Мал апдејт околу изведувањето на работите кај мене и монтажата на соларот. Ј-га, немам време да завршам одеднаш се, + не можев од времево и се некој непредвидени работи излегуваат кога имам слободно време...
Држачот е комплетно направен. Ева како тоа изгледаше чекор по чекор:

Оставени дупки за да може да истекува водата кога ке врне, а и зимно време да не се собира кога не може да испари. Дупки има од двете страни:

Стопите ги направив од едни држачи кои ги имав од скроз друга работа, ама па екстра се погодија и легнаа фес:

Заварени комплет. За варењето беше задолжен таткоми, се уште си ја работи работата


Фарбање со миниум две раце, а потоа со сребрена боја, исто така две раце. Претходно цевките добро исчистени и одмастени, среќа нови беа па немаше рѓа.


Целата спремна конструкција качена со јажиња на кров. И нормално поставена за да биде фиксирана на греди. Заради таа причина не е директно завртена кој југ, него е под мал агол на југоисток. За да беше фулл на југ, ке се комплицираа многу работи, а вака барем е стегната цела на гредите и знам во тој поглед сум сигурен.


Инаку другиот агол си е запазен


Ставени гуми, избушени дупки и заштрафени штрафови, а за секој случај врз нив ставен и силикон.


Следната работа беше склопување на фитингот кој ке биде монтиран кај бојлерот.


И двата дела кои ке бидат поврзани во системот. Горниот склоп ке биде поврзан на топлиот вод, односно тука има сигурносен вентил на 6 бари, па потоа неповратен вентил, но не класичен него електромоторен, а на повратниот дел ке се монтира се друго, односно вентил, котловска славина за полнење и празнење, термоманометар, па потоа експанзија, пумпа, уште еден вентил и се тоа поврзано во системот, односно котларата. Истанува уште да се залемат спојки на бакарните цевки и се ова да се заштрафи. Следните неколку дена планирам да го средам и горниот дел и да го поставам панелот, а слики нормално ке следат и од тоа.
Сите овие водови ке бидат прописно изолирани и нема ништо да се гледа.


Прашање за @onak , стручно.
Дали има врска каед ке го поставам сигурносниот вентил на 6 бари? На топлиот вод, или на ладниот. Излистав доста литература каде што тој вентил наречен "Release Pressure vent" e поставен баш на топлиот дел, а има и места каде што се поставува во близина на експанзиониот сад. Претпоставувам дека нема врска, штом не е точно и стриктно дефинирано, но еве, да се консултирам со искусен човек во својата работа?
едит:
Благодарност до @onak за споделениот одговор и стручното мислење.
Се слушнав телефонски и си направивме муабет
