Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 3137827 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11135
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22365 на: 20 Февруари 2026, 08:27:32 am »
мислев
поисплатливо е во секој случај отколку да ренташ било каква друга недвижност

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5386
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22366 на: 20 Февруари 2026, 19:09:10 pm »
Најголем проблем е што дозволија да се направат толку многу зградички низ центар. Јас пред некоја недела шетав низ Дебар Маало, 18 години живеам Скопје, слабо се движам во тој регион и реално не можев да се доначудам колку многу такви мали 3-4 спрата зградички се направени.

Е сеа во сите тие зградички по еден да има „Не ми треба паркинг место“ и еве ви проблем.

Градот/Општина Центар требаше уште 2010 година да прогласи мораториум за градење во Центар се додека не се решат проблемите со паркингот, со големи и добро позиционирани катни паркинзи.

Да речеме, Солун ПОЛНО е катни гаражи низ центарот. Буквално во секој кварт има катни гаражи на 4-5 спрата и улиците се растеретени.

Исти кyp е секаде, еве во Тафталиџе 2/Нерези/Карпош 4 еден куп такви згради од 5-6 спратови никнаа и посебно сега се прават еден куп... Проштален поздрав од кypтонот Стевче. Таму на појасот до Вардар меѓу двата моста (од страна на Карпош) повеќе згади се градат истовремено.

Тоа што се дешаваше прво до Дебар маало па во Кисела вода, сега х 10 се дешава во Карпош.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10509
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22367 на: 20 Февруари 2026, 19:28:49 pm »
После 30 и кусур години, вчера и денес се возам со автобус низ градов и можам да разгледувам.
Градов е гној!

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8314
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22368 на: 20 Февруари 2026, 22:32:50 pm »
Благодарение на селоначалникот и управата на Кавадарци, истиот стана неподнослив за живот и возење.

Сите улици се едносмерни, за да стигнеш некаде треба да си вртиш, вртиш...
Сите едносмерни улици се двосмерни.
Оваа е едносмерна нагоре, не чекај, дај надоле нека биде едносмерна. а фју викс лејтер, не, нагоре нека биде.
Де бе шо го ебам ја тука живеам наваму че фанам.

У која и улица да влезеш, од спроти е блокирана, а едносмерна е.
Едносмерна е од причина што тешко би се разминале 2 коли, а сепак паркираат на коловоз.

У секоја едносмерна улица има железари, мини маалски маркетчиња, механичарски, браварски работилници, фризерај, нокти... Безброј причини за да се паркираш на коловоз или тротоар.

Тротоарите се по 28цм широки, ако воопшто ги има.
Тротоарите на булеварите кај шо ги има, се пиљари и драјв бај на маркети.
Новите згради со градежна дозвола 2024-2025-2026 имаат тераси на коловоз. Каде што има тротоари обавезно има маркет и тротоарот е паркинг. Најнов пример новиот Жито маркет.

Деловите накај што требаше да се шири градот, кој како стигне си прави паркинг за камиони, плац за коли, фарми... Да сакаш куќа да градиш во нова населба, може да се ебеш у дупе.

Важно инспекторите уживаат во функциите и со носот ќе удрат во некој Боинг 767.
Мал колаж од број еден транспарентната општина во МК.

Да не мислите дека е нешто посебно нашиот селоначалник.

Ми скурчи ептен.