Автор Тема: Што си купивте / сакате да си купите  (Прочитано 2026332 пати)

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14985 на: 20 Декември 2024, 11:44:48 am »
А да заборајв да се пофалам

https://www.neptun.mk/categories/PRAVOSMUKALKI/ROWENTA-RO-7C32EA

Само сеа гледам 13К+ ја качиле. Јас за 10900 така нешто ја зедов.
Хаха, сега е 15.5+К
Што ти е (галопирачка) инфлација. Или можеби ве прочитале овде како фалите неколку души, па покачиле цена.




... ос от е на UNIX базиран што за мене е клучно бидејќи Виндоус ич несакам.
Linux па е бесплатен ОС а кој и да е џенерик квалитетен лаптоп да го земеш, пак ќе имаш добра батерија само што нема биде со планиран obsolesce (како што ејпл прави со нивните уреди).

Линукс за десктоп е тешко говно особено ако планираш сериозно да работиш на лаптопот. Инаку planned obsolescence има повеќе кај не-Епл уреди отколку кај Епл. Во станов моментално најстар уред е Macbook Pro од 2013 кој без проблем си функционира и држи 3-4 саати на *оригиналната батерија*. Стариот мој Macbook Air со M1 чип купен 2021 уште работи како нов. Моменталниот 16 инчен Macbook Pro што ми е за работа го користам 2 цели работни денови пред да треба да помислам да го врзам на полнач, а баш би сакал да знам кој Андроид уред од 2018 ја има добиено најновата верзија на Андроид.

Имаше еден период во 2020та кај што тогашниот Macbook Pro ми беше на сервис за да сменат тастатурата, па една недела користев десктоп Линукс за работа. Ако тогаш не си пресудив, нема никогаш.

Не знам зошто таква импресија си добил, ама Линукс е најдобра дивелопмент околина, особено ако се бавиш со контејнери, оркестрација (Кубернетес), и општо ако те интересира како работи на пониско ниво, пример како се прави изолацијата со namespace, cgroups.

Мене мекОС ми прави мерак што добивам скоро се што имам на Линукс, без да се замарам дали ќе работат сите драјвери (пример на стариот лаптоп не ми работеше камерата), дали ќе биде оптимизирано, и најмногу од се батеријата. Тоа што ме нервира е што уште немаат огранчување на полнењето на батерија, на Тинкпадот си наместив колку посто сакам да ми ја полни бидејќи најчесто ми е на док, а Мекот демек користи АИ за да предвиди кога да ја полни до крај кога до 80%, ама кај мене тоа мн лошо работи и скоро секогаш ја полни до крај.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14986 на: 20 Декември 2024, 12:32:26 pm »
Од виндовс се префрлив на мак 4 години за пак да се вратам на виндовс.
Искрено разликите се минимални и секој од системите има предности и минуси. И далеку од тоа дека се пресудни за продуктивноста.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
    • ibiz.mk
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14987 на: 20 Декември 2024, 12:37:16 pm »
Од виндовс се префрлив на мак 4 години за пак да се вратам на виндовс.
Искрено разликите се минимални и секој од системите има предности и минуси. И далеку од тоа дека се пресудни за продуктивноста.

Новите Мак имаат ненормално добра батерија, тоа само им е плус :D

инаку за контејнери линукс, али моментално пробуваме и работиме преку Windows со powerShell, подсистем Linux

и прилично океј е

И се подновив со држач за маса, копија на lagun

https://www.youtube.com/watch?v=IUQLIhD-vWE
« Последно менување: 20 Декември 2024, 12:53:03 pm Tomce »

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3877
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14988 на: 20 Декември 2024, 18:02:22 pm »
Од виндовс се префрлив на мак 4 години за пак да се вратам на виндовс.
Искрено разликите се минимални и секој од системите има предности и минуси. И далеку од тоа дека се пресудни за продуктивноста.

Новите Мак имаат ненормално добра батерија, тоа само им е плус :D


Windows нема батерија.  За Јаболка со Јаболка споредба прво парите на маса https://www.youtube.com/watch?v=Jdce0Ob3mUs. Се работи добро и на двете платформи, за тој што сака да работи. Не спорам дека MacBook e лош, всушност како продукт хардверски е супер квалитетен.  На Win не сум работел одамна во рангот на цена што ја има MacBookot што го користам, но од аспект на продуктивност ми нема сериозна разлика во контекст цена/перформанси. Да не речам се работи веќе за навики и преференции.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14989 на: 20 Декември 2024, 18:30:48 pm »
Мекот има најлош лејаут на тастатура.
Најлош таскбар на свет.
Нема усбА.
Најлоши шорткати на свет.
Најнедескеиптивни команди на свет.

Од друга страна:

Има маестрална батерија.
Беспрекорен екран.
Неприкосновен стендбај.

Е сега, што е пресудно...

Windows ако земеш Асус зенбук Олед со 400+нита, рајзен, и батерија 67-99wh добиваш, best of all worlds. Само останува стендбајот да го имаш осакатен. Другото се е џам. За 2024 тоа е, понатака ќе видиме.

