Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 133491 пати)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #180 на: 07 Мај 2014, 14:03:22 pm »
https://www.facebook.com/solarnrg.macedonia/posts/511356038986873?stream_ref=10
Виктор газдата одсекогаш бил човек... алал да му е!

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #181 на: 07 Мај 2014, 19:34:03 pm »
https://www.facebook.com/solarnrg.macedonia/posts/511356038986873?stream_ref=10
Виктор газдата одсекогаш бил човек... алал да му е!

Само за сијалица?

Отсутен ace_banja89

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 58
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #182 на: 09 Мај 2014, 16:11:48 pm »
Која е разликата помеѓу монокристални или поликристални панели и кои се подобри

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #183 на: 09 Мај 2014, 16:15:41 pm »
Никоја. Подобри се оние кои ќе дадат поголема моќност во текот на годината за помалку пари.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #184 на: 20 Мај 2014, 20:54:27 pm »
Мал апдејт околу изведувањето на работите кај мене и монтажата на соларот. Ј-га, немам време да завршам одеднаш се, + не можев од времево и се некој непредвидени работи излегуваат кога имам слободно време...
Држачот е комплетно направен. Ева како тоа изгледаше чекор по чекор:



Оставени дупки за да може да истекува водата кога ке врне, а и зимно време да не се собира кога не може да испари. Дупки има од двете страни:



Стопите ги направив од едни држачи кои ги имав од скроз друга работа, ама па екстра се погодија и легнаа фес:



Заварени комплет. За варењето беше задолжен таткоми, се уште си ја работи работата :)



Фарбање со миниум две раце, а потоа со сребрена боја, исто така две раце. Претходно цевките добро исчистени и одмастени, среќа нови беа па немаше рѓа.





Целата спремна конструкција качена со јажиња на кров. И нормално поставена за да биде фиксирана на греди. Заради таа причина не е директно завртена кој југ, него е под мал агол на југоисток. За да беше фулл на југ, ке се комплицираа многу работи, а вака барем е стегната цела на гредите и знам во тој поглед сум сигурен.





Инаку другиот агол си е запазен  ;D



Ставени гуми, избушени дупки и заштрафени штрафови, а за секој случај врз нив ставен и силикон.





Следната работа беше склопување на фитингот кој ке биде монтиран кај бојлерот.





И двата дела кои ке бидат поврзани во системот. Горниот склоп ке биде поврзан на топлиот вод, односно тука има сигурносен вентил на 6 бари, па потоа неповратен вентил, но не класичен него електромоторен, а на повратниот дел ке се монтира се друго, односно вентил, котловска славина за полнење и празнење, термоманометар, па потоа експанзија, пумпа, уште еден вентил и се тоа поврзано во системот, односно котларата. Истанува уште да се залемат спојки на бакарните цевки и се ова да се заштрафи. Следните неколку дена планирам да го средам и горниот дел и да го поставам панелот, а слики нормално ке следат и од тоа.
Сите овие водови ке бидат прописно изолирани и нема ништо да се гледа. :)



Прашање за @onak , стручно.
Дали има врска каед ке го поставам сигурносниот вентил на 6 бари? На топлиот вод, или на ладниот. Излистав доста литература каде што тој вентил наречен "Release Pressure vent" e поставен баш на топлиот дел, а има и места каде што се поставува во близина на експанзиониот сад. Претпоставувам дека нема врска, штом не е точно и стриктно дефинирано, но еве, да се консултирам со искусен човек во својата работа?

едит:
Благодарност до @onak за споделениот одговор и стручното мислење.
Се слушнав телефонски и си направивме муабет :)
« Последно менување: 21 Мај 2014, 08:43:45 am SaleSk »
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #185 на: 21 Мај 2014, 08:49:41 am »


На оваа шема е ставен на ладната страна кај експанзијата.

