Веќе неколку години користам од Xiaomi Т500, пред некоја година ја платив околу 2000 денари, плус ептен на попуст беа и заменските глави, се изнакупив од нив за по 79 денари.
Моментално претпоследната ја користам, треба нови да набавувам...
Првично миењето со ел. четка ми беше чудно, но брзо се навикнав. Во навиикнувањето ми помогна и тоа што од почеток ја имав сетирано за понежно миење...
Ми се свиѓа што преку апликација сам си правиш програм за четкање каков тебе што ти одговара:
- местиш првите 10 секунди да не почне со турбо брзина и да прскаш на сите страни;
- сам си местиш со кој интензитет да четка;
- сам си сетираш колку долго да трае четкањето;
- додаваш дополнителни 30 секунди со различно четкање од претходното;
- ти дава сигнал во устата на секои 30 секунди за подобро планирање на четкањето;
- реагирна на поголем притисок и прекинува со работа;
- прави анализа и ти кажува кој дел од забите пропушташ да го четкаш...