мењачот, 20 тонска исто во секоја работилница механичарска има, ако имаш некој ќе одиш ќе се смараш самиот, ако не ќе бараш да потплатиш некој денар. Има ребрење в мозок за да не кошта 700 евра и да си на чисто дека се е менато, ако не , мајстор и 700 е на рака. Или се живо да се мени со половни работи од 5то степен и да се напасира некако, ако иди поефтино.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3744 на: 08 Февруари 2024, 17:07:41 pm »
@FiLo Епа или 700 или ќе си засукаш ракавите сам, трето нема :)

Околу 250 евра се сите лагери. До 700 разликата ?

Во Србија чини 300 евра делови се, 80 евра работна рака.
Имам човек засега кој би го растурил, само јас да набавам делови.

Ако следниот менувач за кој чекам да ми јават исто така е дефектен, ќе идам на варијанта да си набавам јас лагери и потоа кај човекот да го растури и замени.

Здравје ќе видиме.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3745 на: 08 Февруари 2024, 17:30:36 pm »
Се присеќам на еден сервис во Бутел што го открив на времето со југото додека бев.
Дали Турци, дали Албанци, работеа, не се зафркаваа.
Дојде ред мењачот да се отвара бидејки во лер мелеше некој лагер, и плус некој синхрон зезаше, сега веќе не се сеќавам на поединости. Му се пуштаат 3-4ица, кој тркало отштрафува, кој веќе мењач ослободува, кој дигалка подметнува, као у питстоп. Дур ме послужија со нивното традиционално чајче, мењачот надвор од кола и главниот хирург му се посветува. Дали за саатипол веќе се беше намонтирано назад. За 50 марки работна рака.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3746 на: 08 Февруари 2024, 21:42:57 pm »
@FiLo Епа или 700 или ќе си засукаш ракавите сам, трето нема :)

Околу 250 евра се сите лагери. До 700 разликата ?

Во Србија чини 300 евра делови се, 80 евра работна рака.
Имам човек засега кој би го растурил, само јас да набавам делови.

Ако следниот менувач за кој чекам да ми јават исто така е дефектен, ќе идам на варијанта да си набавам јас лагери и потоа кај човекот да го растури и замени.

Здравје ќе видиме.

Да пуштиш еден повик или да тркнеш до кај Мехатроника сервисот? https://www.facebook.com/servismehatronika

Пред некои 2 години си праев муабет со дечково и ми личеше како да ги разбира М32-јкиве солидно.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13931
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3747 на: 08 Февруари 2024, 23:46:46 pm »
Самоил важи за добар механичар на мењачи. Фала богу не сум имал мака ама од муабети, го фалат.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3748 на: 09 Февруари 2024, 00:03:31 am »
Набави си делови твои и крцкај си.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3749 на: 09 Февруари 2024, 16:20:48 pm »
Си купив:

Бришачите и филтрите за кабина ставени, амортизерите најверојатно утре.