Има ли некое решение за нас црнците што живееме на 1ви спрат во зграда . Размислував за некој комбиниран бојлер кој на зима може да се грее од парно од БЕГ. Мада подобра варијанта ми е солар за преку целата година. Проблемот е што сум во зграда на први спрат и над мене има уште 4-5 спрата а и горе незнам каква е ситуација со кровот. Кога би ставал тамо соларен панел веројатно цевките би оделе низ вентилацијата до кровот...
Дали имам опција да го поставам надворешно на фасада/балкон, имам поглед према југ мада не е баш чист релативно блиску има друга зграда....
Лошо со комбинираниот бојлер врзан на парно е што кога ќе престане греењето од БЕГ пумпите уште вртат во зграда и цела вода што си ја згреал до тогаш ќе почне да се лади, фактички ти со твојот ел. грејач во бојлерот ќе го грееш парното на цела зграда.
Треба да се стават електромоторни вентили со сезнор кои ќе затвараат кога температурата во бојлерот ќе биде повисока од температурата на водата во цевките за парно.
Се на се не верувам дека се исплати.
Монтирање на солар на фасада вертикално ќе ја намали неговата ефикасност (има ваков еден монтирано на млечен кај кафе ЛИ), а ако фаќа сенка ич не монтирај, џабе фрлени пари.