Зависи од примерокот.
Колега зема баш таков меган 2009та година, 1.5 дци 110 коња, ок е количето, заедно го пробувавме, и јас го пробував, ок си беше.
Ама му свирка турбината, кумплугот му е така прилично тврд.
Засега го вози така, до кога ќе си види и самиот, тоа е.
Зависи и што ќе начекаш. Ја едно браво исто т-јет ама 150 коња, поутепана кола не сум пробал, возеше целата како да нема амортизери туку наштрафени цефки, и целото трокираше, одеше како за 50 а не 150 коња.
Моево со 120 многу е подобро на забрзување.
Башка сега што му сменив и свекици го снема моментот некаде на 2500-3000 вртежи како да се пресекува бустот, сега е експлозивно без прекин.
Ама малце се скапички свекиците, иридиумски НГК, 1350 парче во Фас Вас.