1) На крстосница и на друго место на кое сообраќајот е посебно регулиран со уреди за давање светлосни сообраќајни знаци, светлосните сообраќајни знаци за учесниците во сообраќајот ги имаат следниве значења:
-
црвено светло - забрана на минување,- зелено светло - слободно минување и
- жолто светло - забрана на минување, освен за возилата кои во моментот кога ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак што не можат на безбеден начин да се запрат, а да не го поминат тој знак, а за другите учесници - забрана на минување, освен за оние пешаци кои веќе почнале да го преминуваат коловозот.
Или со други зборови жолто = црвено. Забрана. Џандарот е тој кој ќе каже дека си можел да застанеш на време. И секогаш така ќе каже.
Жолто е забрана и е истата забрана како за црвено.
Чекај и да ги болдирам горе за да биде аналогијата појасна.
На суд со судијата ќе може да дискутирате околу распознавањето на боите од страна на џандарот. Дали видел жолто или црвено му се гледало, ама дозволата ќе си ја остаиш на 3 месеци...
Опааа едит2: За непочитување на светлосниве не се одземало дозвола веќе. Затоа си пичат луѓе на црвено 
Законот:
(5) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Правдико:
https://www.pravdiko.mk/lista-na-globi-za-soobrakajni-prekrshotsi-spored-noviot-zakon/2/На крстосница и на друго место на кое сообраќајот е посебно регулиран со уреди за давање светлосни сообраќајни знаци, при непочитување на истите е предвидена глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност, додека за пешаци глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност.