Здраво дечки,
како што веќе пишав и во мојот прв пост, мислам дека форумов е супер. Веќе скоро месец дена ги читам темите од форумот, така што ги поминав повеќето, па дури и тие постарите
... Да преминам на главното.
После повеќегодишно штедење, конечно дојде моментот за да разгледувам да купам нов автомобил.
Како што веќе споменав, буџетот е околу 22 илјади.
- Колата не сакам да биде од овие "коли на метро", но да биде доволно практичка и за патување за млад брачен пар со детенце во иднина.
- Во однос на моторот се одлучив за дизел варијанта.
Моментално фаворити ми се Seat Leon и Mazda 3 (особено маздата).
--Seat Leon 2.0 ТДИ (Style ili FR)
- Негативности: Читав дека има тврда суспензија, особено FR (прочитав дека има 20% напред и 40% назад потврда од Style)
- Дури ни 2.0 (150кс) нема мултилинк
- Централната конзола не ми делува многу привлечно
--Мазда 3 2.2 Skyactiv-D (Revolution)
- Негативности: Бучна кабина при поголеми брзини (на тестот, Deni имаше пишано дека не е до толку лоша бучавата, така да би сакал повеќе инфо од него и Zero за ова ако може
)
- Скапа цена - Цената на Revolution ниво на опрема е 23 500, што е премногу. Гледав ценовници од соседниве држави, и се движат од 22 до 22 300 за истото ниво на опрема. Мазда МК имаше промоција каде што Chalenge ја даваја за 19 990 од 21 500, но не ми се свиѓа изгледот со халогенките. Мерак ми прави изгледот со би-хенон и лед. Ќе пробам да им се исценкам да ја спуштат до 22, па ќе бидиме дали ќе биде успешно.
-- Голф 7 - не ми е во опција, бидеќи едноставно надворешниот изглед не ми е привлечен, а и како што гледав од каталогот,
дури и кај највисокото ниво на опрема, повеќе од половина од стандардната опрема кај леонот и маздата тука се доплаќа.
-- Шкода октавија - мислам дека е многу солидна кола, но не ми се допаѓа како изгледа
-- BMW, Audi , Mercedes, - ми се надвор од буџет, бидеќи како што читав минимум 25 ќе ми требаат за да се земе нешто солидно
Така да сега очекувам совети од вас за споменативе, но отворен сум и за нови предлози.
Благодарам однапред