Автор Тема: што е правилно? временски менување на уље или по број на изминати км?  (Прочитано 42170 пати)

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
ова ве прашувам бидејќи пред неколку дена имав разговор со еден таксист кој ми кажува муабет со еден негов роднина кој е камионџија и вози по европа.
да скратам.камионџијава вика дека тие го менувале уљето на една година без разлика колку км правеле.битно е да е на една година.значи може и да направи 100 000км.
што е превилно?
јас пример имам поминато 6000 км годишно а препорачано е да го менувам на 12 000 км.дали да го менувам уљето или не?

имаше муабети уљето губело на вискозитет......бла бла бла....
истото го прашав и илија-генерален сервис за фиат,лачнија,алфа.оној во ѓорче петров повеќето го знаат.тој рече нема врска временската рамка од една година.ако не си поминал одреден број на км нема потреба да го менуваш.
« Последно менување: 10 Август 2011, 12:06:49 pm maci »
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен kalco

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 255
  • Audi a3 1.9 TDI
    • Kalco
Да не е многу 12 000?
ја на 7 000 мењам...не е квалитетно уљето кај нас...

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Подобро е да го мен уваш на одреден број километри,тоа со временскиот период нема ни каква врска ;)
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
И јас мислам со километража се менува уљето. На камионџиите не им се исплаќа така зашто, нели, поминуваат огромен број километри.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Да не е многу 12 000?
ја на 7 000 мењам...не е квалитетно уљето кај нас...

тоа со бројките го кажав чисто сликовито  :)
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Препорачливо е промена на уље, или после проаѓање на извесен број километри, или после отприлика година дена од последната промена. Нормално, препорачлива е и проверка на нивото на масло во моторот.

Ја досега не сум менувал поради километража, туку поради временски интервал. Лансерот ми е 3 и ситно години, а има 25500 пројдено, а сервисен интервал му е на 15000 км. Очигледно дека немам толку пројдено, за да менувам според километража, арно ама, временски си доаѓаа термините за сервис, па си сервисирав :)

Далеку од тоа дека временскиот период нема врска... Има и тоа голема, поради тоа што, поради стоење уљето почнува да губи на перформанси... Затоа си постои варијанта, година дена или извесен број километри. Мене ми е купен у мај, па ако пред нареден мај пројдам 15000 километри, сигурно тогаш ќе го сменам уљето, а нема да чекам до мај.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Препорачливо е промена на уље, или после проаѓање на извесен број километри, или после отприлика година дена од последната промена. Нормално, препорачлива е и проверка на нивото на масло во моторот.

+1
>>>>><<<<<

Отсутен kalco

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 255
  • Audi a3 1.9 TDI
    • Kalco
Сепак зависи колку возиш...Јас од прилика правам 1200км месечно...што значи 14 400 годишно што сметам дека е премногу...На 6 месеци менувам одприлика и ок е...

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Ноември Selenia Gold 10-40

Април Selenia Racing 10-60

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Мене до сега, на двапати на сервис (официјален) појма неам што масло турија, а третиов сам си го праев, и турив Total Quartz 9000 5-40, па ќе видиме како ќе се покаже... Да не го урочам, не троши ама ич масло... Абе ич ич ич :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Сепак зависи колку возиш...Јас од прилика правам 1200км месечно...што значи 14 400 годишно што сметам дека е премногу...На 6 месеци менувам одприлика и ок е...

Зависи и што кола возиш, и колку е стара, и уште пар други работи... Се’ си има свое... Затоа велам дека е препорачлива и редовна проверка на нивото на масло во моторот, а не да чекаш сијаличка да ти светне :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Маци и двете препораки треба да се применат.

1. Спорек километража, колку повеќе возиш толку повеќе гасови и честици од согорувањето се мешаат со маслото и со тоа го пополнуваат меѓумолекуларното растојание кое пак кај маслата е одговорно за вискозитетот и подмачкувањето. Исто така стилот на возење е битен особено ако често  се оптеретува моторот и се вози под полна гас.

2. Според времето, доколку маслото стои во канта фабрички неотпакувано тогаш нема рок на траење. Но ако се стави во мотор и се помеша со старо масло или како и да е почне да содржи од издувните гасови и честици поради согорувањето, со текот на времето тие реагираат со одредени состојки во маслото и повторно му го намалуваат вискозитетот иако моторот не работи и возилото не се користи. Според препораките тој период би бил година дена.

Сума сумарум, арно велат луѓето, или на година дена или од изминати километри. Просто како грав.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557

Уљето во картерот оксидира и ако не се вози!

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Вака прво да му објаснам на Маци и на тие некој што се бунат околу Уљето, кое какво и што :)

Значи, камионџиите уње мењаат на 70-80 па до 100 000 км, каде што 100 000 км се прават за неколку 2-3 па до 4 месеци :)

Значи знаеме дека камионџиите имаат врзани тури, пример Скопје - Берлин , Берлин - Амтердам, Амстердам - Варшава и итн... едно тргање му е 5000 па до 10 000 км , значи он неможе да мења уље секаде низ светот... и да треба товаран во гузви да трча по сервиси, плус сите наши шпедиции тука си прават сервис, дека им е за 5 пати поефтино... колку да напоменам по 1500 до 2000 евра само сервис им иде... редовен сервис а тоа во германија би било 10 000 евра :)

Уљето што го возат е јако, значи хемискиот состав не го знам, ама јака вискозност, минерали и итн каде би поминувале голема километража....

А додека за колите уљето си има предвидена километража колку може да помине,  најчесто се од 5-7 па до 10 000 км и ако годишно поминуваш по 3000-4000 км а уље си ставил за 10 000 км, грев е да го смениш кога уљето е во најдобра состојба... разбиено, и разработено...

Уљето нема старост... но да не претераме уље од Титово време да користиме...

Што мислите вие, кај што го купуваме уљето во продавница колку време стои ??? Една недела, еден месец, пола година, година или две ??? А кај е стоењето по магацини ???

Затоа, многу многу филмови да не гледаме, секоја година уље да се мења... дека ке дојдам дома, на сите ке ви ги исечам каблите од кабловската... :) :) :)

Толку од мене :)

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Jas menuvam ili na godina dena ulje,ili na pominati kilometri...a koga sme veke tuka i jas da si prasam,imam slusnato deka ne e ni ubavo prerano da se menuva uljeto,demek posle odreden broj na km gi dostignuvalo najdobrite performansi
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson