Автор Тема: Мајстории по дома....  (Прочитано 108755 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Мајстории по дома....
« на: 07 Август 2014, 08:05:00 am »
Правам некое ситно мајсторисување по дома, и имав прилика да прошетам по разно разни продавници вчера за електрика.

Споредував цени, понуда и слично.. Изненаден сум што во Меркур све што ме интересираше е поскапо од другите слични продавници, и има некако најштур избор.

Една од ситниците што се прави е промена на  табла со осигурачи и осигурачи од оној тип со бушони, на тип со автоматски осигурачи..

Ајде совет од поискусните:

1. Што марка на осигурачи да гледам? Ми нудат најевтина понуда за Шнајдер?

2. Кај табливе дали треба да пазам на нешто? Дали кај поевтините пожолтува пластиката после некое време? Дали воопшто вреди да трошам екстра пари за фирми како Легранд или да одам со евтините како на пример Технопласт (Српски се)? Купувам ова строго по изглед и функција, или ако купам некоја марка е гаранција дека нема да пожолти пластиката после некое време?

3. Каква ФИД склопка препорачувате? 40А спора е ок за нормален стан? (Нема проточен бољер)

Ме советуваа да за инсталација од купатило поставам уште една склопка, ама брза.. Мислење околу ова?


Некој друг совет? :) Продавници можеби што може да ми ги препорачате?
« Последно менување: 07 Август 2014, 08:19:57 am krell »

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #1 на: 07 Август 2014, 08:49:16 am »
Пред извесен период јас менував табла со автоматски осигурувачи и електричарот ми ги препорача ЕТИ (словенска марка-ги има во Електро елемент) од кој што имаш А, Б и Ц класа, односно А класа се брзи, Б класа се со средна брзина на исклучување и Ц класа се спори осигурувачи. По консултација со мајсторот ги земав Б класа и еве го 4-5 години немам никаков проблем.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #2 на: 07 Август 2014, 08:50:12 am »
ЛоЛ :)

Постојат неколку варијанти.
Јас што направив кај мене.
Купив таблички Хрватски, незнам кој производител, но тие највеќе ми се допаднаа на лик. :)
Осигурачи купив ETi, словенски се водат, а колку се словенски, господ знае. Битно сега за сега се ОК и немам проблеми со нив, освен со еден што беше фабрички расипан. Тоа се случува кај било кој бренд.
Инаку ако сакаш да опалиш пари за квалитетни осигурачи, во тој случај би ти ги препорачал ABB (EлектроРама).
Поефтина варијанта Legrand, мада незнам и тие дали се поефтини и  Shrack(Лекс).
Шнајдер незнам какви се, греВота е да те лажам.
За стан, куќа, нормална употреба сосема задоволуваат и ETi, како со цена, така и со квалитет. Ги има во Електроелемент, а мислам дека комплетно ако пазариш од таму ке ти испадне најефтино.

Фид склопка можеш да ставиш 40А, нема потреба од појака за стан, со тоа што брзината да е од 0,03А, односно 30mA.
Многу важно е да ти биде поврзана како што треба, во спротивно ке имаш проблем.
Јас дома имам две Фид склопки, заради конфигурацијата на инсталацијата која ја правев.
Едната ми е за комплетниот систем во кујната без фрижидерот!!! и купатилото, а другата ми е во котларата. Првата е 40А, а втората е 63А.
На останатиот дел од електричната инсталација не врзав Фид.
Може да се случи да ми изгори сијалица и да ми падне склопката. Или жената да уклучи усисивач додека гледам Тв или слично, да повторно ад падне Фид-от. Затоа решив само онаму кај што е најнеопходно да поставам склопка.
Фрижидер никогаш не се поставува на ФИД!
Замисли одиш на одмор, почне да грми или нешто се деси, и ти падне ФИД-от.
Дали имаш претстава што ке се случи за 10 дена со храната што е во него? :)

Ова се некој мои мислења. Ако те интересира уште нешто, слободно прашај.
Значи најде и мајстори?
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #3 на: 07 Август 2014, 12:17:12 pm »
И јас сеа кај мене скоро ја менував старата со нова..новата е српска табла со словенски осигурачи и ФИд 40А. Се се зеде по препорака на мајсторот..
П.С Само варди ја таблата т.с капакот, некако нежен ми гледа :)
New blood of old school

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Re: Мајстории по дома....
« Одговори #4 на: 07 Август 2014, 12:46:02 pm »
Три реновирања поминати со schrack комплет елементи, сеуште се нема појавено никаков проблем. Фид склопка не е неопходна кај нас иако по желба можеш да монтираш.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #5 на: 07 Август 2014, 12:58:04 pm »
nekojtamu, може да објасниш зошто кај нас не е неопходна и во кои ситуации би била неопходна?
Јас дома на цела инсталација имам 0,5А FID, на бојлерот во купатило ќе ставам 30mA.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #6 на: 07 Август 2014, 13:14:09 pm »
Simo, а ако ти падне фидофката коа си на одмор?
Што правиме со месото у фрижидер?
:D :D :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #7 на: 07 Август 2014, 13:21:59 pm »
Имам надзор по дома ;) Правило е, кога одиш на одмор да не оставаш лесно расипливи работи во фрижидер, имал/немал фид. Ама тоа е друг муабет ;) Ме интересира зошто кај нас не е потребно FID заштита и каде би било потребно. Нема, нема, па во весник ќе прочитаме дека го потепало неого струја до бојлер, од ограда на летна тераса и слични глупости, каде 30мА фид би спасила живот...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #8 на: 07 Август 2014, 13:36:51 pm »
Да не го тупам, еве има фино напишано што е и како е.
Ако некого го интересира што е и како е, може ад прочита.
http://www.noark-electric.rs/Bilten-161/Osnovni-principi-rada-FID-sklopke-i-njihovo-testiranje-226/

http://free-zg.t-com.hr/dk-osobno/elektroinstalacije.htm
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #9 на: 07 Август 2014, 14:40:45 pm »
Во речиси сите инсталации на запад сум приметил ФИД-склопка - изгледа инсталацијата е законски неопходна.
Кај нас не е, па и јас дома сеуште не сум ставил, иако целата инсталација со нови осигурачи е преправена пред преку 25 години.

Можеби најголемата причина за неставањето на склопка е употреба та на голем проточен бојлер. Стариот тип беше класичен, новиот ми е потполно електронски.

Ме интересираат Ваши искуства и сознанија за комбинацијата на ФИД-склопка и проточен бојлер.Не би сакал баш на секое тушурање, онака гол, да си трчкам до табла и ресетирам ФИД :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #10 на: 07 Август 2014, 21:59:32 pm »
Имам надзор по дома ;) Правило е, кога одиш на одмор да не оставаш лесно расипливи работи во фрижидер, имал/немал фид. Ама тоа е друг муабет ;) Ме интересира зошто кај нас не е потребно FID заштита и каде би било потребно. Нема, нема, па во весник ќе прочитаме дека го потепало неого струја до бојлер, од ограда на летна тераса и слични глупости, каде 30мА фид би спасила живот...

фид склопка нема да исклучи ако те потепа струја од бојлер или ограда-тераса... фид склопката исклучува при спој и проток на струја (колку што пишува на нејзе, да ре.е 30 милиампера) помеѓу фаза или нула кон заземјување...  ако на бојлерот нема заземјување врзано, џабе е фидот... ако на оградата од тераса нема заземујавње, џабе е фидот... чак што више, човечко тело е во просек околу 800 ома отпор, а тоа за фид склопката не е спој туку е електричен потрошувач. фид склопката треба да исклучи пред да се појави струјата на опасното место (бојлер, рингла, штекер во тоалет... итн) плус, фид склопка нај паметно е да се поврзе САМО на деловите од објектот кај што има спој на струја и вода.. значи купатило и кујна... остатокот од станот непотребно е да се поврзува.. како што рече сале, сијалица ке прегоди и склопката ке исклучи... глупаво е тоа...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #11 на: 07 Август 2014, 23:29:53 pm »
Ако некој врзал бојлер без заземјување, не очекувам дека разбира што е фид склопка. А дека спасува живот - спасува. Поготово 30mA.

http://en.wikipedia.org/wiki/Electric_shock#Magnitude


Фид склопката работи на принцип  колку струја влегува во струјното коло, толку треба и да излезе преку N
Цитат:  од eden od linkovite od sale
Prosto rečeno FID sklopka proverava da li je struja kroz fazni provodnik koja ulazi u kolo indentična struji koja izlazi iz kola, preko npr. neutralnog provodnika.
Ако ти ставиш потрошувач (човечко тело) помеѓу фаза и земја, повеќе струја ќе потече на влез (фазите), отколку што ќе потече низ неутралниот проводник. Ако таа струјна разлика е поголема од 30mA, тогаш FID склопката ќе исклучи. Живот спасен.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #12 на: 07 Август 2014, 23:38:22 pm »
а си прочитал ли на википедија што ке каже, ако “случајно“ имаш нулован систем, како што кај нас во државава се 99% од трафостаниците?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #13 на: 07 Август 2014, 23:48:31 pm »
Заземјување се прави на објект, а не на трафостаница. Мојата куќа има поцинкована жица околу цел периметар на куќата. Во старата куќа копавме дупка и спирално поставивме поцинкована жица, кога ја менувавме струјната инсталација (која беше без заземјување) Се знае како се изведува заземјување, си има стандарди за тоа.  Ако имаш нуловање, е исто како да немаш заземјување.


Едит: Мислам дека повеќето објекти по 1970 што се правени, се правени со прописно заземјување. Барем јас она што сум го видел. А и доста постари сум видел со прописно заземјување.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #14 на: 07 Август 2014, 23:50:42 pm »
Jas sreduvav stan pred nekoj mesec, majstorot mi rece deka vo spratnata tabla pokraj sklopka vgradil i aparatce za zazemjuvanje, postoi li takvo nesto ili tropa gluposti :)