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1077
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14990 на: 20 Декември 2024, 19:59:47 pm »
Интересна опција посебно за луѓе ко мене шо немат зимски гуми туку гуми за сите сезони во случај да си негде и  заврни снег на плетваро/ѓавао....  ;D
https://carbox.mk/product/plasticni-stegi-za-sneg-10-kom-948201/

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14991 на: 20 Декември 2024, 20:56:05 pm »
Се запнале сите за батерија та батерија. После мак бук про и леново тхинкпад сфатив дека 95 проценти од времето работам на биро со два монитори и само на лаптопот не сум воопшто продуктивен. Затоа сега си земав десктоп и два супер монитори од кои едниот ми е квм и со едно копче си префрлам десктоп или лап топ.
Можеби да го немав лап топот немаше да изиграм така но и во таква ситуација еден најефтин хромбук и со ремоте ќе се приклучам на десктопот за тие неколку пати во годината кога ќе ми притреба.

Тишината сега што ја имам со десктопот е непроценлива она лаптопот на нерви ми идеше.

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2080
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14992 на: 20 Декември 2024, 21:51:52 pm »
Пентијум 3ка најбољи кој разбра-разбра сФе ово остало три тачке …

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14993 на: 20 Декември 2024, 22:02:33 pm »
Ако се сака се може:
https://www.notebookcheck.net/Fujitsu-unveils-FMV-Zero-WU5-J3-World-s-lightest-14-inch-laptop-with-AI-NPU-and-rugged-carbon-fiber-body.901744.0.html

Страшно. Нехумано е дека ова постои на планетава.


@AUUU ова ли беше?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14994 на: 20 Декември 2024, 22:34:10 pm »
Ако се сака се може:
https://www.notebookcheck.net/Fujitsu-unveils-FMV-Zero-WU5-J3-World-s-lightest-14-inch-laptop-with-AI-NPU-and-rugged-carbon-fiber-body.901744.0.html

Страшно. Нехумано е дека ова постои на планетава.


@AUUU ова ли беше?
Да, да, баш ова. Стариот го имам јас, врвна изработка, врвен екран, исто 600 и кусур грама.

Ако иде некој за Јапан да му дадам пари да ми го земе овој, нема веќе Фуџицу во Европа.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14995 на: 21 Декември 2024, 21:29:03 pm »
Мене мекОС ми прави мерак што добивам скоро се што имам на Линукс, без да се замарам дали ќе работат сите драјвери (пример на стариот лаптоп не ми работеше камерата), дали ќе биде оптимизирано, и најмногу од се батеријата. Тоа што ме нервира е што уште немаат огранчување на полнењето на батерија, на Тинкпадот си наместив колку посто сакам да ми ја полни бидејќи најчесто ми е на док, а Мекот демек користи АИ за да предвиди кога да ја полни до крај кога до 80%, ама кај мене тоа мн лошо работи и скоро секогаш ја полни до крај.

Горе долу тоа ќе да е разликата, дали се ќе биде средено или ќе треба малку да се помачиш (читај да научиш) како да си потсредиш работите сам. Ама успат ќе научиш и да си ги наместиш работите баш како што тебе ти одговара, да си кастомизираш било што било како, наместо да прифатиш нешто што ќе ти го наметнат дизајнерите на голема корпорација.

Ете ти двата света си ги видел, па си одбрал врз основа на тоа искуство и на специфичните потреби што ги имаш. Повеќето одбираат врз други основи.

Обично луѓето без истражување (што им треба, што сакаат) ќе набодат рандом линукс дистро (убунту најверојатно) и очекуваат да добијат слично искуство со тоа што го имале дотогаш (виндовс/мек). И тогаш кога ќе ги дочека тоа гномот од убунту (ни јас не можам да го смислам тој workflow), тогаш по форуми се пишуваат „тешко говно од ОС“ коментари. А за Линукс има десетци декстоп околини, од кои повеќето можеш да ги кастомизираш од било кој аспект и било што.

Секому неговото, ама некогаш треба да се излезе малку од зона на конфор. Или барем малку реално да се погелда па да се увиди дека таа зона и не е толку комфорна. Па усраниот виндовс веќе со години има толку смарања од самиот систем, буквално реклами во таксбарот, натурање на глуп броусер и глуп search engine, и куп други срања како телеметрија, апдејти кои усеруваат куп подесувања и прават проблеми, итн... Да не гледам што е таму „комфорно“. Јас искрено виндовс можам да го користам само со претходно касапење на пола активни компоненти, а морам на работа да го користам па не е дека не сум во тек што се дешава.

Мек никогаш не сум користел, и очигледно е дека мора да има квалитет во искуството што има луѓе што го претпочитаат, ама очигледно е дека истовремено во голема мера (ако не и одлучувачкиот дел од одлуката за користење) е статусниот симбол што Мек го претставува. Нешто слично како нивните телефони, и сите други геџети. Квалитетни се, ама ни блиску колку што се поскапи од конкурентскиот споредлив хардвер.

За мене важно е и тоа што на виндовс и на мек, не сум газда на моите податоци. Не дека имам нешто да кријам, ама зошто да плаќам за некој да прави пари од мои податоци. На пример случај со колегите, се гледа документарец и се зборува нешто за Аљаска како е тешко да се работи на платформите за вадење нафта, следно седување на декстоп, на рандом веб сајт идат реклами за работа во Аљаска, на платформи за вадење нафта.  :-[
« Последно менување: 21 Декември 2024, 21:34:20 pm Van »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43719
  • Il Moderatore
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14996 на: 21 Декември 2024, 23:16:58 pm »

Одлично машинче. Препорака!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.