Автор Тема: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили  (Прочитано 583148 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6564
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3750 на: 10 Февруари 2024, 19:31:31 pm »
Апдејт на темата чоколаден менувач м32.
Заменет е со друг менувач, не бучи и не мрда шалтерот во ниту една брзина.
Стариот ми е вратен назад, ќе го расклопам и веројатно понатаму ремонтирам сам да стои резерва ;D

Ставено ми е Селенија Тутела Текникс масло, ама по спецификација треба FIAT 9.55550-MZ1
Од Селенија тоа е маслото Тутела Матрикс

Здравје понеделник барам првично Матрикс каде ќе има, и ќе го наполнам 2.8 литри и со господ напомош.
Ако не најдам Матрикс, веројатно ќе идам со Фукс Титан Синтуфлоид со таа фиатова спецификација.


Иначе тој м32 менувач 6 брзинец не е Фиатов, туку Џенерал Моторс, опелов менувач е.

Фиат менувачите се 5 брзинци од тој период и немаат вакви маки.
« Последно менување: 10 Февруари 2024, 19:46:44 pm FiLo »

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3751 на: 10 Февруари 2024, 20:45:33 pm »
Наздравје путер шалтер.

А Фиат, не извадиле некоја ревизија?
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6564
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3752 на: 10 Февруари 2024, 21:06:16 pm »
Само со преправки да намонтирам од гранде пунто т-јет 5то брзинец.

Друга солуција мислам немам.

Или веќе за тие пари за кое го земав ова да си барав браво ама 1.9 мултиџет 120 коња пошто од дизелите, само тоа браво носи 5то брзинец на Фиат што немаат вакви маки.

Иначе ни со мојот а и со другиов менувач немав проблеми со шалтањето, лесно влегува во сите брзини.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1731
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3753 на: 10 Февруари 2024, 21:53:39 pm »
Само со преправки да намонтирам од гранде пунто т-јет 5то брзинец.

Друга солуција мислам немам.

Или веќе за тие пари за кое го земав ова да си барав браво ама 1.9 мултиџет 120 коња пошто од дизелите, само тоа браво носи 5то брзинец на Фиат што немаат вакви маки.

Иначе ни со мојот а и со другиов менувач немав проблеми со шалтањето, лесно влегува во сите брзини.

Кога ти викав не ја мењај фелицијата, плус на плин 😄

Мала шала, се надевам ќе ти се погоди новиот мењач

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3754 на: 10 Февруари 2024, 22:38:03 pm »
Аии, од фелиција во браво? Од коњ на магаре бе.  ;D
(џаст кидинг бро)

9години имавме фелиција, 1.9д, пери дери беше. Само скапа.  :)


Туку, каде правеше промена на менувачот? И како си заодоволен од мајсторите. (у смислу, прљаво оставиле во кола, самата каросерија, итн)
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6564
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3755 на: 11 Февруари 2024, 12:01:37 pm »
Кога ти викав не ја мењај фелицијата, плус на плин 😄

Мала шала, се надевам ќе ти се погоди новиот мењач

Сеуште стои, само стариот не ја вози, акумулаторот и е рикнат а јас го имав нов купено...
Целата е уништена, греби друк лагерот, не кочи ич.... За 1 и кусур година не возење откако јас престанав да ја возам, катастрофа е целата....

А не беше и таа сјајна, особено плинот, на секои 10 степени температурна промена мораше да го штелувам на расплињача, или се давеше во плин или и фалеше плин и на секој семафор дрд, дрд, дрд гаси...
А трошеше и во град и на отворено 12-13 плин ;D Ама реално одеше ок, го имав протокот убаво подесено, колку на бензин, толку и на плин одеше.


Туку, каде правеше промена на менувачот? И како си заодоволен од мајсторите. (у смислу, прљаво оставиле во кола, самата каросерија, итн)


Во Дерби Фиат во Илинден, нивни менувачи што ги имаат на залиха. Цената е 350 евра за менувачот, 100 евра работна рака и 20 евра за масло бидејки веќе имав 1 литар од Тутела Текниксот неотворено, па само 2 литри наплатија. Вкупно излезе 470 евра.


Од сработеното вака што знам, ок си е, освен што менувачите не се баш чисти, имаат наоколу масло..Мојот беше чист.

И моментот со првиот менувач што го намонтираа каде пробаа да ме убедат дека палката што ја фрла наназад во прва и петта при давање гас дека е ок. Ама среќа што истражував и што Симо кај неговото Мито го имаше тој проблем со палката, па знаев оти тој менувач не е ок.

Ама среќа кратко траеше убедувањето, им реков ок ако немате добар менувач, вратете го мојот назад.
Бидејки првично кога ја оставав колата и рекоа имаат на залиха менувачи, ми беше посочено, монтираме менувач, ја тестираме, ако е ок ти се јавуваме да го земеш.
Ако не е ок, монтираме друг.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6564
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3756 на: 13 Февруари 2024, 14:07:49 pm »
Купено и заменето. Овој пат сипано 2.7 литри. Точно 2.5 литри собира од штопната каде што се дотура од страна и почнува да претекува, потоа досипано уште 200 мл од најгорната штопна.




Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 740
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3757 на: 13 Февруари 2024, 15:21:40 pm »
Во процес на нарачка на ново бандавче за бенвето за претстојната летна сезона. :) нешто вака


Отсутен dreamson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 618
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3758 на: 15 Февруари 2024, 23:58:15 pm »
Купено и заменето. Овој пат сипано 2.7 литри. Точно 2.5 литри собира од штопната каде што се дотура од страна и почнува да претекува, потоа досипано уште 200 мл од најгорната штопна.


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Од кај го купи, и што цена е?

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8375
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3759 на: 16 Февруари 2024, 00:01:12 am »
Во процес на нарачка на ново бандавче за бенвето за претстојната летна сезона. :) нешто вака

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Фаќен Бенве... и од најлошиот агол, пак добро изгледа.
Дај или да се мењаме колите или сликај барем целосно да се види :)))
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6564
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #3760 на: 16 Февруари 2024, 00:52:40 am »
Купено и заменето. Овој пат сипано 2.7 литри. Точно 2.5 литри собира од штопната каде што се дотура од страна и почнува да претекува, потоа досипано уште 200 мл од најгорната штопна.


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Од кај го купи, и што цена е?

Од Фас Вас, 1150 денари литар.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8844
Decki celicni bandazi nekade novi prodava nekoj od ova prodavnicive za gumi i bandazi

Sakam da si kupam za zimskite gumi

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
И да најдеш некаде нови, ќе ти се слоши од цените...



Sent from my Xiaomi 13T


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8844
On line za 300€ ima 4 samo nemam koj da mi gi donese

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Decki celicni bandazi nekade novi prodava nekoj od ova prodavnicive za gumi i bandazi

Sakam da si kupam za zimskite gumi
Вулканизер - гуми, бандажи, самшпед
070 729 920

 https://g.co/kgs/yKanNt8

Види дали има што ти треба, не беше скап на времето.