Уште да работеа вака секој ден, и не само за пред новинари... Сериозно, зошто не се оволку излезени на улиците постојано, зошто постојано не работат вака?
баш вака се излезени и баш вака прават последниве неколку недели. и го поздравувам тој нивни ангажман. така треба...
во контекст на поврзување на работите... за што дробиме тука дека во последно време се излезени сите полицајци на улица... цело време запираат и прават контроли... одлично си го работат своето и така и треба. да се намали малку сообраќајот од полуписмена багра. кога ќе почне режимот на возење да биде поправиле т.е. дека НЕ СМЕЕШ да возиш побрзо од пропишаното, НЕ СМЕЕШ да возиш под дејство на алкохол, НЕ СМЕЕШ да се паркираш кој годе ти текне, НЕ СМЕЕШ да проаѓаш на црвено, МОРАШ да пропуштиш пешаци на пешачки, МОРАШ да припазиш на престројување и престигнување на полна линија и првенство не премин, ТОГАШ сообраќајки скоро и да нема. 450 погинати луге во сообраќјни несреки кај што 99% од сообраќајките се човечки фактор.
се сложувам дека на некои места низ државава ограничувањето на брзината е прениско, може да биде и повисоко позиционирано, но моето мислење и желба за побрзо возење не значи дека треба да возам побрзо... во босна кога ме запреа за побрзо возење (возев 60 а дозволено 40 низ некое рандом село) полицаецот ми рече: ПРАВИЛА СЕ МОРАЈУ ПОШТОВАТИ ГОСПОДИНЕ. неко их је поставио, ви их поштовајте, а ми чемо да вас уверимо да то треба да радите господине...