Па добро, не е дека секоја втора година купуваш конзола
Мојон Голиат од Анхоч, ене го, Франкенштајн, поише од 15 години веќе, сечен/лепен/монтиран
Секако дека одамна не одат повеќето игри на него, ама па, имајќи го Плејстејшнот, не би се дрзнал да се офрчам 2000 евра (или повеќе) за прописна гејминг конфигурација.
Од друга страна ми се свиѓа што нема премногу експериментирање со конзолите, него за поновите технологии и ствари, ќе си чекаш следна генерација, или некоја „Про“ изведба.
Арно ама, ако си „забеган“ гејмер и мораш да имаш „задња реч технике“ од ПЦ, онда многу почесто ќе треба да испљукуваш солидна сума пари, без разлика дали на ново или на старо ќе набавуваш компоненти.