Пред саат-два време не дочекав да се вклучи додатно зелено, и на празна улица у 3 сабајле, си свртев десно на црвено...
100 метра подоле, полиција...
Ауу, си викам, како ме начекаа сега за додатново...
Ми побара документи, и веднаш ме праша, дали имате пиено алкохол...
Викам не. Сигурно? Сигурно.
Ај да дуваш...
0.
Повелете документите, пријатен вечер...
Куртулив.