Автор Тема: Ford доктор за Ford прашања  (Прочитано 239983 пати)

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #615 на: 10 Јуни 2015, 08:55:54 am »
прашање за докторот... Имам стара фиеста , 1,3/37кв, 1996. Некако на моменти ослабува сервото на воланот, а течност не се губи. Дали се менува фабричката течност  на сервоволанот ??
б.т.в., . него сигурно нема да го менувам, под сомнеж се висконост на течноста, ПК каиш, затегач

Добро утро,

за да се даде одговор на ова прашање потребно е возилото да се провери од повеќе аспекти,предлагам посета на нашиот сервис.
Поздрав и пријатен ден,

Докторот
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен Monter

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #616 на: 10 Јуни 2015, 22:36:04 pm »
На 13.03 го посетив вашиот сервис и од тоа што ми кажаа дека треба да се менува одлучив да сменам кукиште на термостат и доставено е антифриз после месец дена повторно гледам дека е намалена количината на антифриз под минимум и нормално пак дотурив и го следев нивото повторно опаѓаше и  ја однесов во сервис чисто да проверат за што станува збор ми вика ти тече од кукиштето, добро реков остави, се јавив во Ми Да и кажав за проблемот рекоа да се донесе возилото е сега ме интересира во Гостивар има овластен сервис од Ми Да да не би правел трошок повторно дали може да го однесам во сервисот тука (досега потрошив 3л. антифриз)

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #617 на: 11 Јуни 2015, 09:17:15 am »

секако дека можете да го посетите нашиот дилер во Гостивар,јас ќе го контактирам и објаснам проблемот, Ваше е само да отидете.Доколку Ви е потребна било каква помош или совет слободно обратете ни се.
Поздрав,

Докторот
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #618 на: 11 Јуни 2015, 09:42:30 am »
А тоа што демек сте го решиле проблемот а проблемот останал и плус сте официјален сервис, тоа нема потреба ни да се коментира нели?

Отсутен Monter

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #619 на: 11 Јуни 2015, 18:51:43 pm »
Пратете ми на пп кога ке биде договорено најверојатно би отишол во сабота ако треба некои податоци да ви оставам

Отсутен Monter

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #620 на: 12 Јуни 2015, 18:39:36 pm »
Денес го посетив сервисот утврдија дека е до кукиштето од термостат и рекоа дека ке ве контактираат

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #621 на: 12 Јуни 2015, 20:08:37 pm »
Здраво доктор Форд,

Во план сум за купувње половен форд и ме интересира, доколку е донесен од увоз со сервисна книшка, дали и како може да се провери кај вас кога и каде е направан последен сервис во Форд?

Благодарам

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #622 на: 13 Јуни 2015, 16:51:59 pm »
sega go vidov odgovorot... znači nema pravilo deka ne se menuva originalnoto maslo vo servo volan...
« Последно менување: 13 Јуни 2015, 23:21:49 pm nefer »

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #623 на: 15 Јуни 2015, 13:37:59 pm »
Здраво доктор Форд,

Во план сум за купувње половен форд и ме интересира, доколку е донесен од увоз со сервисна книшка, дали и како може да се провери кај вас кога и каде е направан последен сервис во Форд?

Благодарам

Добар ден,

на жалост со ваква информација не сме во можност да Ве опслужиме бидејки и ние ја немаме.
Поздрав,

Докторот
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #624 на: 23 Јуни 2015, 23:15:37 pm »
докторе.. прашање едно битно...

доколку возило купено од кај вас сеуште е под гаранција, а се санира изгребан браник на друг мајстор, дали се губи гаранцијата на возилото? станува збор за мало визуелно оштетување т.е. неколку гребаници без никакви скршени делови... нема ништо оштетено физички...

брзо ми треба одговорот ако може. благодарам однапред.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #625 на: 24 Јуни 2015, 08:51:59 am »
докторе.. прашање едно битно...

доколку возило купено од кај вас сеуште е под гаранција, а се санира изгребан браник на друг мајстор, дали се губи гаранцијата на возилото? станува збор за мало визуелно оштетување т.е. неколку гребаници без никакви скршени делови... нема ништо оштетено физички...

брзо ми треба одговорот ако може. благодарам однапред.

Добро утро,

доколку се прави било каква поправка (лимариска/механичка) на возило во гаранција вон овластен сервис се губи гаранцијата на истото.
Поздрав,

Докторот
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #626 на: 24 Јуни 2015, 09:22:25 am »
Браво, така треба, да сум на ваше место ни редовен сервис нема да му направам ако има гребаница, прво ќе мора да уплати гребаницата од ваша страна да е санирана.

Со вакви финти ќе си губите потенцијални купувачи.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #627 на: 24 Јуни 2015, 09:28:49 am »
Јас разбирам ако е саниран лимот, пошо од кај знаат они дека се е средено по пропис, а утреден се жали некој дека му појавило корозија, НО таа гаранција треба да си се третира засебно. Пример си средувал некој чепнат полумесец, губиш гаранција на каросерија. Шо па моторот има улога ...

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг:
« Одговори #628 на: 24 Јуни 2015, 09:45:58 am »
Како ќе знае официјалниот сервис дека само таму е чепкано?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Re: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #629 на: 24 Јуни 2015, 09:46:26 am »
Точно.