Ова е мојата логика. Не значи дека е точна.
Отворен (значи водата дирекно се грее низ тие кинеските цевки). Замисли нема никој дома во лето, а надвор +50 степени. Водата врие, почне да испарува и набилда притисок?
Чисто така. Теоретски и шпекулативно?
Затворениот (има антифриз/гликол/штоидае) е доста постабилен на високи температури отколку водата. Самиот разладувач/затоплувач нон стоп циркулира во самиот систем плус има вентил за испуштање притисок.
^^
Лаки, ако снема струја проблеми ќе има и во двата случаи. За апокалиптично сценарио, замисли го следново: снемува струја наутро на долг, летен, сончев - жежок(!) ден. А нема никој дома, ни струја, цел ден. Гарантирано ќе има проблеми, какви сака заштити нека има, па и УПС-и, ниден нема да држи толку саати.
Во најдобар случај ќе си проработат заштитните механизми и ќе избие гликолот надвор (самото тоа кошта пари за да се замени, а корозивноста ќе направи беља ако нема поставен сад за да го собере гликолот). Во најлош случај... на еден колега му експлодира бојлерот, пола ѕид му беше разурнат среќа во подрум му стои и никој немало долу. Да тука закажал и бољерот, требало вентилите да ја испуштат водата кога темп иде на 9х степени, но тие вентили често закажуваат заради каменец (а никој од нас не ги проверуваме) - ова може да се деси и на обичен бољер, ако се расипе термостатот а никој не примети во меѓувреме. Има подоста примери.
Затоа на запад си имаат стандарди за оваквите работи. Во системот мора да има дел што ќе го лади вишокот на топлинска енергија. Tие што имаат базени ова лесно го решаваат со пренасочување на гликолот низ водата (и таму го оставаат вишокот енергија), тие што немаат вакви опции им треба нешто како активен чилер кој топлината ќе ја испушта блиску надвор (може и голем сад со вода, кој би служел и како бафер за топлотна акумулација).
Друг проблем со тие варијанти каде бојлерот е горе, е што во преодните периоди губи драстично на ефикасност а во зима е неупотреблив и на целосно сончеви денови. Затоа што... Бојлерот е надвор... На ладно. Употребливи се само летно време, тие целосно што не ги исклучуваат кога ќе залади - тие го греат воздухот, да на струја.
Мене лично ми се допаѓаат
Drain Back Solar Systems, за чиј принцип на работа пишував поназад. Поевтини се од стандардните системи со бојлер внатре, и 100% сигурни кога ќе снема струја.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Eве нешто интересно, Drain Back Solar Systems. Се работи за алтернатива на стандардниот концепт со затворен круг и со гликол/антифриз. Наместо тоа, се користи вода и како заштита од замрзнување дизајнот на системот е таков да кога пумпата ќе престане да ја циркулира водата - истата по гравитација паѓа надолу во соодветниот резервоар (ова автоматски се случува навечер, или дење ако контролерот ја исклучи пумпата заради достигнување на максималната зададена температура). Пошто резервоарот се наоѓа внатре во куќата/објектот, нема опасност од замрзнување на водата.
Ова е во исто време и заштита од прегревање, затоа што контролерот автоматски ја исклучува (пумпата и) циркулацијата на водата кога ќе се постигне зададената температура. Или ако снема струја, автоматски се случува истото - запира циркулацијата на водата.
Но панелите/колекторите треба да се предвидени за ваква намена, односно да се такви да водата може по гравитација да се исцеди надолу во резервоарот (што значи во панелот/колекторот не смее да има „џепови“ во кои може се задржи вода).
еве општо за дизајнот:
http://youtu.be/VlAfTYTA0Z0
и подетално:
http://youtu.be/qOXcbsjUOZw
http://www.google.com/search?q=Drain+Back+Solar+Hot+Water+Systems