Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2297387 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10608
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12675 на: 27 Октомври 2022, 20:54:56 pm »
Епа ај ок утре ко ќе дојдат да платат данок ќе им предложам пола пола да делиме чим е така. Ова е паразитска држав што ја ранат џандари. Арно што имат 5-6% приватници и земјоделци што не ранат. И ними ќе им пишат лазна а на паразитот не пошто вил административец или не знам ти што. Тоа со поените  беше далеку по едукативно.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12676 на: 14 Ноември 2022, 17:45:42 pm »
Дечки една консултација. Денес ја оставив колата паркирана карши тутунски на паркингот Пролет. Заборавив дека е зонско и кога се вратив по колата, имав оставено дневен билет со таблицата на колата, датум итн.. Заедно со билетот имаше уште еден лист на кој што пишуваше дека ако се плати билетот/казната во следните 24 часа сумата ке биде на половина од таа на билетот. Ја симнав апликацијата на ПОЦ од Плеј, инсталирав се најавив и таму во опциите ја најдов ДПК . Впишав број на таблица и ми излезе дневниот билет кај нив во систем. Платив со картица, и не добив потврда на мејл, иако на крајот после плаќањето ми напиша дека ке добијам потврден мејл. Проверив на сметка, парите се наплатени. Дали ова значи дека се е во ред или треба да превземам нешто? Ги контактирав ПОЦ преку мејл со слика од билетот и скриншут од банката дека е извршено плаќањето. Совет

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10608
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12677 на: 14 Ноември 2022, 18:06:18 pm »
Чувај го изводот од банка и сите докази дека си платил.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12678 на: 14 Ноември 2022, 18:08:04 pm »
Не е лошо и да се јавиш во ПОЦ.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12679 на: 14 Ноември 2022, 19:15:33 pm »
Не е лошо и да се јавиш во ПОЦ.

Го контактирав веќе на мејл а им пишав и на Фејсбук порака. Мора некако да видат. Не сум јас виновен што апликацијата им е срање!

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12680 на: 14 Ноември 2022, 19:41:32 pm »
Така. Ама ти да си бидеш чист и да си имаш црно на бело.

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 430
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12681 на: 14 Ноември 2022, 22:21:38 pm »
Во спам провери?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17930
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12682 на: 14 Ноември 2022, 22:34:30 pm »
Не е лошо и да се јавиш во ПОЦ.

Го контактирав веќе на мејл а им пишав и на Фејсбук порака. Мора некако да видат. Не сум јас виновен што апликацијата им е срање!

Со ПОЦ исклучиво по телефон. Мејлови и такви работи читаат откако ќе се разберете по телефон, т.е. откако ќе ти го посочат правиот мејл кај да пратиш тоа што треба да видат.

Тој инфо мејлот 100% им е форвардиран директ во Trash.

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1494
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12683 на: 14 Ноември 2022, 23:06:50 pm »
Ајде едно прашање

Ме интересира како го толкувате ова : За извршен претрес на лице, превозно средство или багаж полицискиот службеник
составува записник кој покрај податоците од став 1 на овој член содржи и податоци за
издадената судска наредба за претрес

Дали по закон за да ме претресе полициски службеник такозвани интервентна (за личен претрес зборам, мада и за возило би ме интересирало) треба да има судски налог за тоа ?

Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17930
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12684 на: 14 Ноември 2022, 23:17:24 pm »
Најди ја разликата помеѓу "извршен преглед" и "извршен претрес", за да знаеш кои елементи се вклучени во прегледот, кои во претресот.

Така ќе ти стане јасно дали им треба налог за тоа што ти го прават, или планираат да ти го прават.

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1494
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12685 на: 14 Ноември 2022, 23:30:44 pm »
си го најдов одговорот сам  ;D
За спроведување на претрес е потребно исполнување на посебни услови како што е прибавувањето на наредба за претрес, додека кај прегледот тоа не е потребно.
Прегледот на лицата е ограничен на надворешно прегледување (опипување) на алиштата и другите предмети.
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6208
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12686 на: 14 Ноември 2022, 23:49:17 pm »
Нема право на претрес без твоја согласност или налог, истото и за во возило, преглед е да види однадвор, освен ако увидат нелегални работи во возилото, истои за тебе,  преглед  е надворешно да види евентуално да те опипа и толку. Е сеа...има зајеб, со обични џандари нема гајле, еден вака ми се силеше на крај сам ми го отвори ранецот, мој коментар запишав во забелешка дека ми е отваран ранецот без дозвола  и го пријавив во внатрешна, убеден беше дека има право да ме претеесува иако во меѓувреме и на адвокат звонав да му објасни, ми рече не ме итересира ако сакаш и во внатрешна пријави ме... Од овие новите по 18/години  беше разбрав дека јаде некоја санкција. Е сеа кај овие другите цивилкиве отракани се, може и да те нашлакаат и да те наместат дека си се опирал па да го јадиш немиен...Обично се повеќе души и ако му си на пик ќе сведочат на суд дека си се опирал и слично или уште полошо си се обидел да нападниш службено лице, твојот збор спрема нивниот на суд не е баш релевантен и може да те подлегнат. Ако не те држи газот поќути кај вториве и сам вади од џепови/преврти ги, исто и патики чорапи и сл, гледај да немаат мн шанса да ти брцнат рака по џебови.

Sent from my SM-A202F using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10608
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12687 на: 15 Ноември 2022, 00:02:44 am »
Neli neshto kameri kje redea?

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12688 на: 15 Ноември 2022, 06:39:51 am »
Во спам провери?
Проверив. Нема ништо од нив стигнато.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1920
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12689 на: 15 Ноември 2022, 07:09:54 am »
Ајде едно прашање

Ме интересира како го толкувате ова : За извршен претрес на лице, превозно средство или багаж полицискиот службеник
составува записник кој покрај податоците од став 1 на овој член содржи и податоци за
издадената судска наредба за претрес

Дали по закон за да ме претресе полициски службеник такозвани интервентна (за личен претрес зборам, мада и за возило би ме интересирало) треба да има судски налог за тоа ?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Имаат право на претрес доколку се сомневаат во лицето. Барем јас така знам. Порано како деца додека одев со автобус, бидејќи се возев со браќата, а истите правеа тепачки и носеа пендраци во ранец, влегуваа полицајци и им ги истураше ранците за да проверат дали носат оружје.