Автор Тема: Што си купивте / сакате да си купите  (Прочитано 2027164 пати)

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14745 на: 04 Ноември 2024, 11:09:43 am »
lugje se mislam da zemam robot pravosmukalka... imate/koristite/kako ste zadovolni?

vo momentov imaat golem popust xiaomi x10 vo setec i philips xu 3000/01 vo neptun. vredi da se frlat 20tina iljadi ili dzabe kje si trosham pari a pak kje treba da vrvi nekoj so rachna pravosmukalka?

Користиме iRobot 651 веќе 8 години. Топ направа и тоа од старите модели е, што го учи просторот, го мапира со негово шетање, ама пак супер чисти... Понапредни модели што го мапираат просторот од старт пред да почнат со чистење, се уште поефикасни.
Уште при дизајнирање на мебелот во станот го планиравме за робот, речиси цел намештај е така направен да роботот се пика под гарнитурата, спалната, кујната, детските кревети... и чисти таму каде што со обична правосмукалка треба прво да го разместуваш цел мебел.
Бонус на роботите е што со страничната четка чисти на места каде што обичната правосмукалка не може (под лајсни, врати, намештај...), а со гумената четка допира на паркетот што му доаѓа и како еден вид на негово полирање...

Дали пак би земал робот правосмукалка? - секако, без размислување. Само секако наредна со понапредни опции за мапирање на простор, паметни граничници каде да чисти, известувања по телефон, команди и слично... Сум размислувал и за џогирање, ама не сум разгледувам модели за тоа и како се однесуваат. Малце ми е шубе со вода да го пуштам да се шета низ станот ;)

Робот правосмукалки, обично што се многу евтини, што работат на принцип на детски колички се удираат од просторот и продолжуваат во друг правец - избегнувај, за нив е џабе фрлање на пари...

П.С. iRobot барем порано јас кога земав (тогаш беа и единствениот избор на паметни правосмукалки кај нас), беа составени од модули. Така да нивно одржување и поправање е многу лесно. Буквално сам можеш да си го смениш расипаниот дел. На мојата, за овие 8 години, е поправано само еден подуен кондензатор на полначот (земана, сам си го одлемив/залемив, а тоа првпат во живот го правев), и моторот со страничната четка (оригинал беше 1800 денари)...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14746 на: 04 Ноември 2024, 11:37:48 am »
има ли некоја доволно смарт што ќе се спријатели со пес и да не се тепаат додека работи?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14747 на: 04 Ноември 2024, 11:51:16 am »
Жена.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Macedonia
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14748 на: 04 Ноември 2024, 11:54:13 am »
lugje se mislam da zemam robot pravosmukalka... imate/koristite/kako ste zadovolni?

vo momentov imaat golem popust xiaomi x10 vo setec i philips xu 3000/01 vo neptun. vredi da se frlat 20tina iljadi ili dzabe kje si trosham pari a pak kje treba da vrvi nekoj so rachna pravosmukalka?

Јас имав iRobot Roomba i7. Ко демек идејата беше да не се замара чоек редовно со усисување влакна од кучето, ама така така... Многу често знаеше да заглави покрај столчиња, или на ногарки, не собираше баш најсјајно итн...
Би рекол дека не е замена за „нормален“ усисувач. Или барем таа јас што ја имав, не беше замена за усисувач, и пошто требаше делови од мебелот да ги преместувам и тргам за да може да помине на сегде, ја продадов за релативно краток период.

Јас лично, не би препорачал. Пре би регуларен усисувач, него ли „робот“.

твоето искуство ми звучи на лошо поради послабите сензори што ги имала правосмукалката. Јас со моето искуство што го споделив погоре со роботската од Xiaomi ги нема тие маани што ги посочи. А сигурно има и уште подобри модели и од таа.

Убаво е да се има роботска и многу ја намалува потребата да се замараш на секое, но не е целосна замена на обична правосмукалка. Понекогаш пак ќе си фатиме правосмукалка самите за да се поминат некои зезнати места што не можела да ги помине роботската.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14749 на: 04 Ноември 2024, 11:55:32 am »
Жена.
Кучето не каса, пази се од газдарицата.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14750 на: 04 Ноември 2024, 12:49:34 pm »
lugje se mislam da zemam robot pravosmukalka... imate/koristite/kako ste zadovolni?

vo momentov imaat golem popust xiaomi x10 vo setec i philips xu 3000/01 vo neptun. vredi da se frlat 20tina iljadi ili dzabe kje si trosham pari a pak kje treba da vrvi nekoj so rachna pravosmukalka?

Јас имав iRobot Roomba i7. Ко демек идејата беше да не се замара чоек редовно со усисување влакна од кучето, ама така така... Многу често знаеше да заглави покрај столчиња, или на ногарки, не собираше баш најсјајно итн...
Би рекол дека не е замена за „нормален“ усисувач. Или барем таа јас што ја имав, не беше замена за усисувач, и пошто требаше делови од мебелот да ги преместувам и тргам за да може да помине на сегде, ја продадов за релативно краток период.

Јас лично, не би препорачал. Пре би регуларен усисувач, него ли „робот“.

твоето искуство ми звучи на лошо поради послабите сензори што ги имала правосмукалката. Јас со моето искуство што го споделив погоре со роботската од Xiaomi ги нема тие маани што ги посочи. А сигурно има и уште подобри модели и од таа.

Убаво е да се има роботска и многу ја намалува потребата да се замараш на секое, но не е целосна замена на обична правосмукалка. Понекогаш пак ќе си фатиме правосмукалка самите за да се поминат некои зезнати места што не можела да ги помине роботската.

