Поентата е следна:
Спејс Старот (како и секое друго возило) е замислено да биде возено (приближно) на одреден начин, со тоа што Спејс Старот дури го форсира возачот да вози летаргично (со предолгите брзини и спората реакција на гас). Кога ќе го извадите Спејс Стар од комфорт зона, потрошувачката е дури превисока, пошто колата не е предвидена така да се вози.
Јас го разбирам Дени, и наполно се сложувам со него - при возење како што ние возиме, колата би трошела повеќе. Тоа е нормално. При возење како што колата треба да се вози, си троши помалку. Јас кога го возев спејс старот поагресивно, си трошеше над тие 5.7 литри. Кога го возев во рамки на дозволените брзини, со старт-стоп што си функционира прилично добро, и без клима, количето си троши меѓу 5.5 и 5.9. Да го пимплам, можеби би трошело и помалку.
Кога тестирам некое количе и праам муабет за потрошувачка, секогаш идам со претпоставка дека потрошувачката би можела да се симне уште еден литар од мојата, бидејќи секој возач кога колата е негова си ја знае подобро и може да ја вози поекономично. Ерго муабетот дека Спаркот на Фаланга троши 6. Троши, пошто он знае како да го вози за толку малку да му троши.