Автор Тема: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра  (Прочитано 40057 пати)

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #105 на: 19 Февруари 2014, 09:57:35 am »
Едно е каталог, друго е во живо. Обиди се да направиш муабет добар, ако не бидне - никому ништо.
Апсолутно се сложувам. Ќе известувам тука како ќе течат работите.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #106 на: 19 Февруари 2014, 10:03:53 am »
Не те ареса Peugeot 308 а? :)
Моја грешка, ќе го допишам на листата бидеќи планирам да ја видам и неа :).
Единствено што не ми се свиѓа кај неа е дизајн филозофијата внатре која што е врзана околу големиот екран на допир, и се оди преку него. Дури и климата треба да се подесува преку него, читав во еден странски форум дека некогаш софтверот знаел да не биде толку брз, што го нервирало сопственикот. Истата замерка ја споменаја и во некои тестови на јутуб.
Но нормално дека ќе ја видам во салон, пред да донесам одлука.

Е за софтверот и тие чуда појма неам...

Ја го видов Пежовчево во некоја солидна изведба кога беше изложено во Сити Мол, изгледа стварно импресивно однадвор, а внатре се осеќа мноооогу убаво.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #107 на: 19 Февруари 2014, 12:12:16 pm »
Штета што не ти е во предвид користена кола.

Мерцедс Ц класа дизелче итекако ќе ти брка работа.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #108 на: 19 Февруари 2014, 12:48:07 pm »

Суперб и некои од слична класа не ги ни разгледувам бидеќи се големи возила, не ни треба да ги споменувам проблемите што ќе ги има понежниот пол низ градов ако се одлучам за таква варијанта, така да тоа отпаѓа.


Седни го ти понежниот пол во колите и повози се. Особено не ја промашувај Delta :) Ако веќе реамислуваш од тој агол.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #109 на: 19 Февруари 2014, 13:05:50 pm »
Мерцедес Ц-класа е најразочарувачко искуство за мене досега.Поточно пластики никакви,крцкаат ко да се возиш у ќесе со чипс,беше со некој 30ткм,купен одовде,со АМГ опрема,18-ки бандажи,платен 40 и нешто ситно.

Моментално и јас барам за горе-долу тој буџет,ама не гледам ново,барам половно.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #110 на: 19 Февруари 2014, 13:13:30 pm »
Добро утро на сите. Пред се сакам да ви се заблагодарам за СИТЕ коментари, совети, забелешки и предлози, иако морам да забележам дека некои од нив не беа во соодност со моите критериуми/потреби кои што ги пишав на почетокот  :)
Нормално дека ќе прошетам по салониве и ќе ги видам скоро сите претходно напоменати возила.
Мојата идеја беше да ја почнеме темата тука, пред да почнам тоа да го правам, па потоа да се следи целата ситуација во една тема, можеби ќе му биде корисна на некого во иднина.
Во однос на возилата кои беа споменати од членовите на форумов.
Суперб и некои од слична класа не ги ни разгледувам бидеќи се големи возила, не ни треба да ги споменувам проблемите што ќе ги има понежниот пол низ градов ако се одлучам за таква варијанта, така да тоа отпаѓа.
Во потесен избор би влегле...
- Сеат Леон 2.0 TDI
- Голф 7 2.0 TDI
- Мазда 3 2.2 D
- Форд фокус 2.0
Освен овие, би ги разгледал и Инсигниа, Октавија, Јети, Пежо 308, и евентуално да видам што понуда би дале за Ауди а3 (иако сум прилично сигурен дека и да го зболемам буџетот за малку, пак ќе биде празна внатре, но вреди да се провери)
Пак ќе кажам, фала ви за сите коментари до сега и отворен сум за сите следни совети и предлози, впрочем, затоа и ја отворив темава.  :)
Поздрав

Да не испаднам досаден, кажи ми колку километри поминуваш на отворено, на годишно или месечно ниво, некоја бројка одприлика... Ако поминуваш помалку километри на отворено, не би ти препорачал да земеш 2.0 или 2.2 мотор затоа што страда турбината низ град... На пежо 407 2006 год. имаше рикнато турбина на 110к км возена претежно во град, а едвај 10к км поминато на отворено што навистина е штета, исто така пријател има голф 5 2.0 дизел 140 кс 2007 год. на 90к км почнаа проблеми со турбината, ретко иде со голфот на отворено, поради тоа што има други поголеми возила за на отворен пат и лош потег му беше што зема 2.0 мотор за низ град ама тоа е... Ти си знаеш најдобро, да не испадне дека наметнувам мислење, тоа е лично мое размислување, фала богу ова треба да се земе во предвив за каква вожња ќе биде претежно наменето возилото... :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #111 на: 19 Февруари 2014, 13:19:47 pm »
Не си досаден, муабетот си е на место, треба да се размисли што ни одговара во пракса а не што мислиме дека е подобро.

Дефинитивно Мазда бензинец во тој случај, 2.0 мотор атмосферски со одлична потрошувчка и еден куп помалку проблеми.

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #112 на: 19 Февруари 2014, 13:27:44 pm »
Не си досаден, муабетот си е на место, треба да се размисли што ни одговара во пракса а не што мислиме дека е подобро.

Дефинитивно Мазда бензинец во тој случај, 2.0 мотор атмосферски со одлична потрошувчка и еден куп помалку проблеми.

