Onak, нема врска што се дешава во трафостаницата со фид склопката дома. Од трафо до дома ми стигаат три фази и неутрал (нула). Заземјувањето сам си го изведувам, на мојот објект. Заземјувањето завршува со сонда закопана во земја во мојот двор. Тоа што е правено во трафостаницата во никој случај не ги менува работите околу начинот на работа на фид стклопката кај мене дома.
Да дополнам: Принципот на работа на фид склопката, воопшто не е врзан со заземјувањето. Заземјувањето е башка муабет.
Се` што е битно за фид склопката да биде стабилна (да не окине) е збирната струја на 3-те фази да биде еднаква на струјата што поминува низ неутрал (затоа на фид-от има конектори за трите фази и за неутрал, а нема за заземјувањето). Ако настане разлика (односно низ некоја фаза преку потрошувач, кој што не е врзан на N, протече струја, на пример човек допре гола жица од фаза), тогаш ќе настане разлика, односно повеќе струја ќе има низ фазите, отколку што се вратила низ нулата. и ќе окине односно ќе исклучи.
Значи, она што се дешава позади фид склопката е битното. Од трафо до сандаче, ич не е битно (за принципот на работа на фид-от).