Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1690934 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20061
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3675 на: 19 Ноември 2013, 12:38:17 pm »
Пошто ако немаш возачка не можеш да возиш :D.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4630
  • Passat B8
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3676 на: 19 Ноември 2013, 12:45:32 pm »


Prvovo video se gleda deka coekov so vakvi refleksi ili neznae da vozi ili e pijan. Pred udarot stisna na kocnica koj muse beter od negoo , sakaa da pocnat da kocat ama ne gi bidue...  ;D

ps:Mi se dopadna deckoto so skokot na sofersajbna v 2:30  ;)
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4630
  • Passat B8
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3677 на: 19 Ноември 2013, 12:57:09 pm »
Kaj nas policajcite ne se ni svesni sto pravat i sto ustvari e celta koga nesto pravat...Toa se nepismeni deca (sobrani od ulica) na partiski cickovci/vujkovci. K gi boli niF  sto zbori nekoj sef , znaeli toj kojmue cicko/vujko nemu. Go gleda cajkan eden gluparda sto pravi pred nego u soobrakaj, i mu mafta so raka u smisal stooo praviis be...
 
Znaci ne se sporeduva nasava policija so onaa na normalnite zemji!!
« Последно менување: 19 Ноември 2013, 13:16:06 pm RedEco »
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3678 на: 19 Ноември 2013, 13:06:20 pm »
ЈБГ ни државата не ни се споредува со тие „нормалните„ држави... сами сме си криви на крајот на краиштата, ама не сакам да почнувам со политика. (пошто не ми иде политиката, се тоа треба да се потепа и да се почне од ново)

А тој дечкото иначе, скокна како нинџа, дефинивно се извади со тоа. :)  Да го удреше со браник во потколеници гарант ќе му скршеше нешто.



Пошто ако немаш возачка не можеш да возиш :D.
Ако почнеме од претпоставка дека законот се спроведува доволно за на прекршителот да му се одземе дозволота, можеме да претпоставиме дека законот ќе се спроведува доволно и за да се спречи да вози тој што вози без дозвола. (освен ако во затвор може да се вози кола).

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3679 на: 19 Ноември 2013, 20:44:33 pm »
Како е крив некој што си стои на семафор на црвено и некој го шлапне од позади ?

Treba da gledas na site strani. I pozadi i napred. Ako se priblizuva nekoj opasno mozes i da izbegnes na vreme ako znaes kako. Sekako se e srekja i moment.

добро бе бугар... се читаш ли ти себеси што пишуваш? имаш ли ти контакт со реалноста? што имаш меѓу ушите таму горе во лејката?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Harris

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1285
    • http://www.facebook.com/RenaultOwnersClubMacedonia
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3680 на: 20 Ноември 2013, 00:24:10 am »
Kurir.mk:

Казна од 500 евра доколку одбивате да дувате во алкомер

Викендов, на улиците низ Скопје, екипа на Вечер, заедно со патролите на сообраќајната полиција беше во акциска контрола која беше организирана да се провери колку скопјани возат под дејство на алкохол.
alkomer

-Добровечер господине, Ве молам вашите документи, беше првото што го слушнавме кога стигнавме кај првата полициска екипа, која вечерта беше стационирана кај Генерал-штабот. Полициските патроли веќе ги извршуваа своите задачи и имаа сопрено возач кој се претставуваше како астматичар. Со мисла дека човекот глуми и се обидува да ескивира да дува во дрегерот, кој треба да покаже дали и колку алкохол пиел вечерта, останавме да сведочиме како полицаецот најучтиво му се обраќа со појаснување: Господине, ви даваме нова цуцла (која од најлон-паковката ја отвори пред него) полека и без брзање, кога ќе ви кажам ќе почнете едномерно да дувате се додека не се запали зелената сијаличка. Тоа што сте астматичар нема да ви направи никаков проблем со здравјето затоа што овие дрегери се направени да може и дете од седумгодишна возраст да дува во нив и истиот да покаже резултати", на овој говор на полицаецот, човекот, кој претходно му покажа инхалатор како доказ дека навистина е астматичар, дувна во апаратот за покажување на нивото на алкохол.

Тој покажа чисти 00 промили на алкохол. Полицаецот му се заблагодари на возачот, му ги врати документите и му посака добра ноќ.

"Во случај да одбиваат да дуваат во дрегер, со измени на Законот за безбедност во сообраќајот, сега веќе не ги водиме "инаетливите" возачи на вадење крв туку полицаецот ја има таа должност веднаш да напише казна од 500 евра, еднаква на највисоката казна за возење под дејство на алкохол", појаснуваат од сообраќајната патрола.

-Веднаш потоа се преселивме на нова локација. На булевар Словенечка, сообраќајна полициска патрола правеше контрола за брзината на движење на автомобилите на овој булевар. Тука максимално дозволената брзина е 60, но во моментот кога екипата на "Вечер" дојде на местото, БМВ-то со скопски таблички беше фатено како се движи со 97 км на час. Оваа бројка ја покажа радарот кој полицаецот го држеше вперен кон БМВ-то. Возачот со себе немаше возачка дозвола, поради што следеше контрола на неговиот идентитет и контрола на возилото. Секако, доби казна од 350 евра за брзо возење, но ние заминавме на друга локација да не бидеме сведоци на маката на скопјанецот, кој, се надеваме, дека научи да ја почитува максимално дозволената брзина, пишува Вечер.

Во меѓувреме, додека се возевме од една до друга патрола, налетавме на началникот на сообраќајната полиција Дејан Панчевски, кој пак покрај помошникот, кој вечерта беше задолжен за нас, беше во контрола на своите полицајци.

Веќе кај следната патрола, некаде околу 2 часот по полноќ, патролата "даде резултати" како што милува да каже помошникот Синани.

