Мене мекОС ми прави мерак што добивам скоро се што имам на Линукс, без да се замарам дали ќе работат сите драјвери (пример на стариот лаптоп не ми работеше камерата), дали ќе биде оптимизирано, и најмногу од се батеријата. Тоа што ме нервира е што уште немаат огранчување на полнењето на батерија, на Тинкпадот си наместив колку посто сакам да ми ја полни бидејќи најчесто ми е на док, а Мекот демек користи АИ за да предвиди кога да ја полни до крај кога до 80%, ама кај мене тоа мн лошо работи и скоро секогаш ја полни до крај.
Горе долу тоа ќе да е разликата, дали се ќе биде средено или ќе треба малку да се помачиш (читај да научиш) како да си потсредиш работите сам. Ама успат ќе научиш и да си ги наместиш работите баш како што тебе ти одговара, да си кастомизираш било што било како, наместо да прифатиш нешто што ќе ти го наметнат дизајнерите на голема корпорација.
Ете ти двата света си ги видел, па си одбрал врз основа на тоа искуство и на специфичните потреби што ги имаш. Повеќето одбираат врз други основи.
Обично луѓето без истражување (што им треба, што сакаат) ќе набодат рандом линукс дистро (убунту најверојатно) и очекуваат да добијат слично искуство со тоа што го имале дотогаш (виндовс/мек). И тогаш кога ќе ги дочека тоа гномот од убунту (ни јас не можам да го смислам тој workflow), тогаш по форуми се пишуваат „тешко говно од ОС“ коментари. А за Линукс има десетци декстоп околини, од кои повеќето можеш да ги кастомизираш од било кој аспект и било што.
Секому неговото, ама некогаш треба да се излезе малку од зона на конфор. Или барем малку реално да се погелда па да се увиди дека таа зона и не е толку комфорна. Па усраниот виндовс веќе со години има толку смарања од самиот систем, буквално реклами во таксбарот, натурање на глуп броусер и глуп search engine, и куп други срања како телеметрија, апдејти кои усеруваат куп подесувања и прават проблеми, итн... Да не гледам што е таму „комфорно“. Јас искрено виндовс можам да го користам само со претходно касапење на пола активни компоненти, а морам на работа да го користам па не е дека не сум во тек што се дешава.
Мек никогаш не сум користел, и очигледно е дека мора да има квалитет во искуството што има луѓе што го претпочитаат, ама очигледно е дека истовремено во голема мера (ако не и одлучувачкиот дел од одлуката за користење) е статусниот симбол што Мек го претставува. Нешто слично како нивните телефони, и сите други геџети. Квалитетни се, ама ни блиску колку што се поскапи од конкурентскиот споредлив хардвер.
За мене важно е и тоа што на виндовс и на мек, не сум газда на моите податоци. Не дека имам нешто да кријам, ама зошто да плаќам за некој да прави пари од мои податоци. На пример случај со колегите, се гледа документарец и се зборува нешто за Аљаска како е тешко да се работи на платформите за вадење нафта, следно седување на декстоп, на рандом веб сајт идат реклами за работа во Аљаска, на платформи за вадење нафта.