Автор Тема: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра  (Прочитано 40034 пати)

Отсутен Azriel

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 695
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #135 на: 24 Февруари 2014, 11:54:35 am »
Latko, proseta niz salonive? Sto ti napravi kejf? :)
Seat Leon 1.4 TSI

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #136 на: 25 Февруари 2014, 09:56:08 am »
Здраво дечки,
прошетав по салониве изминатава недела, па еве да пишам импресии...
Ќе почнам со VW.
Приемот беше добар, само што типот кажа дека не бил запознаен со тековните цени и понуди па не замоли да поминеме во текот на работната недела да ни дадат повеќе инфо и тест возење(таму бевме во Саботата)
Добар впечаток ми остави Голфот во живо, внатрешноста стварно е квалитетно изработена. Единствена замерка според мене е тоа што и во највисоко ниво на опрема сериски го ставаат најмалиот екран на допир од 5 инчи што воопшто не изгледа добро според мене. По каталог, доплата за поголемиот (5.8инчи е 850 евра, додека за истиов во Сеат, доплатата е 350)

Опел (Олимпија моторс)
-------------------------
Многу ми се свиѓаше пристапот на човекот таму, многу пријателски став вреден за пофалба, кафенце, добро запознаен со сите детали од колите, па ни понуди и тест возење истиот ден.
Возењето ми се допадна, доста комфорно и смирено. Моторот делуваше солидно, но не осетив некоја посебна моќност во колата (не знам колку е тешка инсигнијата која беше со космо ниво на опрема)
Од внатрешноста мене лично не ми се свиѓаше пластиката употребена на централната конзола, а исто така не ме бендиса тоа што колата беше опремена со радио РФ400 (едно ниво над основното), со ова радио не доаѓа тој интерлинк системот кој што има контроли од страна до рачната кочница (тој доаѓа со РФ700 за кој се доплаќа 900 евра), така што на тоа место имаше само пластика која беше во форма како контролите, што мене ми изгледаше многу чудно  :-\.
Можеле да го тргнат тој модул и да стават држач за чаша или нешто, но тоа е мое лично мислење  :)
Со космо ниво на опрема и 2.0 - 130 КС ни дадоа многу добра понуда, која што беше многу под официјалната, 24 000 но сепак е над мојот буџет. Таа беше последната кола станата на лагер, за нарачка се чека 3 месеци.
Рено, Тојота, Цитроен, Пежо, поминав но бидеќи не ми се во потесен круг, нема да се задржувам во детали.

Форд
------
има добри цени, но едноставно кога ќе споредам внатрешност со останативе кандидати, мене лично не ми се свиѓа, а и од позади не ми се допаѓа како изгледа воопшто.

Сеат
-------
Исто така добар прием, може да се бира од колите што се на лагер, за порачка сега немало можност бидеќи имале доста возила на лагер.
Ни понудија супер цена, која што за стајл со целосни лед светла и 17ки бандаши доаѓаше околу 17500 со 1.6.
Проблемот е што сите возила беа со 1.6 моторот (без мултилинк позади), и сите беа со тој најмалиот екран на централната конзола, што мене искрено не ми прави мерак. Тој големиот 5.8 инчи го имаше само во еден модел со 3 врати.
Во однос на возење нема што многу да коментирам, го имам пробано, ми се допаѓа во глобала, сакав да го пробам 2.0 ама како што кажав го немаше на лагер.

Мазда
-------
Многу добар прием во салонот. Им кажав за што сум заинтересиран (2.2 дизел во revolution ниво на опрема). Девојката ми кажа дека моментално тој го немаат, и тешко било да се порача, не знаеше многу детали зашто е така, па дојде нејзиниот менаџер кој што многу подобро ја објасни ситуацијата.
Според него, поради многуте порачки, возилата што им се веќе порачани би стигнале за месец дена, но ако се прави сега возило по нарачка (според моите желби) колата би стигнала дури Септември.
Опција која ми ја понуди беше од порачката која што би стигнала крај на март, која вклучува Challenge ниво на опрема. Таа каталошки со 2.2 дизел е 21 500 но со оваа понуда би била 19 980, со тоа што во цената ќе биде вклучено и металик боја и паркинг сензори кои не се стандард за ова ниво на опрема.
Им пиша барање на бугариве да провери дали од лагерот таму би ослободиле една кола со revolution ниво на опрема, но и да е така, цената на таа би била 23 500,(вика на оваа од таму највероватно нема да даваат попуст) така што разликата би била 4000 евра што е премногу за мене.
-----
Така да сумирам, од возилата, маздата ми остави најдобар впечаток (седан верзијата), (внатрешноста за нијанса повеќе ми се свиѓаше во голфот хајлајн, но кај него надворешноста не ми се допаѓа)
Challenge нивото на опрема има се што ми треба освен ксенон светла, но како што спомена Дени, бидеќи се со лупа, во иднина можеби би можело да се стави.
Ќе размислам наредниве денови, не се брзам.
Сите коментари се добредојдени.  :)
Поздрав.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #137 на: 25 Февруари 2014, 10:00:15 am »
за порачка сега немало можност бидеќи имале доста возила на лагер.


Оу мај ГААД!!!!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #138 на: 25 Февруари 2014, 10:03:03 am »
Нишо не ти праам муабет, не си отишол до Пежо...