По две-три стопирања поради контрола конечно ни се насмевна нам среќата, но не и на возачот кој беше сопрен, затоа што дрегерот покажа дека момчето има 1,79 промили алкохол во крвта, а дозволено е 0,50 промили или еднакво на една чаша пиво. Секоја следна чаша ќе ве чини повеќе пари и вашата возачка дозвола. Полицаецот покрај казната од 350 евра која му ја напиша на нашата "жртва" ја исклучи и од сообраќај со појаснување дека момчето ќе остане без својата возачка дозвола од 9 до 12 месеци.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3681 на: 20 Ноември 2013, 00:41:52 am »
Уште да работеа вака секој ден, и не само за пред новинари... Сериозно, зошто не се оволку излезени на улиците постојано, зошто постојано не работат вака? 

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3682 на: 20 Ноември 2013, 00:51:33 am »
Излезени се. И работат баш вака.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20061
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3683 на: 20 Ноември 2013, 01:27:23 am »
Од 9-12 месеци? Не е по закон од 3 до 12? Или за друго беше тоа...

Отсутен Harris

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1285
    • http://www.facebook.com/RenaultOwnersClubMacedonia
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3684 на: 20 Ноември 2013, 01:30:58 am »
мислам дека тоа беше за пуна лента и црвено :)

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5711
  • Почесен кинез.
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3685 на: 20 Ноември 2013, 01:42:58 am »
kazni povisoki od evropa. preterizam

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6442
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3686 на: 20 Ноември 2013, 01:43:21 am »
Од 9-12 месеци? Не е по закон од 3 до 12? Или за друго беше тоа...

Taман си е.


(6) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (3) на
овој член, кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 0,51 г/кг. до
0,99 г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и
прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од три до шест
месеци, под услови и начин утврдени со закон.
(7) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (3) на
овој член, кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 1,00 г/кг до 1,49
г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и
прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од шест до
девет месеца под услови и начин утврдени со закон.
(8.) Глоба во износ од 350 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (3) на
овој член, кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 1,50 г/кг до 1,99
г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и
прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од девет до 12
месеца, под услови и начин утврдени со закон.

(9) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (3) на
овој член, кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 2,00 г/кг и
повеќе. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и
прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од 12 месеца,
под услови и начин утврдени со закон.
(10) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член,
кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 0,10 г/кг до 0,50 г/кг.
Покрај утврдениот износ на глобата, на возачот ќе му се изрече и прекршочна
санкција забрана за управување со моторно возило од три месеца, под услови и
на начин утврдени со закон.
(11) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1), (2) и (3)
на овој член, каде што при утврдување на алкохол во организмот одбие да биде
алкотестиран со соодветно средство или апарат за мерење на
алкохолизираноста (алкомер). Покрај утврденот износ на глобата, на возачот ќе
му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило
од 12 месеца, под услови и на начин утврдени со закон.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4630
  • Passat B8
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3687 на: 20 Ноември 2013, 01:51:26 am »
Dozvoleno e znaci 0,50 promili? Edno 0,5 pivo...!? Jas seuste nemam duvsno u moja kariera :)

Edit:
"(10) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член,
кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 0,10 г/кг до 0,50 г/кг.
Покрај утврдениот износ на глобата, на возачот ќе му се изрече и прекршочна "

Ili greskasumm ??
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6442
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3688 на: 20 Ноември 2013, 01:58:34 am »
^^
Еве ти го првиот дел од членот. Ова што си го издвоил се однесува на доле болдираното.

                              Член 234
(1) Возачот не смее да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту
да започне да управува со возило ако е под дејство на алкохол.
(2) Ќе се смета дека е под дејство на алкохол лицето за кое со анализа на
крвта или на крвта и урината или со друг метод за мерење на количеството на
алкохол во организмот, ќе се утврди дека содржината на алкохолот во крвта
изнесува повеќе од 0,50 г/кг или ако присуството на алкохол во организмот е
утврдено со соодветни средства или со апарати за мерење на
алкохолизираноста (алкометар и друго), што одговара на количества поголеми
од 0,50 г/кг или кај кое без оглед на содржината на алкохол во крвта, со
стручен преглед ќе се утврди дека покажува знаци на алкохолна растроеност.
(3) Не смее да управува со возило, да започне управување со возило, ниту
да спроведува практичен дел на возачки испит ако во организмот има алкохол
или ако покажува знаци на алкохолна растроеност:
- возач-почетник согласно одредбите на овој закон;
- возачот на моторно возило од категориите ,,Б+Е“, ,,Ц”, ,,Ц+Е“ и ,,Д” и
,,Д+Е“ или од поткатегориите ,,Ц1”, ,,Ц1+Е”, ,,Д1” и ,,Д1+Е” – додека управува со
возило од таа категорија;
- возачот на возило со кое се врши јавен превоз – додека со тоа возило
врши јавен превоз;
- возачот на возило на кого управувањето со возило му е основно
занимање – додека управува со возилото вршејќи ги работите од ова занимање;
- возачот инструктор и кандидатот за возач – за време на оспособување
во практичното управување со возило и
- претседателот и членовите на испитната комисија – додека
спроведуваат практичен дел на возачкиот испит.

(4) На правното лицe кое ќе нареди или дозволи управување со возило
спротивно на одредбите од ставовите (1) и (3) на овој член ќе му се изрече глоба
во износ од 520 до 1.350 евра во денарска противвредност.
(5) За прекршокот од ставот (4) на овој член глоба во износ од 550 евра во
денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лицe во правното
лице.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4630
  • Passat B8
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3689 на: 20 Ноември 2013, 02:04:29 am »
Aha ok blagodariim, :)
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.