50% поголема потрошувачка во реални услови.
За 20к евра да земам бензин, треба да ми е втора кола или да поминувам 3000км годишно.
Но, бидејќи сака дизел човекот - и наполно го разбирам, зошто исто би постапил и јас - може да се потскрати со дискусиите офтопик. Си има тема Дизел ВС Бензин.
Чекаме одговор од @latko како му се распоредени километрите град/отворено и дискусиите се баш онтопик, затоа што ќе направи голема утка ако земе за градска вожња 2.0 тд мотор, а не да гледате што вас ви се свиѓа или како вие би постапиле...
Јас земав Бензин за околу 20К ЕУР и тоа ми е прва кола. За типот на колата што јас ја земав разликата во цена до дизел варијанта + потенцијалните проблеми + одржувањето дефинитивно не се исплатеше да се земе дизел.
Инаку проаѓам со оваа кола околу 15000 км годишно во просек и немам ни плин.
Не секогаш дизелот е поевтината варијанта.
Од друга страна второто возило што се вози низ град е дизел ама без ДПФ.
И покрај потенцијалните проблеми на градско возење и дизел кола, испадна цена што не можев да ја одбијам, па решив да ризикувам.
Инаку
Цената на првата кола+ цената на вторава кола < Цената на Првата кола во дизел варијанта (3500 еур разлика, и плус добив две коли
, место една)
Исто бидејќи гледам станува збор за Мазда дали дизел или бензин. Ги имам возено и двата во CX5. Не можам да кажам кој е подобар ама вака ги доживеав.
Бензинот е позабавен и поспортски (ме тераше баш брзо да возам и да го слушам моторот).
Дизелот е посмирен (имаш снага цело време, ама посмирено возиш од бензинот).
Инаку бензинот не трошеше воопшто многу (под 10 л/100), и е мотор што нема никакви проблеми (како што можев да прочитам).
Кај новиот дизел на мазда се појавува проблем од време на време со нивото на маслото во моторот (знае да се качи , и дури има и одредена ревизија на шипката за масло, што значи првично се вози на минимум).
Јас сериозно би се размислил дали бензин или дизел ако се зема мазда, и веројатно би пресекол после тест возење на двата.