За сите кои сакаат да си чепкаат по дома, наоѓаат време за да си направат, поправат, измислат нешто во домот во кој живееме.
Еве јас нешто што одамна сакав да направам е да го фрлам креветот на кој спиев 15 години. И не само тоа, туку го искршив со чекан за подоцна стариот мој да неможе да го прибере кај него бидејќи општо таа генерација на луѓе чува едноставно сЕ.
Некое време пратев како се движат цените за кревети а и кога ќе отидев да ги видам на лице место премногу ми беа не стабилни и не квалитетни за парите. Еден убав ден направив пресметка на материјал за кревет со димензии 160 на 200, и да не ме чини повеќе од 7000 ден.
Значи прво, да не можам да го искршам малиот прст од аглите треба да се тапацираат сите страници.
Второ, кога се симнуваш од кревет односно сабајлечки кога се пролизгуваш за да допреш со нозете на под, да не се одринеш од ивицата, значи и горниот дел од страниците да биде тапациран со сунгер.
И трето, да си најдам добар душек бидејќи на него ќе спијам (да не ме боли кичма, грб, врат, рамо и што уште не искуство од стариот кауч-кревет)
Четврто, се тоа да не изгледа лошо кога би се склопило.
прво што направив е најдов душек во ЈугоЕкспорт 160 на 200 - анатомски,антибактериски, ортопедски, џепно јадро, хп сунгер тинтири минтири.
Потоа отидов во Солопром и им реков дека сакам една табла Суровинска иверка со дебелина 2,5цм и да ми ја исечат на димензии (за сечење побараа 300денари). За два дена ми се јавија и отидов да си ја земам.
Во меѓу време земав торбан штрафови со мутери за да направам рамка конструкција за летвите под душекот.
Купив летви за под душекот. Купив убава пила од екстол за 300денари
Во Хубо веќе скоро знам сЕ што има кај има па си земав од кај нив винкли
Бев на БитПазар кај автобуската по сунгер и материјал за тапацирање.
Одлуката беше еко кожа бела, со сунгер од тој поскапиот зелен, ко демек не останувал згмечен, дебелина 4мм.
Земав две табли (ролни сунгер) и 8 метри на метро и нешто еко кожа (многу повеќе од што ми требаше но нели секогаш има заебанции а и не си го надминав лимитот од 7к)
кога го напунив клиото ништо не гледав позади..
За хевталката морав да земам муниција со дебелина 1,2мм
и работата може да започне..
Двете страници спремни
На ред е грбот, го направив со висина 1м од под. И беше ненормално тежок.
тука проба, да се види дали добро е измерен и како ќе се склопи со винклите..
а да и стариот кауч што почнав да го кршам
се гледа тука лево.
на крај нешто вака излезе, само што е ставен душекот врз парчиња иверки колку да се види каков е крајот
па си купив една машинка од екстол односно брусилка
и ги средив детално летвите за под душек, за жал немам слики од нив во текот на работата
ги исеков, ги стругав прво со груба шмиргла рачно па потоа со поситна и на крај со машинкава ги измазни ептен добро.
па ги мачкав две раце Уљана импрегнација за дрво која се користи за основна заштита и импрегнација на дрво во внатрешни и надворешни средини. Па завршен декоративен лак лазура за заштита од влага,сонце,мраз. Да не читав за дрвото немаше да ги праам овие глупости. И така после 4 дена беа готови.
Излезе одлично, се спие одлично, сто кила е тежок народски кажано и стегнат и заштрафен како што треба
Заборавив да кажам дека сунгерот се лепи со неостик за иверката и потрошив 3 тубички по 90 денари.
По средината под летвите имам ставено дебел носач би го нарекол... кој е обвиен во еко кожа за убаво да допрат на него летвичките а и монтажен е односно му имам направено лежиште.
Во потрага сум по ниски ногарки во Г колку да не ми седи на под али одлично е и вака не се брзам за нив.