Можно е, појма неам... Тогаш ја купив како подобар модел, од подобар производител. Арно ама, секој пат пред пуштање, требаше да тргам фотеља, кабли, да ги разместувам столчињата од трпезариската маса итн итн.

Ја пуштав да прави мапи, па одново да праи, па рекалибрација, па што ти ја знам... На тепих немаше абер (мада тепих си бара појака усисувачка моќност), а на плочки беше релативно океј. За волја на вистината, убаво ги собираше и „компресираше“ влакната од кучето.

Меѓутим, помини замини, блинг! нотификација дека заглавила негде... Или на ногарките од фотељата (Поанг од Икеа, ваљда ја знаете), или на ногарките од трпезариската маса... Ме фати скурч и ја продадов.

Земав Dyson V12 со додатоци, и на старо уште пред пар години си земав Rainbow E3. Јас лично позитивно се изненадив од перформансите на Дајсонот, пошо бев троа скептичен, а Rainbow-от влага во игра кога треба поасолно или потемелно чистење на некои површини, пошо е поприлично кабаста.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14751 на: 04 Ноември 2024, 13:13:10 pm »
има ли некоја доволно смарт што ќе се спријатели со пес и да не се тепаат додека работи?
Мир и хармонија ќе владее низ дома кога ќе се искака песот некаде и правосмукалката го размачка говното низ цел стан :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14752 на: 04 Ноември 2024, 14:23:57 pm »

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14753 на: 09 Ноември 2024, 23:45:29 pm »
Се почастив со јакна вчера, Regatta Salinger IV Dark Khaki.
Многу ме бендиса а и имам таква боја софтшел, Cera V ка. Очекував подебела да биде за 6.500, ама се надевам дека ке топли, барем така пишуваат. :))

Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14754 на: 10 Ноември 2024, 12:58:39 pm »
RayBan Wayfarer (RB2140 902/57 50-22)



Ги порачав и платив од тука, ќе ги испорачаат до Чикаго, па ќе ми ги донесат наваму за некој месец. Поларизирани не сум носел до сега.
Го имам веќе истиов модел од 2017-та (исто купени од Jomashop), само во варијанта со црна рамка и зелени (G-15) стакла.
Цена - 125$ од Jomashop.com

---------------------------------------------

Смарт телесна вага Xiaomi Body Composition Scale S400 од Ми-Стор.
Цена - 1700 денари.



Има фини параметри, мада не знам колку се точни. Се поврзува со Bluetooth со Mi Home апликацијата за мобилен, повеќе ми беше автоматски да ми ги синхронизира мерењата, не да запишувам рачно.
Моментална килажа - 79kg, а бев 108kg до пред 5 години (не константно толку дебел, тоа ми беше максимумот).
До пред некој месец бев до некое плато од 82-84kg, успеав да го пробијам и стигнав до 78.2kg. Не вежбам активно, знам да пропешачам, терам кето и мерам калории...
« Последно менување: 10 Ноември 2024, 13:06:51 pm balanar »

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14755 на: 10 Ноември 2024, 15:55:29 pm »
Шо?! Не ве слушам,многу  е јака Шкодата!  8)



П.С. Се шалам, мал сум за Шкода јас, колиште е ова бе :(
« Последно менување: 10 Ноември 2024, 16:01:18 pm Ipkisija Meskosa »

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14756 на: 10 Ноември 2024, 16:01:59 pm »
RayBan Wayfarer (RB2140 902/57 50-22)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ги порачав и платив од тука, ќе ги испорачаат до Чикаго, па ќе ми ги донесат наваму за некој месец. Поларизирани не сум носел до сега.
Го имам веќе истиов модел од 2017-та (исто купени од Jomashop), само во варијанта со црна рамка и зелени (G-15) стакла.
Цена - 125$ од Jomashop.com

---------------------------------------------

Смарт телесна вага Xiaomi Body Composition Scale S400 од Ми-Стор.
Цена - 1700 денари.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Има фини параметри, мада не знам колку се точни. Се поврзува со Bluetooth со Mi Home апликацијата за мобилен, повеќе ми беше автоматски да ми ги синхронизира мерењата, не да запишувам рачно.
Моментална килажа - 79kg, а бев 108kg до пред 5 години (не константно толку дебел, тоа ми беше максимумот).
До пред некој месец бев до некое плато од 82-84kg, успеав да го пробијам и стигнав до 78.2kg. Не вежбам активно, знам да пропешачам, терам кето и мерам калории...


Ќе се преродиш со поларизирани, поготово додека возиш.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14757 на: 10 Ноември 2024, 16:24:59 pm »
Фала @t0m1cA , мислам дека потсвесно за тоа и ги порачав, плус за покрај вода/снег...

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14758 на: 10 Ноември 2024, 16:59:06 pm »
RayBan Wayfarer (RB2140 902/57 50-22)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ги порачав и платив од тука, ќе ги испорачаат до Чикаго, па ќе ми ги донесат наваму за некој месец. Поларизирани не сум носел до сега.
Го имам веќе истиов модел од 2017-та (исто купени од Jomashop), само во варијанта со црна рамка и зелени (G-15) стакла.
Цена - 125$ од Jomashop.com


Од Солун имам земено Wayfarer црни, 120 еур и на тоа земав поврат на ДДВ.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14759 на: 10 Ноември 2024, 17:18:16 pm »
Шо?! Не ве слушам,многу  е јака Шкодата!  8)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

П.С. Се шалам, мал сум за Шкода јас, колиште е ова бе :(

Ајде Ипкис, ти то можеш 😁