Автор Тема: Мајстории по дома....  (Прочитано 108759 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #15 на: 08 Август 2014, 00:14:02 am »
Заземјување се прави на објект, а не на трафостаница. Мојата куќа има поцинкована жица околу цел периметар на куќата. Во старата куќа копавме дупка и спирално поставивме поцинкована жица, кога ја менувавме струјната инсталација (која беше без заземјување) Се знае како се изведува заземјување, си има стандарди за тоа.  Ако имаш нуловање, е исто како да немаш заземјување.

Едит: Мислам дека повеќето објекти по 1970 што се правени, се правени со прописно заземјување. Барем јас она што сум го видел. А и доста постари сум видел со прописно заземјување.

очигледно не си информиран... ВО трафостаница, 99% од нулите се нуловани СО заземјување изведено од трафостаницата... а тоа малку ги менува работите околу начинот на работењето на фид склопките... кои патем речено кај нас ги викаат фиТ склопка ама нема везе, небитно е тоа.. немој сега одма линкови од речници од цел свет да ми вадаиш.. аман... нај релевантни се странските линкови за домашната употреба на збор...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #16 на: 08 Август 2014, 00:36:29 am »
Onak, нема врска што се дешава во трафостаницата со фид склопката дома. Од трафо до дома ми стигаат три фази и неутрал (нула). Заземјувањето сам си го изведувам, на мојот објект. Заземјувањето завршува со сонда закопана во земја во мојот двор. Тоа што е правено во трафостаницата во никој случај не ги менува работите околу начинот на работа на фид стклопката кај мене дома.

Да дополнам: Принципот на работа на фид склопката, воопшто не е врзан со заземјувањето. Заземјувањето е башка муабет.
Се` што е битно за фид склопката да биде стабилна (да не окине) е збирната струја на 3-те фази да биде еднаква на струјата што поминува низ неутрал (затоа на фид-от има конектори за трите фази и за неутрал, а нема за заземјувањето). Ако настане разлика (односно низ некоја фаза преку потрошувач, кој што не е врзан на N, протече струја, на пример човек допре гола жица од фаза), тогаш ќе настане разлика, односно повеќе струја ќе има низ фазите, отколку што се вратила низ нулата. и ќе окине односно ќе исклучи.
Значи, она што се дешава позади фид склопката е битното. Од трафо до сандаче, ич не е битно (за принципот на работа на фид-от).
« Последно менување: 08 Август 2014, 00:52:57 am Simo - Carrier166 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #17 на: 08 Август 2014, 01:52:12 am »
Jas sreduvav stan pred nekoj mesec, majstorot mi rece deka vo spratnata tabla pokraj sklopka vgradil i aparatce za zazemjuvanje, postoi li takvo nesto ili tropa gluposti :)

Тропал веројатно. Склопката e помошно заштитно заземјување, да не продавал некој такви финти, или па и него да му ги продале.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #18 на: 08 Август 2014, 08:17:49 am »

Go znaes majstorot, menadzerot na gulabica, aj denovive kje te viknam na laden dab i da vidis so i kako stavil

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #19 на: 08 Август 2014, 09:23:17 am »
Меѓудругото ми треба мајстор или фирма што би можело да ми изведе нешто вакво:

Стаклото треба да биде баш дебело, а конструкцијата цврста и тешка.

Идеја кај би можел ова да го изведам? (Ќе биде по мој нацрт во поглед на димензии распоред)

Најверојатно би одел со три помали (како на првата слика што е).

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #20 на: 08 Август 2014, 10:00:45 am »
1. Стаклар за да ги направи и избуши стаклата по мерка.

2. Бравар за да ги изработи железата, и да ги склопи.

Под услов да е полно железо.

Проблемот е да се најде толку дебело стакло, па уште и затемнето, за изработка било кој мајстор ќе го среди. Се наоѓа лесно. И истото со металот, од што материјал да е изведено, парчиња метал да се поминат на машина со соодветните димензии. Дали ќе се алуминиум или ќе се нешто поегзотично е прашање. Каков финиш, дали четкан или мазен. Веројатно членот Осмица може да помогне за ова.

Сметај дека 3те стакла со дебелина од 2,5цм и 90цм на 40цм ќе тежат 70кг. Згора на тоа тежината на металните ногарки. Носивоста на секоја полица ако е добро изработен спојот ќе биде 200кг.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #21 на: 08 Август 2014, 10:05:26 am »

Знам што ми треба :) Не знам каде да ги најдам/направам.

Ме занима значи конкретни броеви и контакти од луѓе/фирми што би можеле ова да го изведат.

Стаклото треба да биде 19мм дебело.

Таквото стакло има носивост од 60кг по полица.

Сакам да направам копија на една германска фирма за вакви нешта, односно Spectral

Мене ми е соодветна HE серијата

http://spectral.eu/en/open-furniture/high-end/model-overview.html

За жал не можам да си приуштам да ги купам оригинал, затоа морам да пробам да направам реплика со сличен квалитет.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #22 на: 08 Август 2014, 10:10:41 am »
Имам надзор по дома ;) Правило е, кога одиш на одмор да не оставаш лесно расипливи работи во фрижидер, имал/немал фид. Ама тоа е друг муабет ;) Ме интересира зошто кај нас не е потребно FID заштита и каде би било потребно. Нема, нема, па во весник ќе прочитаме дека го потепало неого струја до бојлер, од ограда на летна тераса и слични глупости, каде 30мА фид би спасила живот...

