Добро утро на сите. Пред се сакам да ви се заблагодарам за СИТЕ коментари, совети, забелешки и предлози, иако морам да забележам дека некои од нив не беа во соодност со моите критериуми/потреби кои што ги пишав на почетокот
Нормално дека ќе прошетам по салониве и ќе ги видам скоро сите претходно напоменати возила.
Мојата идеја беше да ја почнеме темата тука, пред да почнам тоа да го правам, па потоа да се следи целата ситуација во една тема, можеби ќе му биде корисна на некого во иднина.
Во однос на возилата кои беа споменати од членовите на форумов.
Суперб и некои од слична класа не ги ни разгледувам бидеќи се големи возила, не ни треба да ги споменувам проблемите што ќе ги има понежниот пол низ градов ако се одлучам за таква варијанта, така да тоа отпаѓа.
Во потесен избор би влегле...
- Сеат Леон 2.0 TDI
- Голф 7 2.0 TDI
- Мазда 3 2.2 D
- Форд фокус 2.0
Освен овие, би ги разгледал и Инсигниа, Октавија, Јети, Пежо 308, и евентуално да видам што понуда би дале за Ауди а3 (иако сум прилично сигурен дека и да го зболемам буџетот за малку, пак ќе биде празна внатре, но вреди да се провери)
Пак ќе кажам, фала ви за сите коментари до сега и отворен сум за сите следни совети и предлози, впрочем, затоа и ја отворив темава.
Поздрав