Не знам, мене одамна не ми се случило да заглавам-заглавам во сообраќај, како што се случуваше пред 20-тина години. Да, ми се случува да треба да поминам семафор на 2 пати, ама генерално - тоа е тоа. Дури и во најголемите гужви (и со малку стратешко избегнување еден-два специфични семафори), не се глави во сообраќај како што се главело порано.
Скопје има прилично напреден систем за контрола на сообраќајот. Бев во ЦУКС пред неколку годнии. Семафорите се само-регулираат во реално време и користат прилично добра хеуристика за да се прилагодат кон моменталниот тек на сообраќај. По било какво пореметување (изгасени семафори, блокирани семафори од полиција, или уште полошо, морони што блокирале раскрсница пошто „зелено ми е“), системот се враќа во баланс релативно брзо.
Е сега... Ни системот не е сèмоќен. Осетлив е на блокирани/изгасени семафори, спомнатите морони што блокираат раскрсници, па и такви „да застанам само 2 минути да си купам цигари“ идиоти. Тоа се регулира на друг начин, односно со поинтензивно присуство на полиција и навремена (да не речам инстантна) реакција. Не мора да го казни тој што подзастанал на булевар. Само да го избрка, одма, сместа и под хитно.
Тоа што се случува на градилиштето кај Хубо / Никола Карев е очекувано. Градилиште е. Се влечат, се надевам дека ќе забрзаат. Ама градилиште, е тоа е.