Тоа е тоа, мазда бензинец е одличен избор, за 22.500 евра е со evolution ниво на опрема, а за највисокото ниво на опрема треба да се издвои 24.500 евра каталошки, секако ако @latko се одлучи за бензин, затоа што спомна дека сакал дизел... А фала богу кај бензинецот, речиси и ќе нема проблеми :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #113 на: 19 Февруари 2014, 13:38:33 pm »
50% поголема потрошувачка во реални услови.

За 20к евра да земам бензин, треба да ми е втора кола или да поминувам 3000км годишно.

Но, бидејќи сака дизел човекот - и наполно го разбирам, зошто исто би постапил и јас - може да се потскрати со дискусиите офтопик. Си има тема Дизел ВС Бензин.

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #114 на: 19 Февруари 2014, 13:47:57 pm »
50% поголема потрошувачка во реални услови.

За 20к евра да земам бензин, треба да ми е втора кола или да поминувам 3000км годишно.

Но, бидејќи сака дизел човекот - и наполно го разбирам, зошто исто би постапил и јас - може да се потскрати со дискусиите офтопик. Си има тема Дизел ВС Бензин.

Чекаме одговор од @latko како му се распоредени километрите град/отворено и дискусиите се баш онтопик, затоа што ќе направи голема утка ако земе за градска вожња 2.0 тд мотор, а не да гледате што вас ви се свиѓа или како вие би постапиле... ;)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #115 на: 19 Февруари 2014, 13:57:06 pm »
50% поголема потрошувачка во реални услови.

За 20к евра да земам бензин, треба да ми е втора кола или да поминувам 3000км годишно.

Но, бидејќи сака дизел човекот - и наполно го разбирам, зошто исто би постапил и јас - може да се потскрати со дискусиите офтопик. Си има тема Дизел ВС Бензин.

Чекаме одговор од @latko како му се распоредени километрите град/отворено и дискусиите се баш онтопик, затоа што ќе направи голема утка ако земе за градска вожња 2.0 тд мотор, а не да гледате што вас ви се свиѓа или како вие би постапиле... ;)

Јас земав Бензин за околу 20К ЕУР и тоа ми е прва кола. За типот на колата што јас ја земав разликата во цена до дизел варијанта + потенцијалните проблеми + одржувањето дефинитивно не се исплатеше да се земе дизел.

Инаку проаѓам со оваа кола околу 15000 км годишно во просек и немам ни плин.

Не секогаш дизелот е поевтината варијанта.

Од друга страна второто возило што се вози низ град е дизел ама без ДПФ.

И покрај потенцијалните проблеми на градско возење и дизел кола, испадна цена што не можев да ја одбијам, па решив да ризикувам.

Инаку

Цената на првата кола+ цената на вторава кола < Цената на Првата кола во дизел варијанта (3500 еур разлика, и плус добив две коли :), место една)



Исто бидејќи гледам станува збор за Мазда дали дизел или бензин. Ги имам возено и двата во CX5. Не можам да кажам кој е подобар ама вака ги доживеав.

Бензинот е позабавен и поспортски (ме тераше баш брзо да возам и да го слушам моторот).

Дизелот е посмирен  (имаш снага цело време, ама посмирено возиш од бензинот).

Инаку бензинот не трошеше воопшто многу (под 10 л/100), и е мотор што нема никакви проблеми (како што можев да прочитам).

Кај новиот дизел на мазда се појавува проблем од време на време со нивото на маслото во моторот (знае да се качи , и дури има и одредена ревизија на шипката за масло, што значи првично се вози на минимум).

Јас сериозно би се размислил дали бензин или дизел ако се зема мазда, и веројатно би пресекол после тест возење на двата.






Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #116 на: 19 Февруари 2014, 14:13:51 pm »
Зошто би направил утка, на пример ако земе нов дизел од продавница и го вози како секој нормален Македонец за сите свои потреби?

Или само дека што тебе ти се свиѓа или како ти би постапил?

Јас не реков да не земе дизел, во никој случај, ама како што спомна @latko  дека колата ќе биде возена и од понежниот пол и тоа во град, па затоа реков ако се вози повеќе во град да не се зима 2.0 тд мотор, туку да се земе помал тд 1.5, 1.6, 1.7 кој е повеќе наменски, врши работа и за низ град и на отворено или бензин... Значи како што кажав, јас не би постапил така , ама според тоа што му се свиѓа на @latko мазда3 ние пробавме со некоја алтернатива, пробав само да укажам да некои работи кои се многу битни... Јас според мојата вожња и потреби, бидејќи најчесто возам низ град би направил друг избор ама ај да не бегаме надвор од темата... :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #117 на: 19 Февруари 2014, 14:18:43 pm »


Ford Focus
5 врати 2.0l TDCi DPF (103KW / 140KS) M6
Лумбарна подршка на возачкото седиште
Темпомат со можност за ограничување на брзината
Xenon предни светла
16" алуминиумски фелни со 11 краци и 215/55R16 гуми
Предни спортски седишта

Апсолутен конфор и елеганција за едвај 20.000 евра, со ксенон, LED, алуминиум... се што треба. За 22.000 и аутоматик може ако сакаш. (или 163кс дизел мотор, наместо 140кс)

Незнам кој може да го понуди ова за оваа цена освен Октавија или Киа.

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #118 на: 19 Февруари 2014, 14:19:44 pm »
Дефинитивно бест бај е фокусов..
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #119 на: 19 Февруари 2014, 14:29:58 pm »
Зачистено малце. Не го тупете со непотребни муабети.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.