Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 115945 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #255 на: 04 Август 2014, 01:33:04 am »
хахаха.. испуштив 3 кубици вода, и наполнив со ладна вода па си дојде таман на 24 степени.. 3 кубици вода е бајаги туширање... ке требаше да турам бесплатен туш пред капија, на улица, селаниве кој како се враќа од нива, да мавне еден туш пред да иде накај дома...  ;D ;D
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #256 на: 21 Јуни 2015, 12:07:31 pm »


Eве нешто интересно, Drain Back Solar Systems. Се работи за алтернатива на стандардниот концепт со затворен круг и со гликол/антифриз. Наместо тоа, се користи вода и како заштита од замрзнување дизајнот на системот е таков да кога пумпата ќе престане да ја циркулира водата - истата по гравитација паѓа надолу во соодветниот резервоар (ова автоматски се случува навечер, или дење ако контролерот ја исклучи пумпата заради достигнување на максималната зададена температура). Пошто резервоарот се наоѓа внатре во куќата/објектот, нема опасност од замрзнување на водата.
Ова е во исто време и заштита од прегревање, затоа што контролерот автоматски ја исклучува (пумпата и) циркулацијата на водата кога ќе се постигне зададената температура. Или ако снема струја, автоматски се случува истото - запира циркулацијата на водата.

Но панелите/колекторите треба да се предвидени за ваква намена, односно да се такви да водата може по гравитација да се исцеди надолу во резервоарот (што значи во панелот/колекторот не смее да има „џепови“ во кои може се задржи вода).

еве општо за дизајнот:
http://youtu.be/VlAfTYTA0Z0

и подетално:
http://youtu.be/qOXcbsjUOZw


http://www.google.com/search?q=Drain+Back+Solar+Hot+Water+Systems

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #257 на: 21 Јуни 2015, 12:50:24 pm »
Термоцентрала ќе излезе на крај како тргнале со комплицирањево.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #258 на: 22 Ноември 2015, 23:52:47 pm »
Има ли некое решение за нас црнците што живееме на 1ви спрат во зграда :D. Размислував за некој комбиниран бојлер кој на зима може да се грее од парно од БЕГ. Мада подобра варијанта ми е солар за преку целата година. Проблемот е што сум во зграда на први спрат и над мене има уште 4-5 спрата а и горе незнам каква е ситуација со кровот. Кога би ставал тамо соларен панел веројатно цевките би оделе низ вентилацијата до кровот...
Дали имам опција да го поставам надворешно на фасада/балкон, имам поглед према југ мада не е баш чист релативно блиску има друга зграда....

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг:
« Одговори #259 на: 23 Ноември 2015, 10:02:15 am »
Стај си комбиниран бар да ќариш неколку месеци. Сибало солар кај тебе.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7078
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #260 на: 23 Ноември 2015, 10:12:57 am »
Има ли некое решение за нас црнците што живееме на 1ви спрат во зграда :D. Размислував за некој комбиниран бојлер кој на зима може да се грее од парно од БЕГ. Мада подобра варијанта ми е солар за преку целата година. Проблемот е што сум во зграда на први спрат и над мене има уште 4-5 спрата а и горе незнам каква е ситуација со кровот. Кога би ставал тамо соларен панел веројатно цевките би оделе низ вентилацијата до кровот...
Дали имам опција да го поставам надворешно на фасада/балкон, имам поглед према југ мада не е баш чист релативно блиску има друга зграда....

Лошо со комбинираниот бојлер врзан на парно е што кога ќе престане греењето од БЕГ пумпите уште вртат во зграда и цела вода што си ја згреал до тогаш ќе почне да се лади, фактички ти со твојот ел. грејач во бојлерот ќе го грееш парното на цела зграда.

Треба да се стават електромоторни вентили со сезнор кои ќе затвараат кога температурата во бојлерот ќе биде повисока од температурата на водата во цевките за парно.

Се на се не верувам дека се исплати.

Монтирање на солар на фасада вертикално ќе ја намали неговата ефикасност (има ваков еден монтирано на млечен кај кафе ЛИ), а ако фаќа сенка ич не монтирај, џабе фрлени пари.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8965
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #261 на: 23 Ноември 2015, 11:15:03 am »
или можеш да си планираш дека до кај 10 ке имаш топла вода. после слободно исклучи си го бојлерот а со ладење ке се олади може до кај 11 во најлоѓ случај. значи таман ти е


Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Одг:
« Одговори #262 на: 23 Ноември 2015, 11:44:21 am »
Ke si baram chare plinskoto bojlerce kako da go montiram

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг:
« Одговори #263 на: 23 Ноември 2015, 12:05:20 pm »
Прашај за решение со електеомеханички вентил де. Ти како мислеше без тоа да ставиш? Си има како се монтира  правилно.

Пресметај колку плаќаш за греење на бојлерот рецимо 500 денара месечно пута 4 месеци или 5 незнам колку се грее тоа ти е 2500 денари годишно заштеда. 4 години да тера ќе направи значи 10000 денари. Ако мислиш дека е паметно стави си.
Тоа е тоа. Математиката ако се направи тоа е тоа. Јас пре би ставил некое тајмерче за постоечкиов бојлер што го имаш. Рецимо вечер да ја загрее водата на 85 степени од 10 вечер до 7 сабајле, а од 7 сабајле до 10 вечер само да догрева до 60 степени. Саатите според ефтина струја да се.

Нешто налик термоакумулациона печка ќе му дојде заштедата. За во стан мислам дека е најелегантно решение за трајно.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #264 на: 23 Ноември 2015, 18:55:27 pm »
И јас сум размислувал на таа тематика исто како и ти. Тајмер и со контактор да го палам и гасам само во евтина струја. Мада по сите математики плинскиов ми доаѓа ко кец на десетка

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг:
« Одговори #265 на: 23 Ноември 2015, 19:52:51 pm »
А плин? Боци да мкнеш? А и не е беспари плинот...

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #266 на: 23 Ноември 2015, 20:22:36 pm »
Не троши толку многу во некоја друга тема имавме пишувано за бојлеров колку што се сеќавам

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7078
Одг:
« Одговори #267 на: 24 Ноември 2015, 00:27:39 am »
Нема таа сила што ќе ме натера да мкнам плински боци од дома во кола па на бензинска па пак до стан за да загреам вода. При 21ви век и едно копче ON-OFF.  А заштедата е 5 еур.  месечно преку сила.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #268 на: 24 Ноември 2015, 01:11:27 am »
Рецимо вечер да ја загрее водата на 85 степени од 10 вечер до 7 сабајле, а од 7 сабајле до 10 вечер само да догрева до 60 степени. Саатите според ефтина струја да се.

Нешто налик термоакумулациона печка ќе му дојде заштедата. За во стан мислам дека е најелегантно решение за трајно.

сериозен си со бројкиве за на топлификација т.е. бег?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #269 на: 24 Ноември 2015, 19:47:29 pm »
Тоа беше идејата што ја дадов за тајмер/термостат за електричниот греач што си го има бојлерот. Кога не би се врзувал на парно бојлерот.