мило ми е што сфативте дека сте на форум,еден вид социјална страна за асоцијализирани граѓани
Сонакс, добредојдовте.
Се регистриравте на форумот среде ноќ, и почнавте да напаѓате член на нашиот форум неосновано и почнавте да навредувате, не само тој член, туку и останатите членови на форумот со оваа изјава.
Нашиот форум има
правила, кои би ви препорачал да ги прочитате. Однесувањето на форумот ви е сосем недолично, особено за фирма која се нарекува „професионална“ и луѓе кои се нарекуваат „професионалци“.
Од каде да почнам? Од „се радуваш како мајмун на банана“, „прилепски мачо мен“, „социјална мрежа за асоцијализирани граѓани“?
Доколку нашиот форум е „социјална мрежа за асоцијализирани граѓани“, тогаш слободно можете да престанете да бидете дел од оваа заедница. Нашата заедница е изградена врз основа на пријателство, доверба, соработка и љубов кон автомобилите. Токму затоа соработуваме со неколку компании од Скопје, кои увидоа дека на нашиот форум има одлична заедница и дека можат на вистинското место да ги понудат своите услуги.
Бидејќи ние сме асоцијализирани граѓани, со нашата асоцијализираност успеавме да организираме неколку собири и екскурзии низ република Македонија, го организиравме најголемиот собир на автомобили во Скопје, имаме членови од целата држава и секаде сме добредојдени и прифатени. Бидејќи сме асоцијализирани граѓани, соработуваме со големи компании и бидејќи сме асоцијализирани граѓани се дружиме во и надвор од форумот, и си помагаме едни на други во сите можни ситуации.
И сето тоа го правиме само заради фактот дека сме асоцијализирани граѓани. Бидејќи не етикетиравте како такви, а сигурни сме дека вие не сакате да бидете „асоцијализирани граѓани“ тогаш зошто сте тука, и зошто ги нудите вашите услуги? Другите компании кои се пријатели на CARclub, мислите дека тие туку-така станале пријатели на CARclub?
Благодарение на односот кој го имате на форумот, навредите кои ги изрековте кон индивидуални членови, а и целата заедница, арогантното, агресивно и непријателско однесување, ви кажувам дека
јас како администратор на овој форум
нема да ги користам вашите услуги, а верувам дека и многу други членови ќе го следат мојот пример.
Имајте пријатен ден, и внимавајте на однесувањево. Користењето на форумот е отворено за сите, но неговото користење е привилегија а не право.