Автор Тема: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра  (Прочитано 40062 пати)

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #75 на: 18 Февруари 2014, 18:15:57 pm »
Јас мојот избор го направив пред 2 год за нешто пониска сум од оваа,и сега да би го правел пак ќе го направам истиот избор само фејслифт со истата опрема и 1.6дци мотор,башка и кусур ќе ми остане.Арно ама мојот избор е субјективен,налудничав и непромислен и не е воопшто битен во приказнава ;)

Е сега да се вратам на темава,и да кажам некои логични работи(барем мислам дека се логични)

1.Мазда 3,ама ич око не ми трепнуе.Очигледно дека бирам кола со срце а не со разум,кога и да ја видам колава како се вози низ градов си го кршам вратот за подобро да ја изгледам.За 22 бона верувам дека ќе го земам тој мрсниот 2.2 дизелаш со најмрсната опрема.

2.Форд Фокус. Верувам дека е одлично возило и цената му е разумна.Грдичок е позади ама јебига ќе избегавам многу да го гледам од позади.

3.Сеат Леон. Лепотица,само во ФР варијанта со најмрсниот дизелаш.Обичните верзии се поприлично грдички.Тоа што е наводно тврд не ми смета,млад сум уште :)

4.Шкода Октавија само зошто се величи на форумов и може да се земе за пристојна цена.Обичните варијанти се ужасно конзервативни и досадни,створени за такси возило.Се разбира само РС,бидејќи на слики изгледа пристојно.

Е сега,имав прилика да седнам во Голф 7 2.0 тди Хајлајн,за жал сеуште сум немал прилика да го провозам.Надворешниот изглед нема да го дискутирам.Внатрешно малку досадно ама фино скоцкано и изработено немав замерки се додека не ја отворив задната врата.Не знам дали некој друг примети ама задниот тапацир е изработен од многу полоша пластика од предниот тапацир.

Мислам да дадам преку 20 бона и некој да ми стави ефтина пластика на задниот тапацир,богам се заебал.Да беше едно 5 бона поефтин можеби ќе им прогледав низ прсти ама вака навистина нема смисла.
Можеби е тотално небитна работа ама мене ми смета.Искрено ме чуди како никој од тест возачиве не го примети тоа и воопшто не прокоментира или пак се заслепени од неговото височество Голф и не ни пробуваат да најдат мана ;)

Очигледно е дека сите производители почна да штедат,дури и швабиве!

Како и да е,оди прошетај,пробај ги сите варијанти што ти се нудат за твојот буџет,разгледај убаво и тоа што ќе ти фати око и најубаво ќе ти легне зимај без да му ја мислиш и да слушаш рекла казала муабети :)


Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #76 на: 18 Февруари 2014, 18:15:59 pm »
Сосема е прифатливо возило од компакт (хечбек) класатa, да биде со 1.6 дизел мотор, со напукана опрема но пред се со прифатлива цена... Многу ги напукале цениве за 1.6 дизел мотор, посебно кај голфот, најевтиниот голф со 1.6 105кс мотор е 20к евра, додека кај пежото со 1.6 115 кс мотор е 19к што е многу... Јас би идел на овие мотори покрај тоа што се скапи, поконкретно би го земал пежото, ако не се вози премногу на отворен пат, затоа што се некоја комбинација од солидни перформанси и пониска потрошувачка, а воедно и одлични за низ град... Се зависи каде главно ќе се поминуваат километрите, ако се вози повеќе во град нема смисла да се земе 2.0 мотор, така да се според намената... Дефинитивно повеќе се исплати да земеш 308 1.6 115 кс со највисоко ниво на опрема, со каталошка цена од 21.500 евра и плус нешто додатна опрема по желба, па на тоа ценкање и да дојдеш до целта... :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #77 на: 18 Февруари 2014, 18:28:33 pm »
Не знам дали некој друг примети ама задниот тапацир е изработен од многу полоша пластика од предниот тапацир.
Исто е во Маздата 3. И во доста други коли.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #78 на: 18 Февруари 2014, 18:29:46 pm »
@Busav: Јас искрено не го приметив тоа кај Голфот. Ај баш на следното одење во Порше ќе ѕирнам сам.

Иначе, истото е и во Мазда 3. Задните пластики се драстично потврди и покрути. По некоја логика, намерно се така за помалку да страдаат од деца, итн.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #79 на: 18 Февруари 2014, 18:31:17 pm »
Е многу убаво,и тие шупаци.Сите штедат у курац нека идат ;D

На Маздата ќе и прогледам низ прсти само поради прекрасниот изглед,иако е крајно недозволиво според мене за таа цена >:(

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #80 на: 18 Февруари 2014, 18:33:18 pm »
Сите се ориентирани кон шпарање, јебига.

Мене ми е недозволиво во денешно време, во било кој пакет на опрема да нема електрика на задните стакла.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #81 на: 18 Февруари 2014, 18:33:48 pm »
Па бољи да има напред асална пластика, отколку да е како онаа позади секаде. По некоја логика.

Во овој вид на коли ќе се возат деца позади. За возрасни да се возат позади има други (поголеми) коли. :)

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #82 на: 18 Февруари 2014, 18:38:32 pm »
Ми сметаат такви работи за толкава сума пари.Кој сака нека се вози позади сакам пластиката да ми биде квалитетна и напред и позади.Децата ќе се потрудиш да ги научиш дека се во кола а не на излет у парк и ако треба ќе ги соблакаат патиките и нема да лупаат по тапацирите.

Рачки на задни прозори треба да се забранат со закон па и во пониските нивоа на опрема.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #83 на: 18 Февруари 2014, 19:05:24 pm »
Ако сакаш и напред и позади квалитетна пластика, ќе треба друга класа на кола.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #84 на: 18 Февруари 2014, 19:58:13 pm »
Во мојава француска скапаница исти се тапацирите и напред и позади,фина пластика со кожа наместо платно на делови.Можеби е до нивото на опрема а дали е квалитетна треба да оцени некој постручен од мене :)

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #85 на: 18 Февруари 2014, 23:02:21 pm »
Сите се ориентирани кон шпарање, јебига.

Мене ми е недозволиво во денешно време, во било кој пакет на опрема да нема електрика на задните стакла.

Срамотилаци.
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #86 на: 18 Февруари 2014, 23:08:54 pm »
Голф да. Поголемо од тоа, не.

Па за компакт збориме. Во поголемо од тоа не ни има 1.6, на пример у Мондео или Инсигниа

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #87 на: 18 Февруари 2014, 23:15:44 pm »
Само и само Мазда 3 со 2.2 дизелот. Тоа е колата. Или евентуално Mazda CX-5

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 801
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #88 на: 18 Февруари 2014, 23:20:09 pm »
Za 22k  eur    ako ne zemis turbas so nad 150ks nisto ne si naprajl.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #89 на: 18 Февруари 2014, 23:33:31 pm »
Си запнал нова...