Нека каже онак од искуство дали е ова добро решение.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #186 на: 21 Мај 2014, 11:24:15 am »
Во многу од шемите е различно поставен. Во еден затворен систем, притисокот во инсталацијата е секаде ист, па така да вентил за надпритисок можеш да го поставиш во било кој дел од системот.
Е сега, ова е затворен систем, но имаме циркулација. За да има циркулација потребна е разлика на притисоци, едниот да е повисок, а другиот да е понизок, односно делта П. Но со оглед на тоа дека се работи за многу мал систем и многу мал проток, скоро и да не е важно каде ке го ставиш сигурносниот вентил за над притисок.
Понекогаш теоријата и праксата се разидуваат, па затоа побарав мислење од професионалец во оваа област, а со сигурност можам да му верувам на онак за таа работа.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #187 на: 03 Јуни 2014, 08:41:40 am »
Да не остане муабетот недокажан.
Соларното е комплет готово, ставено во функција, и единствено нешто кое е оставено неовршено е поставување на изолација на цевките, една од најбитната работа, но намерно ми е оставено заради тест и да се уверам дека нема никаде да тече или лигави. Сепак првпат варам цевки и сакам да сум 100% сигурен во сработеното. Сега за сега е се ОК, и благодетите на соцето веќе ги осетив. Останува да работи со вода системот едно недела, две или три, зависно од временските прилики, и потоа течноста ке биде заменета со гликол.













Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #188 на: 08 Јуни 2014, 15:24:09 pm »
Одлично Сале  сработено ! Најповеќе ми прават кејф, што си го правел со бакарни цефки, нешто во МК ретко кој го прави поради финансиски причини.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #189 на: 08 Јуни 2014, 15:56:04 pm »
јас без бакарни цевки не дискутирам за солар. евентуално ако некој веќе пуштил железни, па да се приклучам на нив ама пак со бакар... алупласт, ппр, пвц, пекс... јок... се тоа забрането е кај мене за солар... тоа се цевки соодветно за водовод и за парно...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1936
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #190 на: 08 Јуни 2014, 17:06:59 pm »
Мерак ми е кога ќе видам нешто изработено од @SaleSK. Педантно, средено, функционално. Браво, секоја чест!

Ти посакувам ептен топла вода !  ;)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #191 на: 08 Јуни 2014, 18:50:42 pm »
Фала ви на сите. Деновиве какви се недокажани, пола сонце пола облаци, температурата во бојлерот е од 55 до 65 степени. За 100 литра. Се уште е во тест мод, чекам некој лош ден да се качам и да изолирам цевки, и евентуално да ја сменам водата со гликол. Ке ставам уште некоја слика, и тоа е тоа...
Инаку како што кажа Онак, имав и алупласт ставено, ама нив ги оставив и си ставив бакар...Поскапо е, но тоа е тоа. Барем ке бидам сигурен во сработеното. Нема да се плашам летоска кога ке крене соларот преку 80 степени дали ке пукне цевка, пошто сега со овакво променливо време температурата на водата одеше и до 70 степени...
Со доработка и поставување на изолација, и поставување на сензорот на право место (сега е прикачен колку да ја покажува приближно температурата) очекувам зголемување на вредностите за минимум 5 степени нагоре...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #192 на: 08 Јуни 2014, 19:08:03 pm »
Секоја чест Сале и за работата и за твојата несебичност во споделување на знаењето !!!
Аирлија нека е !!!

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2241
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #193 на: 10 Јуни 2014, 23:25:15 pm »



(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Сале од каде ја најде заштитната кутија за диференцијалниот термостат?Истиот диференцијален го имам и јас,ама без кутија е кај мене.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #194 на: 10 Јуни 2014, 23:26:52 pm »
било која кутија за автоматски осигурачи за 6 места... било каде можеш да ја купиш.. оваа кутија е продукт на viko и ја има на зелен пазар во продавница.. околу 250-300 денари е...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време