фид склопка нема да исклучи ако те потепа струја од бојлер или ограда-тераса... фид склопката исклучува при спој и проток на струја (колку што пишува на нејзе, да ре.е 30 милиампера) помеѓу фаза или нула кон заземјување...  ако на бојлерот нема заземјување врзано, џабе е фидот... ако на оградата од тераса нема заземујавње, џабе е фидот... чак што више, човечко тело е во просек околу 800 ома отпор, а тоа за фид склопката не е спој туку е електричен потрошувач. фид склопката треба да исклучи пред да се појави струјата на опасното место (бојлер, рингла, штекер во тоалет... итн) плус, фид склопка нај паметно е да се поврзе САМО на деловите од објектот кај што има спој на струја и вода.. значи купатило и кујна... остатокот од станот непотребно е да се поврзува.. како што рече сале, сијалица ке прегоди и склопката ке исклучи... глупаво е тоа...

Фид-склопката ја мери разликата од струите низ сите фази и струјата низ нултиот проводник. Ако таа разлика е поголема од назначената гранична вредност на склопката на пр. 30 мА - склопката исклучува.

Тоа значи дека одредена струја „избегала“ кон земја и не се затворила преку нулата. И нема разлика дали има заземјување или не, зашто струјното коло преку човек мозе да се затвори преку под, ограда, тревник, влажен под ... директно во земја.

Фид-склопката често знае да исклучи при вклучување на големи индуктивни товари поради мало поместување на струјниот ток.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #23 на: 08 Август 2014, 10:13:29 am »
Кај мој пријател кога му беше исклучено појачалото подолго време, и кога сакаше да го вклучи, обавезно му се исклучуваше склопката. Па едно два-три пати уклучи исклучи појачалото (и исклучи-уклучи склопката), на крај ќе се стабилизираше и не му гасеше.

Веројатно кај мене склопката ќе ја поставам само за инсталацијата во Купатило и Кујна минус Фрижидер (Kudos за СалеСК за овој драгоцен совет во врска со Фрижидерот).

Другите делови од станот нема да бидат закачени на склопката

Кога ова му го кажав на мајсторот, во комбинација на копање во Бетонско платно за пуштање нови кабли и вградување на дозни, само тивко подголтна... :)

Мајсторов е инаку добар, само многу спор.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #24 на: 08 Август 2014, 10:25:13 am »
Мислам дека еден мој другар можеби ќе може да ти направи нешто вакво, баш ќе зборам деновиве со него, ќе му покажам што бараш, не е лошо да пишеш некои спецификации, големина/димензии стакло/плексиглас, тоа што е алуминиум или железо итн ...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #25 на: 08 Август 2014, 10:26:28 am »
Засилувачите имаат големи трансформатори (а и други уреди) кои ја базираат својата отпорност на колото на индуктивен отпор. Додека не е формиран индуктивниот отпор (првата 1/50 од секундата) тие се краток спој. Имаат голем пик на струја при палењето зошто отпорноста на жицата е екстремно мала и протекува +10 пати поголема струја во тој момент. Затоа и при палење на трансформатор во штекер се сецнуваат сите светилки на таа фаза. Затоа кај такви потрошувачи мора да се користат спори осигурувачи кои се предимензионирани од потрошувачот за 3-4 пати за да не откажуваат при секое вклучување.

Мислам дека еден мој другар можеби ќе може да ти направи нешто вакво, баш ќе зборам деновиве со него, ќе му покажам што бараш, не е лошо да пишеш некои спецификации, големина/димензии стакло/плексиглас, тоа што е алуминиум или железо итн ...
Се надевам нема да е железо во ниеден случај.  ::)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #26 на: 08 Август 2014, 10:29:33 am »

Тоа значи дека одредена струја „избегала“ кон земја и не се затворила преку нулата. И нема разлика дали има заземјување или не, зашто струјното коло преку човек мозе да се затвори преку под, ограда, тревник, влажен под ... директно во земја.

Фид-склопката често знае да исклучи при вклучување на големи индуктивни товари поради мало поместување на струјниот ток.

Ако ФИД от се инсталира на инсталација што нема никакво заземјување, ФИД-от нема да функционира. Ни преку тест копче ни па на време, поголема струја од пропишаната, ...итн. Доста случаи сум гледал во Бараки ставале ФИД склопка и мислеле дека им е решено заземјувањето, а оно склопката таму за украс им стои оти нема никаква функција.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #27 на: 08 Август 2014, 10:30:59 am »
ЈАЦА за стакло. http://www.jaca.com.mk/#!/ (споричок нешто сајтов...)

За инокс профилите, не знам кај да ти препорачам, ама види по овие за мебел што се мегатехна, политехна или слични, кај што имаат ногарки за маси, може да искомбинираш вакви работи. Има куси ногарки за ниски масички, should work...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #28 на: 08 Август 2014, 10:33:56 am »

Ако ФИД от се инсталира на инсталација што нема никакво заземјување, ФИД-от нема да функционира. Ни преку тест копче ни па на време, поголема струја од пропишаната, ...итн. Доста случаи сум гледал во Бараки ставале ФИД склопка и мислеле дека им е решено заземјувањето, а оно склопката таму за украс им стои оти нема никаква функција.

Може со нуловање, само нуловањето да биде изведено пред фид-от.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 801
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #29 на: 08 Август 2014, 18:50:00 pm »
Меѓудругото ми треба мајстор или фирма што би можело да ми изведе нешто вакво:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Стаклото треба да биде баш дебело, а конструкцијата цврста и тешка.

Идеја кај би можел ова да го изведам? (Ќе биде по мој нацрт во поглед на димензии распоред)

Најверојатно би одел со три помали (како на првата слика што е).

Pratimi celosni dimenzii i karaktreistiki  na site materijali.Debelina ,nijansa na metal i staklo itn.Se pravi samo treba da gi proveram cenite