Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2105455 пати)

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 404
  • Macedonia
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13755 на: 23 Мај 2025, 11:01:32 am »
Ги видов двата пајаци како возат низ Чаир. Многу чудно ми падна што не еден, туку два беа  ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44370
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13756 на: 23 Мај 2025, 12:16:55 pm »
Пајак ми ја крена колата во Чаир. Има надеж за оваа држава.
Не бил тој паркинг за тебе наменет. Затоа ти ја кренале :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 817
  • The best or nothing.
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13757 на: 23 Мај 2025, 12:41:54 pm »
Пајак ми ја крена колата во Чаир. Има надеж за оваа држава.

Каде во Чаир?
Да не си ја оставил на сред улица.  :D

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1730
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13758 на: 23 Мај 2025, 13:05:55 pm »
Пајак ми ја крена колата во Чаир. Има надеж за оваа држава.

Сѐ додека не почнат БМВињата чаирски да ги креваат во Чаир, нема надеж. 😂

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14722
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13759 на: 23 Мај 2025, 13:22:36 pm »
Пајак ми ја крена колата во Чаир. Има надеж за оваа држава.
Имаш право на жалба по Рамковен.
Кој ксмет си ти,од сите браќа во Чаир твојата кола ја најдоа са ја кренат.😂
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7514
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13760 на: 23 Мај 2025, 15:04:36 pm »
Пајак ми ја крена колата во Чаир. Има надеж за оваа држава.
Имаш право на жалба по Рамковен.
Кој ксмет си ти,од сите браќа во Чаир твојата кола ја најдоа са ја кренат.😂


Знаат дека е наш, кој брат би возел алфа џулиа  ::) ::) ::)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13761 на: 23 Мај 2025, 15:47:02 pm »
Кај вози @andrej_111 Алфа, ќе го депортираат од дома, од бизнисот, од градот...

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13762 на: 23 Мај 2025, 17:15:42 pm »
и на партизанска џандари со мотори ги бркаа оние за 5 минути со 4 жмигавци ;D

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13763 на: 24 Мај 2025, 17:58:36 pm »
Секоја година по неколку пати накратко ги прифаќа тоа спроведувањето закони во сообраќајот... После им поминува.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3930
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13764 на: 24 Мај 2025, 20:11:57 pm »
следно им е фолии на стакла дали има атес и за возење без светла…
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13765 на: 25 Мај 2025, 00:32:25 am »
Секоја година по неколку пати накратко ги прифаќа тоа спроведувањето закони во сообраќајот... После им поминува.

Овој пат подолго ги држи. А низ Скопјево се вози забележително поспоро.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13766 на: 25 Мај 2025, 09:43:57 am »
Овој пат подолго ги држи. А низ Скопјево се вози забележително поспоро.

Во просек можеби, ама тие исклучоците сеуште ги има... Тие што беснеат по Партизанска, што поминуваат на црвено светло, итн, а тие се тие што ги прават најголемите проблеми.

Инаку за гужвите во работно време најмногу ќе придонесе кога ќе почнат редовно да ги казнуваат тие што на булевар застануваат „на 5 минути“. Таквите гушат по 33-50% од капацитетот на булеварите/улиците (зависно дали има 2 или 3 ленти). Посебно таму пред и после Аеродом, пошто ако сте приметиле колку и да е гужва, па и во најголемите шпицови, еднаш кога ќе се помине Центар по Партизанска и по Гологанов/Илинденска сепак се вози и не застанува укочен сообраќајот. Е на тие тесни грла како пред Железничка кога ќе застане некој со 4 жмигавци, тука се глави по десетици минути. Во комбинација со тие зазјапаните по мобилни телефони што тргаат 10 секунди после палење зелено светло.

Додатно ги усраа работите со таа клучката што ја прават (уствари не ја прават ама ја почнаа од лани) меѓу 8-ми Септември и Никола Карев. Не знам што се влечат толку таму со таа кратка релација од кружниот тек до клучката, ама тој дел откако го направија еднонасочен тука опасно се глави.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13767 на: 25 Мај 2025, 11:17:46 am »
Не знам, мене одамна не ми се случило да заглавам-заглавам во сообраќај, како што се случуваше пред 20-тина години. Да, ми се случува да треба да поминам семафор на 2 пати, ама генерално - тоа е тоа. Дури и во најголемите гужви (и со малку стратешко избегнување еден-два специфични семафори), не се глави во сообраќај како што се главело порано.

Скопје има прилично напреден систем за контрола на сообраќајот. Бев во ЦУКС пред неколку годнии. Семафорите се само-регулираат во реално време и користат прилично добра хеуристика за да се прилагодат кон моменталниот тек на сообраќај. По било какво пореметување (изгасени семафори, блокирани семафори од полиција, или уште полошо, морони што блокирале раскрсница пошто „зелено ми е“), системот се враќа во баланс релативно брзо.

Е сега... Ни системот не е сèмоќен. Осетлив е на блокирани/изгасени семафори, спомнатите морони што блокираат раскрсници, па и такви „да застанам само 2 минути да си купам цигари“ идиоти. Тоа се регулира на друг начин, односно со поинтензивно присуство на полиција и навремена (да не речам инстантна) реакција. Не мора да го казни тој што подзастанал на булевар. Само да го избрка, одма, сместа и под хитно.

Тоа што се случува на градилиштето кај Хубо / Никола Карев е очекувано. Градилиште е. Се влечат, се надевам дека ќе забрзаат. Ама градилиште, е тоа е.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13768 на: 25 Мај 2025, 11:32:48 am »
Какво „градилиште“ е тоа каде со месеци има двајца без тројца работници и најчесто со нула активна механизација (паркираната не ја сметам). Цела година им треба за да се направат тие стотина метри пред бившите семафори и да се врати двонасочен сообраќај тука? Или вака ќе функционира со години/децении додека не ја завршат целата клучка со надвозниците и останатото?

Немаат ли рокови ваквите проекти?
Реторички прашања очигледно, во оваа држава. Ќе си трпиме наместо во секоја прилика да ги критикуваме надлежните... За неспособност да направат стотина метри, на стотици илјади граѓани им губат часови и часови, и живци и пари. Стотина метри. Тука треба под итно да ги вратат семафорите додека не ја направат клучката. Нив нема да им смени скоро ништо (малку повеќе работа) а нам ќе ни направи голема разлика. Претходно овде и во најголемите гужви се поминуваше бргу. Сега се глави како никогаш досега.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13769 на: 25 Мај 2025, 12:16:11 pm »
Јас апсолутно се согласувам дека се тупи. Ептен се завлечкаа. Би рекол дека тек прошливе 6-8 месеци се работи поинтензивно, пред тоа ептен се влечкаа.

Се надевам дека наскоро ќе завршат. И ептен треба целиот тој дел таму да се среди.