Можеби на некој ќе му се најде, поврзано со прашањето погоре -
Доколку се врши замена на странска возачка дозвола која била издадена како замена на македонската (возачот првпат полагал во Македонија) - не е потребен превод, се пополнува директно барање за издавање на возачка дозвола и изјава во соба 26 во МРТ (за Скопје) и се остава странската возачка дозвола, која по службена должност МВР ја враќа во матичната држава на издавање.
Доколку се врши замена на странска возачка дозвола каде возачот полагал во странство, тогаш е потребен предвод, заведен на нотар и дополнителна документација каде го докажувате вашиот престој во странство во перидот кога странската возачката дозвола била издадена.
По завршување на постапката во соба 26, со документите одите и чекате ред за сликање во кабина 10, каде што на ПОС терминал може да се уплати административната такса и трошоците за издавање на возачка дозвола.
Џабе дадов ~1000 ден. за превод/нотар, ама јебига, сметав дека тоа што е напишано на сајтот на МВР е валидно (делумно е, ама не во секој случај).
