Баш на ваков крах алудирам цело време.... очигледно ти не ме разбра ама еве сега се разбравме како и да е
друже... се бањаш ли ти дома? или идеш кај некој друг дома? а комшиите во твојата зграда, дали се бањаат? дали користат топла вода? секако дека да... е па соларниот систем е нешто кое ке го смени начинот на загревање НА ИСТА ТАА ВОДА.. од сега натаму , наместо на струја, ке греете на сончева енергиј... додавањето на соларен систем ни за секунда не го оптоварува водоводниот систем ништо повеке одошто сега е оптоварен...
како неможеш да сватиш дека соларот, на кров она што е, до него не иде вода... апсолутно НЕ!! од тоа на кров влегува цевка дома кај тебе па во бољерот кружат и се враќа назад со друга цевка. во цевката има загреан (многу загреан понекогаш) АНТИФРИЗ кој од соларот доаѓа загреан со помош на сонцето, влегува во бољерот врти неколку кругови и се лади така што уствари ја грее водата во бољерот и така изладен се враќа назад во соларот... значи бољер си е бољер. ти имаш дома бољер сигурен сум.. сигурно не се бањате така што греете вода во тенџере на шпорет. значи наместо тој бољер, сега ставаш нов бољер кој има влез и и излез ЗА АНТИФРИЗ кој е во (како што 3 пати реков до сега) во затворен систем т.е. рециркулативен.
значи, никакви промени во водоводот не треба да се прават. нигде на друго место екстра повеке вода нема да се троши. ништо повеке екстра притисок не ке треба. никаде нема да иде екстра вода. никој нема да троши повеке вода и нај последното повторувам вода на кров не иде... топлата вода ја добиваш ти дома, во твојот бољер, тој у вц што ти е... таму се грее водата со помош на соларот.
уште еднаш.. вртењето на цевката во бољерот е уствари топлинско изменување или топлински изменувач. така со помош на сонце го грееш бољерот. значи на тој начин, ти ке добиеш топла вода загреана со сонце, а не со елкетричен греач, ништо повеке вода не треба...
а уствари сваќам дека ахтунг се буни, затоа што он мисли на термосифонските колектори. тоа се колектори со бољер на кров. тоа според мене не се вистински и добри колектори. имаат релативно по краток преиод-век на работа. на годишно ниво лимитиран е на околу 6-7 месеци МАКСИМУМ да функционира и тоа се колектори со многу проблеми. јас и мојата фирма не ги работиме нив и такви како мене колеги има многу. едноставно, ние, кои работиме солари, кои не сакаме да си имаме проблеми со глупости и не квалитетни изведби не сакаме да си имаме проблеми со тие таканаречени соларни системи, кои во вистинска смисла на зборот се лоша изведба и евтина дај-пари инвестиција...
некој ке рече, е па што тогаш се продаваат... прво 2 до 3 па и 4 пати се поевтини од вистински солар. второ се продаваат де, тоа не значи дека треба да ги купиш.. и цигарите се опасни, лоши исто како и алкохолот, но ете, се продаваат во слободна продажба и можеш да ги купиш... тоа е тоа...
со соларен систем (вистински) немаш никакво екстра оптоварување на водоводната мрежа одколку досега што си имал... крај на приказната.
Си почнавме квалитетна дискусија
Заради таа причина решив да ставам електромоторен вентил бидејќи во тој случај намалување на протокот ке биде сведен на мин минимум.
Затоа се одлучив да не ставам класичен неповратен вентил.
Инаку претпоставувам дека електромоторниот вентил ке работи прилично брзо, квалитетен е, но тоа ке видам кога ке го приклучам.
недај боже да ти се расипе вентилот... ќе ти зоврие колекторот и го еба.. толку му треба... значи не од 1-2-3 саати, ама од 1 цел ден вриење му еба дете..
слушај.. во би-ми има едно многу убаво автоматско лонче за солар. малку е мрсничко, ама купи го. на панелот, на едниот крај прицврсти ја цевката за топла вода на другиот крај постави го лончето (зборам во горна зона). во случај да затаи пумпа, вентил или недај боже да снема струја, тоа лонче ке ти го спаси панелот и бојлерот прво од притисоци, второ од воздушни џебови.
јас не сум присталица на елкектро моторни вентили. моето мото знаеш кое е... се што има потенцијал да ја усложнува работата или да се расипе, го исфрлам. неповратен вентил, во услови на работа со антифриз (значи мрсно и подмачкано) ке трае вечно. на вода знае да се зезне на секои 7 до 10 години и треба да се мења, а јас кога полнам полнам со 100% антифриз... густ како зејтин... подмачување за пумпа, подмачкување за вентили сите, поставување на галванизација (од адитивите во антифризот) по цевките и целиот солар и бојлер...