 ;)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #139 на: 25 Февруари 2014, 10:11:54 am »
@velestrumf  Го видов и пежото во живо, според мене држи вода критиката дека малку претерале што ставиле ама баш се да оди преку тој големиот екран на допир. На прво делува интересно, но во иднина мислам дека ќе нервира по малку.
Барем климата и основните работи можеле да ги направат како сите останати производители со физички копчиња.
За некого баш ова може да му биде интересно, но јас лично мислам дека после некое време би ми предизвикувало фрустрации по малку (чисто мое мислење)  :)
Иначе возилото изгледа многу добро од надвор  :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #140 на: 25 Февруари 2014, 10:32:13 am »
Хехехе, океј ондак :)

Иначе да, пошто се’ направиле да иде преку тоа, за кратко време ќе ти преседне :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #141 на: 25 Февруари 2014, 10:41:09 am »
Опција која ми ја понуди беше од порачката која што би стигнала крај на март, која вклучува Challenge ниво на опрема. Таа каталошки со 2.2 дизел е 21 500 но со оваа понуда би била 19 980, со тоа што во цената ќе биде вклучено и металик боја и паркинг сензори кои не се стандард за ова ниво на опрема.

Значи за месец дена ќе си пазариш прекрасна кола. Одличен избор!

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #142 на: 25 Февруари 2014, 10:57:42 am »
Ај за убаво нека е, супер попустче си лапнал + металик и паркинг сензори... :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Re: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #143 на: 25 Февруари 2014, 18:07:25 pm »
Ocekuvan ishod:)

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #144 на: 25 Февруари 2014, 18:12:20 pm »
Опција која ми ја понуди беше од порачката која што би стигнала крај на март, која вклучува Challenge ниво на опрема. Таа каталошки со 2.2 дизел е 21 500 но со оваа понуда би била 19 980, со тоа што во цената ќе биде вклучено и металик боја и паркинг сензори кои не се стандард за ова ниво на опрема.

Значи за месец дена ќе си пазариш прекрасна кола. Одличен избор!

Мој близок доби за таа цена плус 10% добива мазда 6 2.2 дизел од салон. А на Мазда 3 со трето ниво опрема (најопремената) има 25% попуст. За кеш. Поради стиснатост ја одби понудата..

Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #145 на: 25 Февруари 2014, 18:38:55 pm »
dali proveri za kolku se zema mondeo i kia optima? inace dobar izbor bi ti bila mazdata

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #146 на: 26 Февруари 2014, 02:26:01 am »
Latko, Мазда 3 седан почнува од 16980, а хечбекот од 14980. Седанот со 2.2 дизел и револушн ниво на опрема чини 23480, ако идеме по логиката на почетна цена на двата модели, тогаш Мазда 3 хечбек 2.2 дизел револушн не треба да е повеќе од 22000 евра, што всушност е и твојот ценовен лимит. Дали им побара цена за 3ка хечбек или заинтересиран си стриктно за седан избедба?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #147 на: 26 Февруари 2014, 08:27:24 am »
По искуството со Мазда 6 со ксенон, и Мазда без ксенон, ти велам уште одма да си најдеш кој ќе ти мести 4300к на маздата. Колата изгледа како од 21ви век, за разлика од аа со халогените која е уште застаната во 78ма кога нашиот Другар одеше по Земјава.

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #148 на: 26 Февруари 2014, 09:07:07 am »
@Darkovski не знам точно бројка, али надвор од буџет ми беа со добро ниво на опрема.
@Kimi R  Двете верзии од маздата се идентична цена за погорните нивоа на опрема. А мене лично и повеќе ми се свиѓа седан изведбата.
За револушн не можеше да спуштат подолу цена од 23 бидеќи уште неколку биле останати во бугарија, и викаат ќе ги продадат секако.
Кога направив математика ми испаѓа дека не добивам многу плус работи во револушн освен ксенон со лед светлата, а за тоа ниво на опрема траба да дадам + 3000 или 3500 евра со металик. Тоа искрено ми е голема разлика, а плус на тоа во тие возила не ми се свиѓаа боите кои беа останати   :-\ .
Така што се одлучив на поефтината варијанта, па ќе видиме после може да се монтира ксенон.. ;)
Поздрав

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Предлози за нов автомобил - Буџет околу 22 000 евра
« Одговори #149 на: 26 Февруари 2014, 10:06:45 am »
По искуството со Мазда 6 со ксенон, и Мазда без ксенон, ти велам уште одма да си најдеш кој ќе ти мести 4300к на маздата. Колата изгледа како од 21ви век, за разлика од аа со халогените која е уште застаната во 78ма кога нашиот Другар одеше по Земјава.

Кога купував јас кола, еден од условите ми беше да има Фабрички Ксенон.

До ова дојдов кога пробав кола со Фабрички Ксенон  и споредив со возилата што ги возев претходно со Халогени светла.

Претходно секое возење навечер ми беше ептен стрес, и ептен напор.

Сега со фабрички вградениот Ксенон е тотално друго (воопшто не се заморувам и стварно подобро и подалеку се гледа).

Инаку не сконтав никогаш, дали можат халогени да се надградат во Ксенонски, и да биде на исто ниво како кога се фабрички вградени?

Како е решено нивелирањето на светлата кај оние фарови што се накнадно доградени со Ксенон?


Кај мене автоматски си се насочува снопот, за ем да гледам пред мене добро, ем да не ги заслепувам другите