onak,извини ама мора да ти кажам за твое добро.
со вакво понашање никогаш нема да имаш клиентела.и некој да сакал да фати работа со тебе со ваквиот став и потценувачки однос кон муштерија.....јок братееееее
тоа е однос само за одредени личности, кои се на прсти да ги изброиш, во конкретниов случај за членот кој ме навреди и тоа многу, иако сега во некој од наредните постови кеодговори со прашање дека не сум го навредил, кај сум видел навреда и дека он само постирал... тоа значи дека не се чита сам себеси што пишува, не регистрира кога навредува, едноставно границите на цивилизирано понашање му се изместени.
инаку, имам голема референтна листа на клиенти, на кои дел може и да им се јави некој и да запраша за следниве неколку работи:
-квалитетот на сработено
-пост монтажна грижа на корисници
-брзина на реакција во случај на проблем
-однос со муштерии
пред и по монтажа-и фајнали задоволство на муштеријата од мене и мојата фирма.
-секако, секогаш постои како прашање и ниво на задоволство за платено-добиено
во првите постови од сам старт пишував дека не работам со евтини материјали и уреди. тоа треба да каже нешто, ама да каже на човек кој кога чита такви работи, се интересира за материјата што ја чита од аспект на заинтересираност, а не да бара гачки за да се објаснува и инати со било кого.
што се однесува до една таква мала референтна листа од клиенти ке добие секој кој дошол во канцеларија кај мене, одкако ке увидам дали е сериозен клиент или е џаболебар, а верувај има многу џаболебари, ама па јас и си имам начин како да ги исселектирам лугето и да ги поделам.. до сега скоро 15 години работам и скоро со сите ми успеало да ги проценам, не дека не сум потфрлил, ама мора да се прави таа селекција...
инаку, еве јавно да кажам, дека лугето од кои ке добиат телефон, на кои може даим се јави човек и да ги праша го дозволиле лично тоа, на моја молба. на сите клиенти на крај по завршена монтажа ги прашувам дали ке дозволат од време на време некој да се јави препорачан од мене и да праша за оној список од погоре, да добие информација. да се знае дека постои закон за заштита на клиенти и податоци со нивни информации, меѓу кои како одреден член во законот постои дека фирми и/или поединци несмеат да обелоденуваат податоци за трети лица.. е сега, не е баш вака формулирано ама така е нешто слично.. на крајот на краиштата не сум јас толку влезен во законите, инаку правник ке бев, а не мајстор со клешти, клучеви, папагалки и хилта во раце...
од тука натака, веке нема да дискутирам за нивото на стручност во мојата фирма, мојата лична стручност, квалитетот ЛЕКТОРСКИ на веб сајтот и мојот однос према некои исфрустрирани личности. нема веке да се натегам со никого и едноставно како што прават повекето луге на форумов ке правам и јас.. таквите подбуцнувања едноставно ке ги игнорирам.
е сега...
ако сте сеуште заинтересирани да дискутираме за солари, карактеристики, начин на изведба, податоци, инструменти, мали тајни, финти, искуства, производители, квалитети, монтажи, и било што што е поврзано со солари, може да продолжиме... доколку не може клуч на темава, па дури и да се избрише може... јас да си прашам, не одлучувам.